Економија
Јапонската војна против дефлацијата даде резултат во октомври

Јапонската војна против дефлацијата покажала резултати во октомври кога клучниот показател на инфлацијата го забележал најсилниот раст во последните 15 година, соопштија најновите податоци објавени во петокот во Токио.
Така, индексот цени од кошницата секојдневно потребни продукти кој не ја вклучува свежата храна пораснал во октомври 2013 година за 0,9 отсто во однос на истиот месец претходната 2012 година, што претставува негов најсилен раст последните пет години. Доколку предвид бидат земени колебливите цени на храната и енергијата, цените во октомври пораснале за благи 0,3 отсто, што претставува сепак нивен најголем пораст од август 1998 година.
Цените на електричната енергија скокнале, пак, за 8,2 отсто во рамките на остриот раст на цените на енергијата по катастрофата од нуклеарната централа Фукушима од март 2011 година поради што беа затворени повеќето нуклеарни реактори во земјата. Оттогаш, Јапонија увезува фосилни горива за да го намали недостигот во снабдувањето, што претставува доста скап решение дури и доколку ако се изземе слабеењето на домашната валута, поврзано со радикалното слабеење на јапонската монетарна политика.
Извештајот за инфлацијата во октомври покажува дека сепак амбициозниот цел на централната јапонска банка за инфлацијата во висина од два отсто уште е далеку од остварувањето, а би требало да биде постигнат во рок од две години.
Владата на јапонскиот премиер Шинзо Абе си постави за главна цел совладувањето на дефлацијата и поттикнување на растот на третата според обемот светска економија со мешавина од мерки кои веќе популарно се наречени „абеномија“. Клучната цел на неговата стратегија е да се поттикна јапонските домаќинства, познати по својата штедливост, на поголема потрошувачка, а работодавачите на зголемување на платите.
И додека зголемувањето на платите на јапонските работници засега не се надѕира, одвоените податоци, исто така, објавени во петокот покажуваат дека потрошувачката на домаќинствата во октомври пораснала за 0,9 отсто, пред подигнувањето стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ) за април 2014 година.
Индустриското производство, пак, пораснало во октомври за неочекувано слабите 0,5 отсто, по 1,3-процнетниор раст во септември. Министерството за економија го толкува овој податок во позитивна смисла, констатирајќи дека „индустриското производство и натамо покажува нагорен тренд“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.