Скопје
Започнува интернационалниот мултикултурен фестивал „Звуците на чаршијата“

Интернационалниот мултикултурен фестивал „Звуците на чаршијата“, почнува во вторник во Старата скопска чаршија.
„Со задоволство го најавувам Интернационалниот мултикултурен фестивал „Звуците на чаршијата“, кој годинава се одржува по 9 пат во Старата скопска чаршија. Нејзините улици на 22 и на 23 септември ќе ги пречекаат сите посетители и ќе им понудат концерти од сите жанрови, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија, перформанси и презентација на стари занаети“, рече на прес конференција во понеделник скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
За реализација на оваа манифестација „Звуците на Чаршијата“, Градот годинава од Буџетот издвои 700.000, 00 денари. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од општините Студеничани, Шуто Оризари и Карпош без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Патишка река, Елово, Црн Врв, Малчиште, викендици Држилово, Краст Јаболце, ХПП Патишка Река, општина Студеничани;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улицата Метохиска, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Бардовци и кај викенд населбата, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен водоводен дефект од ф 2”( цола) на улицата Коста Шахов бр.13 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Коста Шахов, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.
Скопје
Пијани, без појас, без дозвола, полицијата казни 128 возачи во Скопје

Во рамки на засилената сообраќајна контрола што ја спроведоа полициските службеници од СВР Скопје вчера во периодот од 16:00 до 24:00 часот, биле казнети вкупно 128 возачи за различни прекршоци.
Контролата се одвивала на повеќе локации низ градот, а според информациите од Министерството за внатрешни работи, дел од прекршителите биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол, други возеле без возачка дозвола, а голем дел биле казнети и поради неправилно паркирање.
„Забележавме и непочитување на законските одредби поврзани со користење мобилен телефон за време на возење, како и возење без врзан безбедносен појас“, велат од МВР, додавајќи дека во контролата биле вклучени и мотоциклисти, кај кои биле откриени повеќе прекршоци, вклучително и управување без соодветна документација.
Како што информира полицијата за непрописно паркирани има 23 санкции, за возење без возачка дозвола девет мерки, за возење под дејство на алкохол две санкции.
Изречени се осум мерки за користење на мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење на сигурносен појас, пет мерки за управување возило со несоодветна категорија, 15 санкции за возачи на моторцикл, како и други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови. Според МВР целта на овие акции е да се подигне свеста и да се спречат трагични последици на патиштата.