Македонија
Косовската полиција добила информации за напади на ИСИС во Косово и во Македонија

Косовската полиција добила информации дека блиски луѓе на лидерот на Албанците, кои се во Исламската држава, Лавдерим Мухаџери, дале наредби за терористички напади на џихадистите во Македонија и во Косово, и тоа во Скопје и во Приштина.
Албанската новинаска агенција Balkanweb, која се повикува на агенцијата Lajm.net, која обезбедила соопштение во кое се дава наредби на косовската полиција да преземе активности за да одговори на овие закани.
Се наведува дека едно лице од Македонија, инаку познато на полицијата, кое во моментот е во Сирија и се наоѓа во воените зони на Сирија и на Ирак, контактирал со негови соработници, за во јуни да има напади во Македонија и во Косово. Со терористичките напади, се додава во информацијата, во Скопје и во Приштина треба да се создадаат што поголеми материјални и човечки загуби.
На 22-ри мај според вештачење на видео поставено на итнернет страниците коишто ги користат џихадистите, медиумите објавија дека човекот со брада, кој со базука убива сириски зарибеник, е косовскиот Албанец по име Лавдeрим Мухаџери, кој се наоѓа на потерница на Интерпол.
Името на Лавдерим Мухаџери беше споменувано во светските медиуми уште во август минатата 2014 година, кога беше наведено дека Муџахери, кој стана познат откако на интернет објави фотографии на егзекуција момченце во Сирија, бил сменет од местото командант на албанските борци кои се борат на страната на џихадистите. На негово место бил поставен извесен Ридван Хакифи.
Според порталот Ummeta, близок на радикалните исламистички групи во БиХ и на Балканот, во редовите на џихадистите на Исламската држава во Ирак и во Сирија се борат неколку стотини доброволци од Балканот, вклучително и околу 150 Албанци./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.
Македонија
Задутре времен застој на ГП „Делчево“ заради градежни работи

Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ ја информира јавноста дека задутре ГП и ГН „Делчево“, односно од бугарска страна ГКПП „Станке Лисичково“ целосно ќе бидат затворени за секаков сообраќај во периодот од 08:00 до 14:00 часот.
Причина за тоа, според официјалното известување добиено од бугарските гранични полициски служби, се градежните работи на патната делница кај ГКПП „Станке Лисичково“. По завршувањето на работите сообраќајот и функционирањето на граничните премини ќе продолжи непречено да се одвива.
Македонија
Апел за поддршка: Помогнете на ранливите граѓани да аплицираат за субвенција за струја

Инженери на Република Македонија упатија апел до јавноста за помош на ранливите категории граѓани во процесот на аплицирање за финансиска поддршка од Министерството за енергетика. Станува збор за јавен оглас за субвенција од 1.000 денари месечно на сметката за електрична енергија, кој важи 12 месеци.
Апелот е насочен кон инженери, техничари, информатичари и сите граѓани што се снаоѓаат со институционални постапки, да им помогнат на лица со интелектуална или телесна попреченост, целосна слепост или глувост, лица во социјален ризик и сиромаштија, кои се соочуваат со бариери при собирање на документи, пополнување формулари и поднесување на пријави.
Постапката за аплицирање вклучува преземање формулари од www.energy.gov.mk, фотокопирање документи, обезбедување на нотарска изјава и испраќање на пријавата по пошта во затворен плик. Рокот за пријавување е 30 дена од денот на објавата на јавниот оглас.
Според Државниот завод за статистика, над 38.000 домаќинства примаат гарантирана минимална помош, но само околу 4.000 домаќинства ја користат оваа субвенција. Останатите над 90 отсто не аплицираат, најчесто поради технички пречки, а не поради неисполнување на условите.