Контакт

Култура

Два фестивала во рамките на Бит Фест

Објавено пред

Во рамките на битолските културни манифестации е вториот ден од Локум Фест а утре почнува и Поетскиот фестивал Локум Фест кој е фестивал на локумот, традицијата и музиката во Старата битолска чаршија почеток кој ќе почне во 20 часот

dobivaj vesti na viber

Покрај двете манифестации кои го мамат интересот на битолскат публика, во Битола ќе бид епретставена и изложба на арт-фотографија со наслов „Порти“. Исто така, ќе се одржи и саем на автентични ракотворби инспирирани од македонската традиција-гости од повеќе градови од Македонија. Во делот на комерцијалнити презентации, утре во Бтола ќе се случи и модна ревија, а во рамките на музичкиот дел утере, 23 јули, во рамките на вториот ден од Ориентална вечер ќе настапат Калевала, Мassar Egbari band- Alexandria од Египет.Во петок Поетскиот Фестивал „Поетски синтези“ ќе започне на 23 јули во 20,30 часто, во прекрасниот простор во Магаза. Замислен е поетски митинг(поетско читање) од членовите на Друштвото на писателите на Македонија .Во рамките н апоетскито фестивал, во сабота, 24 јули во 10 часот во НУУБ „Свети Климент Охридски“, ќе се одржи симпозиум на тема „Метафоричната синестезија во современата поезија“, на која учество ќе земат  поетите од Фестивалот со свои реферати: Владимир Мартиновски, Вера Стојчевска Антиќ,Јордан Ѓорѓиев, Трајче Кацаров и др.Овој Фестивал е посветен на нашите доајени во македонската поезија од 19 -20 век и значи поврзување на поетската реч од минатото до денес.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Хорот и оркестарот на скопското училиште „Кузман“ освои шест награди во Јесоло, Италија

Објавено пред

Туристичкото место Јесоло во Италија ги отвори вратите за 500 учесници од 12 држави од светот, меѓу кои и избраниците на професорката по музика Вера Ангеловска од ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Кисела Вода. На Светскиот куп во фолклор учесниците настапија во разни дисциплини. Македонските претставници се одлучија за вокално-инструментален ансамбл со хорот и оркестарот, како и соло настапи на пет вокали солисти и еден соло инструмент – гитара.

dobivaj vesti na viber

Старата македонска песна „Учи ме, мајко, карај ме“ беше изборот на Ангеловска за хорот и оркестарот.

Оваа музичка дружина, која брои 49 члена, од кои 39 вокали, осум флејтисти и двајца гитаристи, ја стресе бината. Под диригентската палка на Верче кузмановци блеснаа на отворената сцена, а за комплетен впечаток се погрижи прекрасната кореографија со автентични македонски предмети, како и рецитирањето строфа од македонската љубовна песна „Дениција“.

„Публиката задоволна, жирито исто така. ‘Кузман’ и овој пат ги освои срцата на присутните. Освоеното второ место, пехарот, медалите и дипломите ќе останат да сведочат за овој огромен успех на ООУ ‘Кузман Јосифовски – Питу’. Паричниот ваучер ќе биде само мотив повеќе да се продолжи со работа до следното претставување голем музички настан. Во оваа конкуренција немаше освоено прво место “, велат од училиштето.

За дефилето пред завршната вечер, Македонија беше избрана од страна на организаторот да ја предводи долгата редица натпреварувачи на улиците на Јесоло, па ечеа македонски песни и се вееја македонски знамиња.

Солистите освоија едно прво место, две втори и две трети места, како и една пофалница.

Македонските претставници велат дека добиле и ексклузивна покана за прием кај градоначалникот на Јесоло, Кристофер де Зоти, кој ги поздравил и им посакал уште поголем успех во иднина на музичките таленти од Македонија.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на стихозбирката „Моето алтер его“ од Елеонора Николовска

Објавено пред

Во НУ Центар за култура – Крива Паланка, вечерва (28 мај), со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана стихозбирката „Моето алтер его“ од поетесата Елеонора Николовска, во рамките на манифестацијата „Крива Паланка – град на културата 2024“.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за збирка од 47 лирски песни со посебно изразена живост, преку кои Николовска порачува: „Никој нема совршен живот, но сите имаме совршени моменти“.

Рецензентка на збирката е Силвана Крстовска, а промоторка Ирена Белешковска. Стихови ќе чита поетесата Емилија Колевска, а куриозитет за публиката ќе биде настапот на младата талентирана Нина Николовска, државен првак во соло пеење.

Илустрациите на поетската збирка се креирани од Ана Срока, преку колаж на цветни мотиви што ги разигруваат страниците полни со емоции.

Елеонора Николовска е родена во Крива Паланка. Дипломира на Филолошкиот факултет, а подоцна магистрира менаџмент на човечки ресурси.

Авторка е на збирката поезија „Чекајќи го животот да се случи“, (2021) и збирката раскази „Расказите раскажуваат“ (2023).

Нејзините поетски творби, раскази, сатирични песни, афоризми и други творби се објавени во над 70 збирки, зборници, списанија, антологии на македонската и балканска книжевна сцена.

Прикажи повеќе...

Култура

Патувачката изложба „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ се враќа во Штип

Објавено пред

По успешните претставувања на изложбата од Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ пред прибирливата публика во Софија и пред публиката од разни возрасти во Виница, „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ се враќа во своето почетно место – Штип.

dobivaj vesti na viber

Со отворањето во „Галерија 22“ на НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип, на 28 мај 2024, со почеток од 12 часот, делата од дипломираните и актуелни студенти ќе ја заокружат целта на проектот – афирмација на штипската Ликовна академија во земјата и регионот.

