Забава
Македонското гравче за Гинисов рекорд

Рано наутро, најпознатиот македонски готвач Љупчо Гиевски почна да вари 3450 литри гравче со сланина, во штипското село Сарчиево
Гравчето за кое се потребни 326 килограми грав, 2610 литри вода, 98 килограми сланина, 33 килограми кромид и големи количества зачини, ќе може да го дегустираат околу 10.000 души.„Ова го сметам за најголем предизвик во кариерата.“, рече за Макфакс Гиевски кој со години готви за најпознатите имиња во хотелот Александар Палас. Гравот се вари во огромен котел од четири тони, а се очекува да биде сварен околу 13 часот.За судењето ќе се погрижи судиката на светскиот Гинисов рекорд Тарика Вара од Англија.Досегашниот Гинисов рекорд на варење грав го држат студенти од САД, кои свариле 1,2 тони грав.Од Македонија, градот Прилеп е запишан во Гинисовата книга на рекорди, по бројот на подготвени посни сарми.На денешниот голем верски празник Св. Петка во Сарчиево ќе биде осветена првата летна црква „Св.Петка“, донација на бизнисменот Стојан Давчев со потекло од Сарчиево кој е и организатор на „Соборувањето на Гинисовиот рекорд за најголем котел зготвен грав.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Ријана обожава да привлекува внимание, дури и во поодмината бременост

Познатата пејачка Ријана го очекува своето трето дете, но тоа не ја спречува сè уште да биде една од најсексапилните жени на јавната сцена.
Иако во последно време изненадува повеќе со провокативни фотографии за промоција на својата колекција, Ријана е сè уште една од омилените пејачки.
Овој пат, папараците ги фотографираа неа и нејзиниот партнер на пат кон ноќен клуб во Париз. Тие се потрудија да ги усогласат своите екстравагантни модни комбинации, а пејачката, во поодмината бременост, предизвика вистинска возбуда.
Ријана носеше црн фустан, кој има прорезови по целата должина, па затоа нејзината долна облека беше целосно видлива, како и нејзиниот труднички стомак.
Овој пар привлекува внимание на секој чекор, а Ријана покажа и во претходните бремености дека тоа воопшто не ја спречува да биде најпровокативната и најекстравагантна жена.
Забава
(Видео) Јелена Розга има нова песна – премиерно пред македонската публика ќе ја отпее во Охрид на 29 јули

Во прекрасниот парк на Галеријата „Мештровиќ“, на една од најубавите сцени на Медитеранот, викендов се одржа третиот по ред „Мелодии на Јадранот“, а најочекуваниот настап беше оној на Јелена Розга. Не е изненадување со оглед на фактот дека претходните две фестивалски изданија ги донесоа едни од најубавите балади на Јелена, „Иди ти“ и сега веќе легендарната „Лавица“, една од најизведуваните песни во изминатата година.
Најновата „Зачарани круг“, создадена како уште еден успешен плод на тандемот Вјекослава и Тончи Хуљиќ, аранжирана од Лео Шкаро, ги освои срцата на сите присутни уште при првото слушање, а храброста и нежноста на жената испеана од силниот вокал на Јелена ни овој пат не оставија никого рамнодушен. Розга уште еднаш ја оправда титулата една од најголемите регионални музички ѕвезди.
„Посебна чест ми беше да пеам пред моите луѓе од Сплит, но и на овој простор и во ваква средина. Она што сега го очекувам е да ја гледам песната како расте во срцата на мојата публика, а потоа со нив да го споделам микрофонот. Тој маѓепсан круг на размена на енергија и љубов помеѓу мене и мојата публика сепак е нешто најубаво“, вели Јелена, која „Зачарани круг“ премиерно пред македонската публика ќе ја отпее на сцената на охридскиот Антички театар на 29 јули.
„Едвај чекам да дојде 29 јули. Возбудена сум, морници ме лазат кога ќе помислам дека ќе стојам на таа сцена. Многупати сум била во Охрид, но овој пат ќе биде посебно. Прекрасен град, магична локација. Кога првпат го видов театарот, знаев – еден ден морам тука да настапам и еве тој ден доаѓа“, рече Розга при неодамнешната посета на Скопје.
Инаку, настапот на Јелена Розга во Античкиот театар во Охрид се најавува како концерт на летото – симфониски спектакл под отворено небо, исполнет со најголемите балади и енергичните хитови што ја одбележаа нејзината кариера. Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со емоции, страст и беспрекорен настап во придружба на гудачки оркестар каков што само таа умее да понуди.
Забава
Почнете го денот со овие видови чај за детоксикација

Многу луѓе денот го почнуваат со кафе, но според нутриционистите и другите експерти за исхрана, постојат чаеви што можат да имаат подалекусежни ефекти – не само врз енергијата, туку и врз здравјето на желудникот и чувството на леснотија.
Некои билни чаеви ја стимулираат природната детоксикација на телото, го намалуваат задржувањето на течности и надуеноста, што заедно придонесува за рамен стомак.
Експертите за исхрана советуваат ваквите чаеви да се пијат на празен стомак за нивниот ефект да биде што е можно посилен и побрз. Важно е да се нагласи дека овие пијалоци не се чудотворци, но можат да бидат одличен додаток на здравите навики и балансираната исхрана.
Подолу се наведени трите најпрепорачани утрински чаеви за детоксикација и рамен стомак:
Зелен чај
Зелениот чај е богат со антиоксиданси, особено катехини, кои помагаат во забрзувањето на метаболизмот и согорувањето на мастите. Исто така, има благ диуретичен ефект, па може да помогне во намалувањето на задржувањето на водата и чувството на надуеност. Нутриционистите често го препорачуваат како замена за утринското кафе бидејќи обезбедува постепена енергија, без ненадејни скокови и падови. Редовното консумирање може да придонесе за помал струк и подобро варење. Најдобро е да се пие без шеќер и ароми, во што е можно поприродна форма.
Чај од ѓумбир
Ѓумбирот е познат по своите антиинфламаторни и дигестивни ефекти, а како утрински пијалок може да ја намали надуеноста и да ја забрза работата на цревата. Свежиот или сушен чај од ѓумбир ја стимулира циркулацијата и го загрева телото, што дополнително може да го забрза метаболизмот. Некои експерти го истакнуваат неговиот потенцијал за регулирање на нивото на шеќер во крвта, што може да помогне во контролата на апетитот во текот на денот. Покрај тоа, неговиот благо зачинет вкус е природно возбудлив. Може да се пие самостојно или со додавање лимон.
Чај од глуварче
Глуварчето е познато како природен диуретик кој го стимулира излачувањето на токсините преку бубрезите. Неговиот корен е особено поврзан со поддршка на функцијата на црниот дроб – клучен орган за детоксикација. Наутро, може да му помогне на телото да се „прочисти“ по ноќните метаболички процеси, а во исто време да ја намали надуеноста и задржувањето на течности.