Забава
Остатоците на ближните ќе се фрлаат во канализација
Бидејќи веќе нема простор за традиционален закоп, а кремирањето загадувало, станува се попопуларна т.н. ресомација, односно хемиското уништување на остатоците од починатите
Како што пишува британскиот дневен весник Daily Mail, белгиските власти имаат намера да го прифатат овој метод на хемиско растопување на починатите. Овој бизарен предлог во однос на традиционалниот начин на погребување на починатите, дошол како резултат на недостигот од простор за погребување и грижата за околината, бидејќи при кремирањето на телото во атмосферата се испуштаат дури 259 килограми јаглероден диоксид. Со овој процес на (resomation) „ресомација“ односно со хемиски речник кажано специфична хемиска хидролиза телата при голем притисок и висока температура од околу 180 степени Целзиусови се обработуваат со калиумов хидроскид во комора од челик. Зголемената температура и притисокот ги доведуваат остатоците до состојба слична на кремирањето, па остануваат само коските кои се уништуваат, а целиот процес трае два до три часа, објаснуваат стручњаците. Во текот на процесот телото се става во свилена вреќа, а потоа во метален кафез и во челичната апаратура наречена ресоматар. Челичниот цилиндар се полни со мешавина од вода и калиумов хидрокси. Резултат е мало количество на зелено-сива течност која содржи аминокиселини, пертиди, шеќери, соли и меки остатоци од коски кои потoа се мелат. Белата пепел тогаш може да се даде на семејството на починатиот. Течноста може да биде рециклирана и да се врати во еко-системот употребувајќи се во меморијалните градини или едноставно да се испушти во канализацијата. Инаку, зборот „ресомација“ (resomаtion) е изведен од старогрчкиот збор „resoma“ што се толкува како – повторно раѓање на човековото тело. Во САД, пет сојузни држави веќе ги усвоија законите кои дозволуваат ресомација што ја изведува шкотска компанија која ја развила оваа технологија, од која велат дека иако и пепелта може да се рециклира во текот на „санацијата на отпадот“, таа може како остаток од покојникот да се стави во урна која ќе ја чува како и по кремирањето неговото семејство. Како што најавуваат, ваква апаратура нарачале и сојузните американски држави Флорида и Минесота, како и Торонто во Канада. Resomation Ltd е компанијата која го нуди овој начин на „погребување“, а е основана во Глазгов во 2007 г. Во моментот таа води преговори со Велика Британија за да може да започне со работа и на нејзината територија. Нејзиното раководство на интернет-страницата на компанијата обајви дека овој начин станал вообичаена практика во повеќе држави во светот. Санди Саливен кој е оснивач на компанијата нагласува дека ресомацијата дава нов инвентивен начин на пристап на погребувањето како чин, а се употребува помалку енергија и во атмосферата се испуштаат многу помалку од гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, што е случај при кремирањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

