Регион
Челниците на Србија и Хрватска потпишаа Декларација за унапредување на односите

Целодневната средба на хрватската премиерка Колинда Грабар-Китаровиќ и српскиот премиер Александар Вучиќ, во текот на која во понеделникот престојуваа и во Хрватска и во Србија, заврши во Суботица со потпишувањето на Декларацијата за унапредување на односите и решавањето на отворените прашања меѓу двете земји.
Двајцата челници ја започнаа средбата во хрватски Даљ каде се сретнаа со тамошното српско малцинство, а попладнето ја продолжија во српското место Таванкут, каде што разговара со претставниците на војводинските Хрвати.
Средбата меѓу Грабар-Китаровиќ и Вучиќ заврши во Суботица со разговори зад затворени врати и потпишување на Декларацијата.
Во шесте точки се наведува дека ќе е забрза билатералната заштита на малцинствата, потоа „активно ќе им се пристапи на подготовките на државните комисии за прашањата за сукцесијата“ од 2001 година.
Се планира потрага за исчезнатите лица која ќе стане приоритетно хуманитарно прашање. Во петтата точка, пак се истакнува подготвеноста за координирано дејствување против тероризмот и справување со мигрантската криза, како во заеднички развојни и прекугранични проекти.
Зборувајќи за неодамнешните проблеми во врска со српското отворање на Поглавјето 23 во преговорите со ЕУ, хрватската претседателка рече дека Загреб нема намера да го блокира Белград на неговиот пат кон Европската убија, туку дека сака да ја види во ЕУ, како и дека верува дека таквата ситуација нема да се повтори./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.