Економија
Газпром воведе систем на претплата на гасот за Украина

Рускиот енергетски гигант „Газпром” во 10 часот во понеделникот по московско време(8 по македонско), како што најави го воведе системот за плаќање на однапред договорено количество гас за украинската компанија „Нафтогаз”, откако до рано изутрината (2,30часот) претставниците на руската и украинската страна.
„Решението е донесено поради постојаното неплаќање од страна на ‘Нафтогаз Украина’. Долговите на компанијата за испораките на рускито гас изнесуваат 3,458 милијарди долари, 1,451 милијарди долари за периодот ноември – декември 2013 година, и 3,007 милијарди долари за периодот април – мај 2014 година”, се вели во соопштението на „Газпром”.
Украинската енергетска компанија не платила ниту за јунските испораки на рускиот партнер кој очекуваше уплата од 1,95 милијарди долари до 10 часот по локално време на 16-ти јуни.
„Денеска од 10 часот наутро по московско време, ‘Газпром’ според постојниот договор, на ‘Нафтогаз’ му наложува авансно плаќање за испораките на гас.. од дене украинската компанија ќе го добива само она количество гас за коешто платила”, се наведува во соопштението на руската компанија.
На разговорите во украинската престолнина Киев кои траеја викендов во владата и завршија рано изутрината во понеделникот, претставниците на украинската влада и извршниот директор на „Газпром” Алексеј Милер со посредство на еврокомесарот за енергетика Гинтер Итингер, не успеаја да постигна договор за исплатата на долгот, ниту за цената на природниот гас што Украина го добива од Русија.
Доколку Русија ја прекине испораката на гас за Украина, тоа би можело да ја погоди и Европската унија. Русија обезбедува повеќе од една третиран од потребите од гас на европските потрошувачи, а речиси половината од тоа оди преку украинските гасоводни системи, поради што и Москва се реши да ја заобиколи Украина со изградбата на гасоводот Јужен тек.
Последната руска понуда за цената на гасот изнесуваше 285 долари за 1.000 кубни метри гас, сто долари пониско од моменталната, но Украина тоа го доби. Украина ја посакува цената од 268,5 долари, колку што ја договори соборениот претседател Виктор Јанукович, но минатата седмица предложи како компромисно решени 326 долари во преодниот период додека не се постигне траен договор.
Европскиот комесар за енергетика, Гинтер Итингер на преговорите ноќта кон понеделникот во владата на Украина предложи нов компромисен предлог, но Русија го одби. Итингер предложи Киев да плати милијарда долари веднаш, а остатокот во месечни те рати, додека ценат ана гасот би била 385 долари во зима и околу 300 долари во лето.
„Доколку парите не бидат уплатени, испораката на гас, како што беше најавено претходни, ќе премине на системот на плаќање однапред”, предупреди Итингер веднаш по завршувањето на неуспешните преговори во владата на Украина рано утрото во понеделникот.
На прашањето на новинарите пред објавувањето на одлуката на „Газпром”, што ќе се случи кога ќе истече рокот, украинскиот министер за енергетика Јуриј Продан изјави „Како што знаете, руската страна рече дека, доколку не се плати однапред, ќе воведи рестрикции за испораките на гас”. Запрашан дали Киев ќе се обиде да договори уште еден состанок пред истекот на рокот, Продан изјави дека ништо не е планирано, но дека Украина е подготвена на преговори што е можно поскоро.
Украина сака цена до 286 долари за 1.000 кубни метри гас и да го промени договорот од 2009 година од времето на владата на Јулија Тимошенко, со која Киев се обврзува да купи одредено количество руски гас по цена од 485 долари за 1.000 кубни метри гас, за што беше осудена на седум години затвор од кој беше ослободена откако нејзиниот партиски колега Јаценјук дојде на чело на прозападната влада по зимските безредија со кои беше соборен од власта претседателот Виктор Јанукович.
Во aприл Русија објави дека го повлекува намалувањето на цената на својот гас за Украина постигнат во договор со сега соборениот украински претседател Виктор Јанукович, ланскиот декември. Според тој договор, цената беше намалена за повеќе од третина и се симна на 268 долари за 1.000 кубни метри гас. Така сега со укинувањето на сите договори и попусти, цената на рускиот гас за украинските потрошувачи се зголемува на 485 долари за илјада кубни метри.
Намалувањето на цената на рускиот природен гас од дополнителни 100 долари за Украина беше предвидено со договорот од 2010 година, како дополнителен бонус што Москва покрај 100-те милиони долари годишно ги исплатуваше на својот сосед за користењето на воената поморска база на својата Црноморска флота кај Севастопол на полуостровот Крим до крајот на 2017 година, по што ќе следуваше друг анекс на договорот. Меѓутоа, претежно руското и рускојазично население на овој регион, по промените на власта во Киев, на референдум кон средината на март изгласа присоединување кон Русија.
Европската комисија, чиј комесар во овие преговори беше во улога на посредник, уште на почетокот соопшти дека смета оти Киев би требало да го врати долгото и да плаќа по цена како и за другите европски потрошувачи, околу 380 долари за илјада кубни метри гас.
Привремениот украински премиер Арсениј Јаценјук минатиот четврток ја повика Русија „да го потпише договорот за да не дозволи случајот да дојде пред суд”. Според него, Украина има акумулирано 13,4 милијарди кубни метри газ во своите подземни објекти за резерви. Јаценјук на седница на неговиот кабинет изјави дека за зимскиот период на земјата и’ се неопходни 18,5 милијарди кубни метри гас./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Франција го казни „Шеин“ со 40 милиони евра за лажни попусти

Франција го казни кинескиот онлајн-продавач на облека „Шеин“ со 40 милиони евра за заведување на клиентите со тврдења за попусти.
Од 1 октомври 2022 година до 31 август DGCCRF анализира наводно намалени цени за илјадници производи на француската веб-страница на „Шеин“.
Истрагата откри дека некои цени на платформата биле зголемени непосредно пред попустите или не ги вклучувале претходните попусти, објави регулаторот. Цените на повеќе од половина од анализираните производи, 57 проценти, воопшто не биле намалени, откри DGCCRF, а речиси една петтина од попустите биле помали од рекламираните.
Во 11 проценти од случаите цената била уште повисока, објави DGCCRF. „Шеин“ исто така не успеа да достави докази на својата веб-страница за да ги поткрепи своите тврдења за еколошки свесно работење, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови за 25 проценти.
(Фото: ЕПА)
Економија
(Видео) Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на буџетот, со кој се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците. Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз, обвини пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој додаде дека во време кога земјоделците се соочуваат со драстично зголемени трошоци за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака, власта им го завртува грбот. Наместо поддршка, рече Николовски, добиваат игнорирање.
„Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство“, рече тој.
Николовски додаде дека СДСМ предлага враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите; зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024; интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед; поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица; мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети; враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне и итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.
Николовски кажа дека СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратела од земјоделците туку напротив, интервенирала со дополнителни субвенции, закони и програми.
„Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика“, рече Николовски.
Економија
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и на финансиската стабилност

Гувернерот Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург.
Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.
Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.