Економија
Македонија и Франција ќе ја јакнат економската соработка
Стопанската комора на Македонија и Амбасадата на Франција во Македонија започнаа иницијатива за зголемување на економската и трговската соработка помеѓу двете држави, за која е оценето дека не е на потребното ниво.
За таа цел во понеделникот во Скопје се одржа состанок на кој присуствуваа претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, француската амбасадорка Лоренс Оер, група бизнисмени и тим од соработници од Амбасадата. Притоа беше констатирано дека постои простор за зголемување на соработката, а претставници на неколку македонски компании искажаа сериозен интерес за настап на францускиот пазар.„Економската соработка не е на ниво на можностите, простор за унапредување на соработката има, особено што франција преставува една од најзначајните економии на светот“, оцени Азески.Според него, позитивната инвестициона клима штоп владее во македонија со поголема стратешка промоција може да привлече француски инвеститори.Тој информираше дека во изминатите 10 години од Франција во Македонија влегле 140 милиони евра инвестиции, а трговската размена во наведениот период бележи осцилации, со што Македонија од 2006 година остварува конитуирано дефицит во размената со Франција. Најголем дефицит е забележан во 2011 година, од 105 милиони долари.„Иако во 2013 година имаме раст на извозот од 20,9 отсто , сепак не можеме да бидеме задоволни, бидејќи дефицитот е висок изнесува 69,1 милиони долари“, рече Азески, додавајќи дека македонија лани во Франција извезла производи и услуги во вредност од околу 25 милиони долари, а увезла во вредност од 69 милиони долари.Кон унапредување на соработката меѓу двете држави Азески го подвлече скорешното воспоставување на директна авионска врска помеѓу Скопје и Париз, која треба да профункционира во април.Француската амбасадорка Оер, која пропатувал многу во светот, истакна дека како потрошувач во Македонија наишла на одредени уникатни производи, за кои смета дека би можеле да се пробијат на францускиот пазар.Таа ги повика македонските компании кои се заинтересирани за пронаоѓање на француски партнер да се обратат до амбасадата.Претставници на неколку македонските компании изразија потреба од соработка со партнери од Франција, а некои од нив побараа поддршка за пласман на нивните производи на францускиот пазар.Викторија Џингоска Мицеска од „Микросам“ од Прилеп побара посредување во контакти со производители на авиони и вселенски летала, со оглед дека нивното производство е ориентирано на таа индустрија. Атанас Киров, генерален директор на фабриката за производство и трговија на крзно и крзнени производи „Димко Митрев“, го спомена фактот дека велешката компанија извезува на европскиот пазар, освен во Франција, а е заинтересиран за контакти со производители на сурова кожа, но и со тамошни увозници на производи од крзно. Савка Димитрова од „Европа“ од Скопје побара овозможување контакт со големите трговски синџири од оваа земја и ја наведе можноста за производство под трговска марка бидејќи може да гарантира квалитет. Бобан Тодоровски од „Стил кон“ од Куманово, компанија од областа на метало-преработувачката индустрија, истакна дека се подготвени за соработка со француски компании во производството на челични конструкции, особено за настап на трети пазари. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За мерката Самовработување се издвоени 2,5 милијарди денари, кажа Мицкоски
Самовработувањето е многу важна мерка и во Буџетот се издвоени средства коишто се од износ отприлика 2,5 милијарди денари, или околу 40 милиони евра, што е за 7,5 милиони повеќе од минатата година. И ова е историски највисока поддршка којашто до сега се случила, кажа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната седница за поставување на пратенички прашања.
Премиерот Мицкоски истакна дека Оперативниот план за самовработување е доказ дека државата инвестира во младите.
„Со овој план во 2025 година ќе бидат опфатени нешто повеќе од 16.500 лица. Нешто што мислам дека е најголем опфат до сега и јасен доказ дека државата практично инвестира во луѓето, а посебно во младите“, рече Мицкоски.
„До пред една недела издадени се вкупно 2.916 ваучери за изработка на бизнис план и дел од тие ги промовиравме во Владата. Оценети се 2.681, при што 1.140 се за млади до 29 години, 912 за лица над 29 години, а 629 за правни субјекти регистрирани како друштва со ограничена одговорност. Во моментот повеќе од 2.500 лица веќе се во процес на потпишување договори. Финансиската поддршка е значително зголемена: 7.000 евра за лица над 29 години или 14.000 евра ако се здружат во ДОО, и 10.000 евра за млади до 29 години или 20.000 евра ако се здружат во ДОО“, нагласи Мицкоски и додаде дека ова е нешто коешто за прв пат се случува во Македонија.
„Морам да кажам дека ги изненади и нашите очекувања и во годините коишто следат очекувам поддршката којашто е дел од овој Оперативен план за самовработување само да се зголемува, бидејќи ако ние со 40 милиони евра успеавме да анимираме повеќе од 16.500 луѓе, тоа е сериозна бројка и убеден сум дека од тие бизниси ќе излезат многу бизниси старт-ап коишто понатаму ќе донесат додадена вредност во македонската економија“, дециден е Мицкоски.
„Ваква поддршка за младите немало. Генерално зборувам, реконструкција на студентските домови, ваучерите за студентите за електронски уред и кога сето ова ќе се земе во предвид, ценам дека како Влада правиме нешто коешто до сега никој не го направил во независна Македонија за младите“, објасни Мицкоски.
Економија
Божиновска: ЕБОР останува еден од нашите најважни партнери во енергетскиот сектор
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која беше потврден силниот заеднички фокус кон унапредување на енергетската инфраструктура и забрзување на реформските процеси во земјата.
На средбите се разговараше за неколку стратешки проекти што ќе започнат во следната година, меѓу кои и проектот за батериски енергетски систем со капацитет од 300 MWh.
„ЕБОР останува еден од нашите најважни партнери во енергетскиот сектор. На средбата се усогласивме околу финализацијата на неколку стратешки проекти важни за 2026 година, меѓу кои и проектот за батериски енергетски систем на ЕСМ со вкупен капацитет од 300 MWh. Овој проект е клучен за стабилноста и флексибилноста на електроенергетскиот систем,“ истакна Божиновска.
На средбата се разговараше и за следните чекори во подготовката за воведување на ESCO-моделот во земјата. Двете страни ги разгледаа можните области за пилот-проекти и моделот на институционална соработка што ќе обезбеди несметана имплементација.
„ESCO-моделот е нова можност за граѓаните, институциите и целиот систем – модел кој дава реални резултати. Нашата цел е да создадеме јасна рамка, предвидливи процедури и подготвеност за негово постепено воведување,“ додаде министерката.
Министерството за енергетика и ЕБОР договорија во наредниот период да продолжат со заедничка техничка подготовка, со јасен фокус кон обезбедување услови за брза и успешна реализација на проектите што директно ќе ја зајакнат енергетската сигурност на земјата.
Економија
Со цена повисока од претходната до „ЕВН Хоме“ стасала само понудата на ЕСМ за набавка на струја
ЕВН Хоме соопшти дека на тендерот за набавка на струја за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-декември 2026 добиле само една понуда и тоа од АД ЕСМ, со купопродажна цена на електрична енергија од 65 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини.
„Оваа цена е повисока за 4,84 % од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јуни-декември 2025), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 62 евра за мегаватчас.
Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри.
Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција“.

