Забава
Откриена нова тајна за Сикстинската капела

Пронајдена e анатомска скица на големиот уметник Микеланџело Буонароти на кој работел во периодот од 1508-1512 година
Фасцинантните ликови на жени и мажи и нивните тела се доволен доказ за тоа колку тој ја познавал човечката анатомија. Познато е дека Микеланџело сецирал трупови и учел од нив како и Леонардо Да Винчи, но за разлика од него, Микеланџело ги уништил сите цртежи и белешки кој се поврзани со неговите истражувања.Во списанието Neurosurgery, двајца американски стручњаци за неуроанатомија, Иан Сук и Фараел Тамарго од Џон Хопкински медицинскиот факултет во Балтимор, тврдат дека во ватиканската капела се откриени анатомски илустрации кој Микеланџело толку вешто ги сокрил што до ден денеска останале незабележани, не само од тогашниот папа Јулиј втори туку и од милиони други верници, историчари и љубители на уметноста 500 години до денес.Го проучувале вратот и брадата на Бог на сликата каде што одделува светлина и го создава универзумот. Повеќето историчари светлината ја сметаа за чудна, но анализата на Сук и Тамараго вели дека не постои никаква загатка, односно тој дел од сликата претставува совршена скица на човечкиот мозок.„Со самиот факт дека Микеланџело бил длабоко религиозен и одличен анатомичар, со оваа сцена сакал да го истакне и презентира своето познавање од анатомијата при тоа заткривајќи детални неуроанатомски скици во ликот на Бога“, изјавија докторите.Исто така веруваат дека вертикалната бразда и парчињата на фигурата претставуваат рбетен столб, додека во останатите се крие буквата „Y“-илустрација на очен нерв. Ова не е прв пат да се пронајдат необични анатомски форми во Сикстинската палата. Во 1990 г. лекарот Френк Мешбергер, проучувајки ја сликата со сцената каде Бог го создава Адам пронашол совршена илустрација на пресек на човечкиот мозок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.