Компании
Неизвесна судбината на Малезија Ерлајнс
Две години по двете воздухопловни несреќи, иднината на воздухопловната компанија Малезија Ерлајнс и натаму е неизвесна.
Губењето на две летала Боинг 777 во 2014 година за само неколку месеци, го поттикна овој превозник кој веќе беше во загуби, да ја бара итно потребната државна помош.Компанијата го намали бројот на персоналот за третина, ги приземји авионите Боинг 777-200 и ги укина помалку профитабилните долги рути.Како резултат на тие напори, и ниските цени на нафтата, групата истакнува дека ќе ја постигне својата цел и повторно ќе оствари добивка во 2018 година, година во која завршува тригодишниот договор на нејзиниот германски шеф Кристоф Милер.Но, некои аналитичари и директори се прашуваат како компанијата, со тесен регионален бизнис модел, ќе им конкурира на регионалните ривали.Тврдат дека Милер и неговиот тим не посветуваат доволно внимание на долгорочната стратегија, особено во светло на острата конкуренција од страна на конкурентите од југоисточна Азија, како што се Сингапур Ерлајнс, Гаруда Индонезија и Ер Азија, посебно ако воздухопловниот превозник продолжи да ги губи пилотите, инженерите и средно рангираните менаџери.Малезија Ерлајнс се бори со високи трошоци и ниски приходи, што беше проблем и пред 2014 година. Проблемите се продлабочија по март истата година, кога летот МН370 исчезна на летот од Куала Лумпур кон Пекинг со 239 патници. Во јули 2014 година, пак, авионот на летот МН17 го собори ракета земја-воздух над Украина, усмртувајќи 298 патници и членови на екипажот.Во декември 2014 година малезискиот државен инвестициски фонд Казанахја презеде контролата над компанијата во рамки на планот за реструктуирање вреден 1,47 милијарди американски долари. На местото извршен директор во мај 2015 година беше доведен 54 годишниот Милер, со искуство на реструктуирање на работењето на ирската воздухопловна компанија Ер Лингус, белгиската Сабена и германската Луфтханза. Некои оперативни промени што ги воведе Милер почнуваат да даваат резултати. Минатата недела компанијата објави податоци кои покажуваат раст на приходите по седиште на километар, мерка на ефикасност на оваа индустрија, за 10 отсто во однос на претходното тромесечје. Но, тоа можеби нема да биде доволно.„Казанах мора да го принуди Кристоф и неговиот тим да направат нешто што ќе ја осигура иднината на воздухопловната компанија и по истекот на неговиот тригодишен договор“, рече еден од раководителите што не е овластен да дава информации.Друг раководител исто повика на повисоки амбиции, критикувајќи ги „прекратките рокови“ во планот на реструктуирање.Минатата недела оваа воздухопловна компанија објави дека нејзиното најново кастрење на цените вклучуваше и повторно преговарање за договорите со лизинг компаниите, намалување на бројот на добавувачи, како и воведување на нов информациски систем.Резовите досега вклучуваа драматично намалување на воздушната мрежа: во последната година компанијата ги откажа сите директни летови кон Европа, освен оние кон Лондон, а укина и неколку азиско-пацифички услуги со ниски приноси.Наместо тоа, се концентрираше на летови со краток и среден дострел кон Азија и Австралија. Потпиша и договор за заеднички летови со воздухопловната компанија Емирејтс, за да им овозможи на своите патници пристап до Европа и Африка преку Дубаи. /крај/хн/ст
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен
БРАКО ќе претстави ново електрично возило од својот бренд Грин Машинс на светскиот саем IFAT, кој следната недела ќе се одржи во Минхен.
Возилото беше развивано две години од страна на инженерскиот тим за развој на БРАКО/Грин Машинс и е сосема ново техничко и функционално решение во програмата за производство на возила за одржување урбана хигиена.
Моделот 720 ZE работи на електричен погон и e со технологија од последната генерација, со вградени мотори во задните тркала и управување на сите четири тркала, поголем контејнерски простор, широка кабина за две лица, 360⁰ камера и оптимизиран начин на чистење.
Се очекува новиот модел да отвори уште повеќе пазари во светот, каде се бараат возила за одржување хигиена од овој габарит и перформанси.
Моделот 720 ZE беше најавен како концепт на саемот IFAT во 2022 гoдина и тимот за развој планираше да го развие во следните две години, во што и успеа и создаде возило кое е целосно замислено, проектирано и произведено во погоните на БРАКО.
