Македонија
Здружението Клуб на генерали: Иванов да ја повлече одлуката за аболиција

Претседателот и ВК на АРМ да ја повлече одлуката за помилување – аболиција и на тој начин да придонесе за стабилизирање и подобрување на севкупните состојби, порача Здружението Клуб на генерали.
„Цениме, дека со донесената одлука не е постигната целта за смирување на кризата во сите општествени сегменти која предолго трае. Напротив, во изминатите денови, донесувањето на одлуката, предизвика влошување на состојбите кои за последици можат да имаат понатамошно влошување на безбедносната состојба“, се вели во соопштението. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: Трагедијата бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени

Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени, велат од Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Според нив, власта со сите сили се обидува да ги заштити своите и да го пренасочи вниманието на јавноста кон други, наместо да обезбеди транспарентност и одговорност.
„Овој селективен и неправеден пристап не само што ја поткопува довербата на граѓаните во институциите, туку и го загрозува самиот процес на правда. Ние нема да влеземе во замката на политика на обвинувања и поделби. За нас, правдата не може да се дели на „наши“ и „нивни“ – таа мора да биде еднаква за сите“, велат од ДУИ.
Партијата ги повика институциите да останат надвор од секое влијание и да обезбедат транспарентен, праведен и непристрасен процес.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Струмица

Земјотрес е почувствуван попладнево во Струмица, во 18 часот и 33 минути.
Според информацијата на сеизмолошката опсерваторија, потресот е со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината.
Македонија
„Халкбанк“ донира 50.000 евра за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

„Халкбанк“ со донација од 50.000 евра уплатени кон наменскиот фонд од Црвен крст на Македонија, дава поддршка за семејствата на загинатите и повредените.
„Бескрајно жалиме за трагичната загуба на младите животи во Кочани… А нашите мисли се и со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување и сила во овие тешки моменти“, напиша банката на нејзината „Фејсбук“ страна.