Македонија
Зголемена фреквенција на граничните премини

На граничните премини има зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, соопштуваат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се уште важи забраната движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Измената во временските интервали е следната: петок од 17.00 до 22.00 часот, сабота од 09.00 до 18.00 часот и недела од 09.00 до 22.00 часот за сите државни патишта. Оваа забрана се однесува за период од 01.07. до 31.08. секоја тековна година.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11.00 до 17.00 часот.
Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Предлогот за измена во термините е во насока на подобрување на комуникацијата и зголемување на безбедноста на сообраќајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вработените во Македонската филхармонија најавуваат нов протест

Вработените во Македонската филхармонија во понеделник со почеток во 13 часот ќе одржат нов протест пред Министерството за култура и туризам.
„Пред точно една недела добивме ветување од министерот Зоран Љутков дека конкурсот за избор на директор на Македонската филхармонија ќе биде спроведен законски и дека ќе биде избран најдобриот кандитатот кој ги исполнува сите услови пропишани со Законот за култура. Во меѓувреме добивме информации дека конкурсот веќе се спроведува незаконски, и дека по секоја цена се оди кон тоа меѓупартиски договорениот кандидат Мустафа Имери да биде назначен за директор на нашата институција. Имаме информација дека Имери не доставил комплетна документација, иако во конкурсот јасно е назначено дека некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат. Комисијата веќе им дала рок на кандитатите кои не доставиле уредна документација да ги достават потребните документи во рок од три дена. Со тоа се кршат условите пропишани во конкурсот, се со цел да се истера меѓупартискиот договор меѓу ВРЕДИ и ВМРО-ДМНЕ и да се назначи Мустафа Имери за директор на нашата институција“, истакнуваат во соопштението вработените во Македонската филхармонија.
Македонија
Отстранети две обемни диви депонии во скопската општина Чаир

Во текот на вчерашната ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија две обемни диви депонии лоцирани во скопската општина Чаир.
„Активностите се одвиваа на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“ како и на улицата Лазар Трповски“, извести Комунална хигиена-Скопје.
„Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани вкупно 40 кубни метри претежно кабаст и мешан комунален отпад одложени на јавни и сообраќајни површини.
Во текот на 2024 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје во оваа скопска општина отстрани вкупно 2970 кубни метри отпад од диви депонии, што е најголемо количество во однос на сите останати скопски општини. Само во текот на месецот јануари 2025 година, се подигнати и транспортирани 205 кубни метри отпад од диви депонии во општината Чаир“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Започна пролетната дератизација во Карпош

Во тек е редовната пролетна дератизација на околу 5.000 шахти на територија на општина Карпош.
Како дел од рутинските активности за одржување на јавната хигиена претходно, со процесот на дезинфекција, дезинсекција и дератизација беа опфатени сите основни училишта и детски градинки.
Локалната самоуправа ја презема оваа активност секоја година на пролет и есен, како превенција од штетните глодари и инсекти, во насока на одржување на здравата животна средина, информираат од општината.