Македонија
Адвокатите на Заев: Барањето за техничка влада е чисто политичко, а не загрозување на безбедноста
Неиздржано обвинение во коешто нема никакви докази за кривичните дела, осомничени кои се товарат за комуникација со странски служби, а не е се знае со кои странски служби, политички барања кои се оквалификувани како обид за загрозување на Уставниот поредок на земјата и безбедноста на државата, се дел од приговорите на адвокатите на обвинетите во случајот „Пуч“, во којшто осомничен е и лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.
Адвокатот на Заев и на другите обвинети, Филип Медарски, повеќе од еден час пред Советот за оцена на обвинителниот акт за случајот „Пуч“ образложуваше зошто обвинението против осомничените, според него, е неиздржано и Советот треба да го одбие.На јавната седница не присуствуваше лидерот на СДСМ, кој, како што објаснија адвокатите, не можел да дојде „поради службени обврски“.Во овој случај единствено Заев кој е четвртоосомничен, од вкупно петмина осомничени, не е во притвор, а се товари за обид за насилство спрема претставници на највисоките државни органи. Според обвинението, Заев делувал со намера да го загрози Уставниот поредок и безбедноста на државата. Барањето за формирање на техничка влада, според Медарски, е чисто политичко барање на опозицијата и со ништо не го загрозува државниот поредок.„Дали барањето за промената на составот на Владата и формирање техничка влада и барањето за предвремени парламентарни избори значи загрозување на Уставниот поредок и безбедноста на државата? Од осамостојувањето на Македонија се одржале повеќе парламентарни избори и имало техничка влада, и тоа не значело загрозување на Уставниот поредок. Се работи за чисто политичко барање на опозицијата“, рече Медарски.Заканите дека доколку не се формира техничка влада Заев ќе објави компромитирачки материјали за премиерот Никола Груевски, според Медарски, не може да се квалификуваат како сериозни закани, бидејќи вакви закани во политиката „се користат постојано“, и не била употребена никаква сила кон лицето кон кое била упатена заканата. „Овие политички барања не се упатувани кон Никола Груевски како премиер, туку како лидер на владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ“, рече Медарски.Тој побара да се издвојат доказите обезбедени преку Посебни истражни мерки, односно следењето на комуникациите на осомничениот Заев, како и разговорите и комуникацијата меѓу осомничениот и Заев како и снимките од разговорите меѓу Заев и Груевски, во Кабинетот на премиерот коишто беа објавени јавно.Според Медарски, Заев бил незаконски прислушуван бидејќи за прислушувањето немало наредба од судија од Врховниот суд. Според Законот, како што објасни Медарски, за вакво кривично дело наредба за следење на комуникациите треба да побара Министерот за внатрешни работи или лице овластено од него. Тоа барање се поднесува до Јавното обвинителство, а за следењето, наредба треба да даде судија од Врховниот суд. Според Медарски, ваква наредба за Заев не постоела. Првоосомничен во случајот „Пуч“ е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски кој се товари за неовластено прислушување и тонско снимање, шпионажа и за помагање во насилство спрема претставници од највисоки државни органи.Според обвинението, Звонко Костовски, вработен во Министерството за внатрешни работи, кој се спогоди со обвинителството и е веќе осуден за ова дело, по барање на Ѓорѓи Лазаревски, техничар во УБК и Верушевски, вметнувал телефонски броеви на повеќе лица во постоечкиот систем за следење на комуникациите. „Звонко Костовски немал фактичка можност за внесување на телефонски броеви без системот да алармира за тоа. Дали во системот има трага за вметнувањето на броевите. Што бил предметот на тоа прислушување, колку лица биле неовластено прислушувани?“, праша Медарски кој тврди дека за овие прашања во обвинението нема никаков доказ. Во обвинението, кое го товари Верушевски за шпионажа, според Медарски, нема наведено дали податоците требало да бидат предадени на странска држава, организација или лице од странска држава и за која земја конкретно станува збор. „Тоа е исто како да се подигне обвинение за убиство, а во обвинението да нема кое е лицето кое било лишено од живот“, рече Медарски. Податоците и документите на Верушевски коишто се предмет на обвинение, според Медарски не се тајни и се јавно достапни. Сопругата на Верушевски, Соња Верушевска е обвинета за помагање при шпионажа, односно дека му ги преведувала на англиски документите на сопругот, додека петтообвинетиот Бранко Палифров, вработен во општина Струмица е обвинет за помагање при кривичното дело насилство спрема највисоките државни органи.Обвинителот Златко Биковски, пак, побара Советот да го одобри обвинението, бидејќи според него, постојат доволно докази од коишто може да се донесе осудителна пресуда на за обвинетите.
Судот има дополнителен рок да допнесе одлука, дали ќе го прифати обвинението и ќе закаже судење или ќе го отфрли обвинителниот акт.Опозицијата веќе неколку месеци со ред објавува аудио снимки од разговори за коишто тврди дека се на функционери на власта, и според опозицијата, го докажуваат криминалот на власта.Заев, пак, е обвинет дека со овие снимки пред нивното објавување го уценувал премиерот Никола Груевски да се формира преодна влада, доколку сака да не бидат објавени снимките во јавноста./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од корисниците на Центар утре без вода
Дел од корисниците на Центар, поради дефект, утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 13.11.2025 година, четврток, поради уличен дефект на ул. 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица,вклучително и објектот на Амбасадата на Италија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Центар)“, информира РЦУК.
Македонија
Гаши на средба со постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбија.
На средбата се разговараше за тековната и идната соработка меѓу Собранието и Канцеларијата на ОН во Северна Македонија, со акцент на улогата на законодавниот дом во процесите поврзани со одржливиот развој, човековите права и доброто владеење.
Претседателот Гаши изрази задоволство од реализирањето на средбата и ја истакна досегашната плодна соработка со Канцеларијата на постојаната координаторка, која, како што нагласи, значително придонесува за унапредување на транспарентноста и отчетноста на институциите.
Постојаната координаторка Колумбија ја поздрави иницијативата и ја потенцираше поддршката на системот на Обединетите нации за активностите на Собранието поврзани со спроведувањето на договорите и проектите што се реализираат во партнерство со агенциите на ОН. Таа нагласи дека во иднина акцентот ќе биде ставен на заедничките напори за унапредување на образованието, создавање подобри услови за лицата со попреченост, промовирање на родовата еднаквост и понатамошно јакнење на улогата на жените во општеството и во парламентот.
На крајот од средбата, претседателот Гаши изрази благодарност до системот на Обединетите нации во Република Северна Македонија за нивните активности и поддршка во областите на доброто владеење, социјалната инклузија, заштитата на животната средина, климатските промени, вработувањето и рамномерниот регионален развој, како и за досегашната конструктивна соработка со Собранието и неговите работни тела.
Македонија
Министерство за здравство со Светска банка ќе работи на реформи на примарната здравствена заштита и унапредување на здравствените политики
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работен состанок со регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Шаошинг Ју, на која беа потенцирани приоритетите на Министерството за унапредување на јавното здравство.
„Министерството за здравство е институционално мобилизирано и посветено на темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита, вклучувајќи и интеграција на моделот на долготрајна нега. Овие два сегментa ќе бидат надополнети и со дигитализација како фундаментален и сеопфатен процес на реформа на здравствениот систем“, рече министерот Алиу.
Целта на овие реформи е да се унапредат здравствените политики, да се подобри пристапот до здравствени услуги поблиску до местото на живеење, како и да се зајакне превентивната здравствена заштита.
На состанокот се разговараше околу можностите Светска банка да овозможи аналитичка, техничка и финансиска поддршка за овие процеси.