Возилото во завршна фаза беше претставено пред гостите на прославата на 20-годишнината на Феро Инвест и БРАКО пред шест месеци, а сега во Германија ќе ја доживее својата светска промоција.
(ПР)
Економија
SEAT S.A. постигна историски рекордни финансиски резултати благодарение на двоцифрениот раст и ефикасноста на SEAT и успехот на CUPRA
“Кога станува збор за SEAT, ви ветувам дека најдоброто допрва доаѓа“
SEAT S.A. постигна историски рекордни финансиски резултати, благодарение на двоцифрениот раст и ефикасноста на SEAT и успехот на CUPRA
· Оперативната добивка на SEAT S.A. достигна рекордни 625 милиони евра, повратот од продажба достигна 4,4%, а прометот за минатата година се зголеми на 14,3 милијарди евра
· Нова инвестиција во брендот SEAT се новите освежувања на Ibiza и Arona, како и подобрувањето на Leon и Ateca
· Во 2024 година е планирано лансирањето на CUPRA Tavascan и CUPRA Terramar
SEAT S.A. ги претстави своите резултати за 2023 година заедно со својата стратегија за претстојните години. Минатата година, според Меѓународните сметководствени правила (МСФИ), оперативната добивка достигна рекордни 625 милиони евра, зголемувајќи се за 592 милиони евра (2022: 33 милиони евра). Ова претставува подобрување на повратот на продажбата од 4,1 процентен поен, од 0,3% на позитивни 4,4%. Годишниот промет исто така достигна историски 14,333 милијарди евра, 31,0% повеќе од 2022 година (10,941 милијарди). Овие резултати ја потврдуваат силата на компанијата и успехот на нејзината постојана стратегија за трансформација.
„Зад себе оставаме година во која SEAT S.A. ги објави најдобрите финансиски резултати во својата 73-годишна историја, осигурувајќи се дека нашата компанија продолжува на својот пат кон попрофитабилна иднина“, рече Вејн Грифитс, извршен директор на SEAT и CUPRA. „2023 година беше година на огромни контрасти за автомобилската индустрија, како и за нашата компанија, бидејќи продолживме да се движиме низ морето на несигурност додека ја претрпевме најголемата трансформација во нашата историја“.
„Во 2023 година, SEAT S.A. направи голем чекор на своето патување на трансформација: имавме за цел да направиме значително подобрување и тоа е она што успеавме да го направиме. Постигнавме рекорди на сите времиња во промет, оперативна добивка и оперативен готовински тек. Ова совршено ги одразува позитивните ефекти од растот на обемот на марката CUPRA и обновувањето на обемот на марката SEAT, како и важноста на напредокот што го постигнавме со нашата програма за подобрување на перформансите“, рече Дејвид Пауелс, потпретседател за финансии и ИТ во SEAT. С.А.
ИНВЕСТИЦИИ ВО БРЕНДОТ НА SEAT
Гледајќи во иднината, SEAT S.A. ја има поставено вистинската стратегија за да го одржи профитабилниот раст на компанијата. Брендот SEAT ќе игра клучна улога во ова и компанијата ќе лансира подобрени plug-in хибридни и штедливи автомобили на SEAT.
Arona и Ibiza ќе добијат подобрување во 2025 година, а во следните месеци, марката ќе лансира нова и подобрена верзија на SEAT Leon, со технички и технолошки надградби. Понатаму, Ateca ќе биде подобрен и неговиот животен циклус ќе се продолжи.
„Го враќаме брендот SEAT таму каде што припаѓа, продолжувајќи го двоцифрениот раст од минатата година со нови инвестиции во брендот и неговите модели. Исто така, разгледуваме што можеме да испорачаме во електричниот свет под брендот SEAT. Кога станува збор за SEAT, ви ветувам дека најдоброто допрва доаѓа“, додаде Вејн Грифитс.
(ПР)
Економија
„Зегин онлајн“ е најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина за 2023 година
Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија вчеравечер се одржа Ecommerce Awards, избор на најдобрите во македонската е-трговија.
Компанијата Зегин со е-продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои првото место во категоријата „Најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина“, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.
Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкурентноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци.
„Оваа награда, трета по ред претстаува уште еден доказ за успешноста на работењето на онлајн продавницата на Зегин- www.zegin.com.mk и е одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина. Ви благодариме за лојалноста и довербата!“, велат од компанијата за наградата.
Манифестација за доделување на македонските Награди за е-трговија за 2023 година – E-commerce Awards, се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци.
(ПР)