Со проектот се случи првото претставување на квалитетите на високообразовната установа надвор од државата и градот Штип. Проектот создаде пријателства и поврза институции од областа на културата и образованието. Се разменија искуства и се говореше за квалитетот на образованието и ликовната уметност.

Изложбата во Штип ќе биде отворена од страна на деканот на Ликовната академија, проф. д-р Петар Намичев, во присуство на професорите – ликовни уметници, како и во присуство на авторите на изложените дела.

Учесници на изложбата се: Вангел Крстиновски, Бојана Тошевска, Мики Иванов, Миа Ефремова, Крсте Тарабунов, Ивана Ивановска, Дејан Витанов и Александра Јеротиевиќ-Андреева.

Жанровски најзастапена е мртвата природа, а исто така може да се видат и лицата на некои од авторите преку жанрот автопортрет, како и дела што биле дел од специфични задачи од опфатените предмети во Ликовната академија.

Д-р Иво Пецов како куратор на изложбата се погрижи да бидат избрани карактеристичните дела од ареалот на штипската Ликовна академија во согласност со целите на нејзината програма – да образува кадри од областа на класичното сликарство. Изложбата прави своевиден пресек на досегашната работа на Академијата, а изложените дела се од периодот 2019 – 2023 година.

Во образовната програма „Класично сликарство“ студентите од оваа изложба работеле под менторство на разни наставници, и тоа: Викторија Егорова и Игор Егоров од Русија, Лариса Бондаренко и Владимир Недајборшч од Украина, како и македонските професори: Јордан Ефремов, Слободан Милошески, Ванѓа Димитријева-Кузманоска и Јана Јакимовска.

Посетителите на галеријата во НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе имаат можност да ја разгледаат до 10 јуни 2024 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицотакис: Очекувам од новиот премиер изјава дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја

„Очекувам од новиот премиер да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја...

Македонија5 часа

(Видео) Џафери најави дека останува да ја извршува премиерската функција до изборот на новата Влада: Нема да учествувам во работата на Собранието

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, кој е избран и за пратеник во Собранието на Република Северна...

Македонија6 часа

Собранието го доби новиот спикер: Африм Гаши избран за претседател

Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Македонија. Беше изгласан со 76 гласа ,,за”, а ,,против” гласаа само...

Македонија7 часа

Собранието ги верификуваше мандатите на пратениците

Собранието во рамки на конститутивната седница со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни го усвои извештајот на Верификационата комисија...

Македонија7 часа

Силјановска-Давкова: Лентите не се многу големи, сакав да пишува РС Македонија, но немаше место

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова објасни зошто на чествувањето во Ватикан на венецот што беше положен не беше напишано името на државата....

Македонија10 часа

Димитриевски го поддржува Гаши за претседател на Собранието, поделбата на власта и министерските позиции сè уште не ги договорил

Африм Гаши има поддршка од ЗНАМ за претседател на Собранието. Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, пред почетокот на денешната конститутивна...

Македонија10 часа

Апасиев смета дека со Гаши парламентот ќе биде косоваризиран, Мицкоски коментира дека се однесува како џанак

Првиот човек на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, пред конститутивната седница денес ја отфрли можноста да го поддржат изборот на...

Топ10 часа

Во тешка сообраќајна несреќа во Делчевско загина маж

Вчера, во 12.15 часот, во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атарот на село Драмче, Делчевско, се случила сообраќајна...

Македонија11 часа

Земјотрес во Скопје

Во Скопје утрово е регистриран земјотрес. Од Сеизмолошката опсерваторија информираа дека потресот се случил во 10.48 минути, со Рихтерова локална магнитуда...

Македонија11 часа

Пронајдени 1.408 пушки од балканските војни при градежен зафат во Битола

Регионалниот ЦУК Битола известува дека во близина на поранешниот гарнизон во Битола, при изведување градежни земјени работи, пронајдени се 1.408...

Свет14 часа

Шпанија, Ирска и Норвешка, денеска, и официјално ќе ја признаат Палестина

Шпанија, Ирска и Норвешка и официјално ќе ја признаат палестинската држава и покрај бесната реакција на Израел. Повеќе од 140...

Македонија1 ден

На 30 јуни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ

На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30...

Македонија1 ден

Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: злоупотребите со европското знаменце нема да се применуваат, потенцирана европската заложба на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадор на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир....

Македонија1 ден

Гаши седнува во спикерското столче: поради кандидатурата за претседател на Собранието, поднел оставка од функцијата претседател на Алтернатива

На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четвртокот меѓу другото, се разговараше и за кандидатурата на Африм...

Македонија1 ден

Хируршките сали на Клинички остануваат затворени: Системот за воздух мириса и без хаварија, примероци од гасот испратени во Германија  

Лабораторија во Германија ќе утврдува зошто без хаварија во системот се јавува миризба во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран...

Македонија1 ден

Демири на заминување го разреши и директорот на Кардиохиругија: Открив дека 170 пациенти не се внесени во „Мој термин“, за нив нема отпусни писма ни умреници

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Клиниката за кардиохирургија Марјан Шокаровски . Открил дека во Клиниката...

Топ1 ден

Автомобил падна во Крива река, загинаа возачот и сопатничката од Марино

Две лица загинаа вчера во сообраќајна несреќа. Според информациите од МВР, се работи за 75-годишниот Ж.Ј. и неговата сопатничка С.Ј....

Македонија1 ден

Експресниот пат Штип – Кочани нормализиран за сообраќај

Во 10 часот и 40 минути, сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е нормализиран за сообраќај, извести АМСМ. Сообраќајот...

Македонија2 дена

Братот на убиениот пејач на пластичарската улица: Амар ќе биде погребан денеска

Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдија преку социјалните мрежи од неговото...

Македонија2 дена

Извршен увид по пукањето на пластичарската улица во Скопје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид...