Македонија
Анкетната не може да проработи без Никола Груевски
Анкетната комисија за прислушувањето не може да проработи без претходно да биде сослушан Никола Груевски, кој своето присуство го најави за 14 декември.
Членовите на комисијата од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, најавија дека на утрешната седница, во петок, беспредметно е да присуствуваат затоа што ќе нема што да се работи.Имено, на седницата во четврток, на дневен ред беше сослушување на Мартин Протугер, шеф на кабинетот на премиерот, и на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, но откако пратениците членови на комисијата, процедурално се скараа за дневниот ред, беше предложен и усвоен дневен ред со 11 гласа „За“ и 4 „против“ без воздржани на денешната седница да се предложат работни групи за посета на институции инволвирани во скандалот.Но, по паузата од речиси еден час, претседателот на Комисијата, Петре Шилегов, ја одложи оваа седница за 16 декември, што претходно пред почетокот на седницата тој и го најави. Од неговата постапка се изнервира пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ која му забележа дека не дал збор на никој, туку само ја одложил седницата, и побара од него повторно, да побара од институциите кои веќе спровеле внатрешна истрага за случајот со прислужување, да и ги достави тие извештаи, за според тие документи да формираат прашања за сведоците. Кавгата продожи и во ходникот пред салата на Собранието каде се одржуваше седницата, по што Шилегов и Павле Саздов од ВМРО-ДПМНЕ дадоа изјави.„Пратеницитите од ВМРО-ДПМНЕ одлучија да го сменат дневниот ред, без глед на тоа што таа седница е предвидена во планот за работа на Комисијата на 16 декември. Очигледен е фактот дека некој не може да се соочи со Анкетната комисијаво смисол на содржината на прислушуваните разговори. Денеска, требаше да бидат присутни тука Протугер и Ставрески и да разговараме за она што целата јавност го слушна, а тоа е за фрлањето луѓе во ендеци и за местењето избори во Охрид на пример кога беше Протугер во прашање. Или за чоколадите на Ставрески или за стан купен на определено суштество или определени други низи на факти којшто беа предочени пред целокупната јавност. Анкетната комисија не може да биде и нема да биде партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе работиме согласно деловникот, и согласно тој деловник утре очекуваме да се одржи седница или ќе направиме обид да се одржи седница за сослушување на Сашо Мијалнков и во понеделник на Гордана Јанкулоска“, рече Шилегов.Додаде дека ќе го проследат и барањето на ВМРО-ДПМНЕ да биде сослушан Никола Груевски во понеделник. Тој не очекува во петок да се појави планираниот сведок, поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков. На новинарско прашање зошто не продолжија по изгласаниот дневен ред, па така 16 декември ќе останеше ден за сослушување, Шилегов рече дека „очигледно за да не го јадат вчерашниот срам за непојавувањето на сведокот се обидоа да го сменат текот на денешната седница со воведување на дневен ред за седница која јавно пред почетокот ја најавив. Не, денеска беше денот за сослушување на Мартин Протугер и Зоран Ставрески, меѓутоа некој одбра да го смени дневниот ред, а тие одбраа да не се појават“. „Нашиот прв сведок, повикан од листата на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Никола Груевски, ќе дојде и ќе сведочи пред оваа комисија на 14 декември, согласно деловникот почнуваме со него а редоследот на другите сведоци ќе биде по неговото сведочење“, рече Павле Саздов од ВМРО-ДПМНЕ.Појасни дека од Шилегов бараат да се обрати до оние институции коишто се инволвирани во овој скандал да побара официјални извештаи од нивна страна каде се веќе усвоени интерните истраги за да може врз основа на овие документи да поставуваат прашања на сведоците, што не им било уважено.Инаку, според Планот за работа на Комисијата се предвидува сослушување сведоци да се одвива во периодот од 7 декември до 22 јануари, а роковите од 9 до 15 декември за прва група сведоци се рокови кои Шилегов сам си ги дал, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ. На новинарско прашање зошто Протугер избегал од денешното сведочење, Саздов рече: „Мартин Протугер не избега од денешното сослушување. Не можеше да дојде бидејќи нема утврден дневен ред. Ќе дојде кога ќе му дојде ред по Никола Груевски. Така се договорија пратеничките групи“.Појасни дека ако на пример Груевски поради обврски не можел да дојде до 25 ти, никој друг нема да дојде.„Така е согласно деловникот. Ако дојдат, во ред, ако не, ќе констатираме дека не дошле“, рече Саздов. Тој немаше информации за другите функционери од ВМРО-ДПМНЕ, покрај Груевски и Ставрески кои доставија кога можат да се појават, дали ќе дојдат да сведочат пед комисијата или не.Инаку, за прашањето за поседување безбедносни сертификати, доколку сведоците откриваат доверливи информации при сведочењето, само двајца членови на комисијата немаат, и Шилегов ги упати до службите да прашаат до каде е процедурата, а информираше дека и Собранието има технички персонал кој поседува безбедносни сертификати и очекува листа следните денови./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Коцевски: Ако градоначалникот Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби во јавните претпријатија нека пријави
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, е надлежен тоа да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителство.
„Во однос на изјавите на градоначалникот, ќе кажам дека тој како градоначалник, доколку има докази и е надлежен, тоа може да го пријави на надлежните органи – МВР, и да ги достави тие документи евентуално во Јавното обвинителство. И досега Обвинителството така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму. Ако има злоупотреби, стоиме на располагање“, изјави Коцевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски претходно на социјалните мрежи објави дека во скопските јавни претпријатија се отпуштени 500 лица кои со месеци или години не доаѓале на работа, и дека нема да има толеранција за такви случаи.
Дополнително во телевизиско гостување, Ѓорѓиевски објасни дека до него пристигнале документи кои укажуваат на можни незаконитости во работењето на повеќе претпријатија.
Македонија
Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители
Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува следната недела, на 19 ноември.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација.
„Во судница обвинението ќе го застапуваат истите обвинители што беа и досега, но најверојатно ќе ангажираме уште неколку, за да не се одолговлекува постапката. Од наша страна сме целосно подготвени и екипирани“, изјави Коцевски, додавајќи дека вчера се одржал координациски состанок во Јавното обвинителство.
Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, генерален секретар и двајца поранешни министри за економија. Првообвинети се тројцата одговорни лица и сопственици на фирмата чија подружница бил кабарето „Пулс“.
Покрај главниот предмет, се води и посебна истрага против 13 полицајци поврзани со случајот, која се одвива побавно поради одложени сослушувања на сведоци. Одлуката од Јавното обвинителство се очекува на почетокот на декември.
Во Основното јавно обвинителство Кочани се води и предистражна постапка против службеници на Управата за јавни приходи.
Македонија
Утре делови од Шуто Оризари без вода за пиење
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Шуто Оризари)

