Македонија
Познат идентитетот на последните двајца загинати полицајци
Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ се последните двајца загинати полицајци, кои во неделaта им подлегнаа на повредите здобиени по судирот со терористичката група во кумановската Дива населба.
Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ, Горан Стојменовиќ, Жарко Кузмановски и Ненад Серафимовски се имињата на загинатите осум припадници на полициските сили кои дејствуваа против терористичката група од неколку десетици добро вооружени лица.
Покрај загинатите, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се ранети 37 полициски службеници.
На страната на терористичката групацијата, според МВР, досега во објектите од кои тие дејствувале се најдени 14 тела чијашто идентификација е во тек.
Според соопштенија на ткн Ослободителна народна армија (ОНА) испратени до приштинските медиуми, а чија автентичност не е потврдена, се презема одговорноста за нападот во Куманово, а се упатуваат закани дека „нејзините вооружени сили се целосно организирани, способни и со доволно средства за продолжување на борбите“.
Министерството за внатрешни работи претходно објави дека по воочување на групирањето на поголемата група во кумановско, биле добиени оперативни сознанија дека таа има намера да изведе големи терористички напади во урбани средини. На тоа посочува и информацијата за уништен автомобил-бомба од страна на полицијата, откриен во Дива населба.
Според непотврдени сознанија, групата имала намера да изведе напади врз полициски станици во неколку градови во земјата, а се споменуваат како можни цели и најранливите институции, како што се образовни установи, потоа трговски центри и спортски манифестации.
Како водачи на групата се идентификувани Мухамед Красниќи ткн Малишева, Мирсад Ндрецај или командант Нато, Сами Укшини или командант Соколи, Бег Ризај алијас командант Бегу и Дем Шеху алијас командант Јунику. Сите, како што е речено, потекнуваат од Косово, во текот на 2001 година, сите тие се бореле во редовите на герилските групации во Липковскиот региони а се познати како основачи на повеќе терористички групи на поширокиот простор во региони./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Алжир, Абделмаџид Наaмун
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Народна Демократска Република Алжир, со седиште во Букурешт, Абделмаџид Наaмун.
Неговото именување, како што рече претседателката, е уште една потврда за добрите македонско-алжирски односи, втемелени на заемно разбирање и почит.
За неа, посветениот и професионален ангажман на амбасадорот Наамун ќе придонесе кон продлабочување на пријателските и партнерски односи на билатерален и мултилатерален план.
Истакнувајќи дека обете држави имаат богата историја и вредно културно наследство, Сиљановска-Давкова очекува интензивирање на соработката во културата, образованието и туризмот, како и во рамките на ООН и другите меѓународни организации.
На церемонијата, новоименуваниот амбасадор Абделмаџид Наaмун ја истакна својата желба да гради нови мостови на пријателство и меѓусебно разбирање.
Двајцата изразија загриженост за геополитичките предизвици со коишто се соочени сите држави и народи, без оглед на географската положба и големина. Тие ја потенцираа потребата од мултилатерализам како соодветен одговор и механизам за решавање на проблемите.
Сиљановска-Давкова и амбасадорот Наамун се согласија дека донесувањето правна рамка за регулирање на меѓусебните односи, како и размената на посети на највисоко ниво ќе ја поттикат соработката.
Соговорниците имаа усогласен став и во однос на потребата од реформи во Обединетите нации, како и за неопходноста од назначување на жена на највисоката позиција – генерален секретар.
Македонија
Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е значајна победа за правната држава
За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше: дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт. Со оваа оставка се става крај на еден мрачен период, во кој обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот“, вели тој.
Според Петрушевски, оставката е јасен сигнал за крајот на практиките на заштита на поранешната власт на СДС и ДУИ и почеток на процесот на департизација и европеизација на јавнообвинителската дејност.
„Оставката на Коцевски не е персонално, туку единствено системско решение. Ова е јасна порака дека никој не е недопирлив“, вели Петрушевски.
Македонија
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортски клубови
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел.
„Локалната самоуправа секоја година ги поддржува спортските клубови и доделува спортски стипендии на најдобрите спортисти од Бутел. Во општина Бутел се градат спортско-рекреативни центри во секое населено место. Во општина Бутел вредноста на спортот и спортските успеси е најголема“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.
Тој изрази надеж дека финансиска поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали.

