Економија
Франција порача дека е партнер за разговор за дефицитот на ЕУ
Франција за темпото на намалувањето на дефицитот ќе разговара со Европската унија, порача во четвртокот новиот министер за финанси Мишел Сапен, упатувајќи со оваа изјава индиректна порака до Германија
Во својот прв јавен настап откако официјално беше именуван на функцијата министер за финансии на Франција, втората економија според обемот во 18-члената еврозона, Мишел Сапен истакна дека ќе соработува со Европската комисија за да „изнајде пат кој е од заеднички интерес”. Брисел инаку веќе во два наврата го продолжуваше рокот во кој Франција мора да го намали прекумерниот дефицит пропишан за Европската унија. Париз вети дека ќе го намали од минатогодишните 4,3 отсто на 3 процента во следната 2015 година, согласно обврската од европскиот Пакт за стабилност и раст.
„Не може една земја да им зборува на другите што треба да прават (…) Европа ќе биде подобра кога на Франција ќе и’ биде подобро”, изјави, како што коментира AFP, Сапен со борбен тон, јасно алудирајќи на Германија.
Сапен на министерската должност го замени Пјер Московиси, во рамките на реконструкцијата на владиниот кабинет на социјалистичката влада на францускиот претседател Франсоа Оланд, по лошите резултати од тамошните локални избори минатата во неделата. Владата има проблеми со кастрењето на буџетскиот дефицит во услови на стагнација на економскиот раст и зголемувањето на невработеноста, што социјалистите коишто ја предводат ги прави непопуларни кај избирачите, а претседателот Оланд со најнискиот рејтинг во историјата.
Новиот министер за финансии нагласува дека Франција нема да се повлече од настојувањето, меѓутоа во првото јавно обраќање не наведе никакви термини, забележува уште агенцијата. „Ќе ги оствариме целите кои се остварени”, повторил неколкупати.
Буџетскиот кусока на Франција во 2013 година 4,3 отсто од бруто домашниот производ (БДП), покажаа официјалните податоци објавени на почетокот од седмицава. Со ЕУ беше договорено, инаку, тој да изнесува 4,1 отсто. Париз мора, исто така, да ја намали потрошувачката за 30 милијарди евра поради финансиското оптоварување на работодавците. Дополнителните 20 до 25 милијарди евра мора да се заштедат да се исполни зацртаното намалување на буџетскиот дефицит во согласност со прописите на ЕУ. Со тоа, неопходните француски заштеди се искачуваат на вкупни околу 50 милијарди евра.
На скоро одржаниот неформален состанок на министрите за финансии на еврозоната во Атина, европските функционери и’ сигнализираа на Франција дека не би требало да очекува попустливост во поглед на зацртаните цели, откако францускиот претседател Франсоа Оланд истакна дека телата на ЕУ при анализата на дефицитот мора да ги земат предвид преземените структурни реформи.
Челникот на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната (еврогрупата). Холандскиот министер Јероен Дијселблом потсети, пак, на обврските што ги презема Франција. „Во целост се согласувам со претседателот на Франција дека во интерес на Европа е да има силна Франција. Но, Франција мора да и исполни своите обврски коишто произлегуваат од Пактот за стабилност и раст”, изјави Дијселблом во Атина.
„Важно е Франција да преземе одлучни мерки за да ја осигури одржливоста на јавните финансии и да ги реши тесните грала за конкурентност и раст. Траба да се потсети дека рокот за намалувањето на францускиот дефицит е пролонгиран веќе двапати”, порача еврокомесарот за економски работи Оли Рен на истата средба./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За мерката Самовработување се издвоени 2,5 милијарди денари, кажа Мицкоски
Самовработувањето е многу важна мерка и во Буџетот се издвоени средства коишто се од износ отприлика 2,5 милијарди денари, или околу 40 милиони евра, што е за 7,5 милиони повеќе од минатата година. И ова е историски највисока поддршка којашто до сега се случила, кажа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната седница за поставување на пратенички прашања.
Премиерот Мицкоски истакна дека Оперативниот план за самовработување е доказ дека државата инвестира во младите.
„Со овој план во 2025 година ќе бидат опфатени нешто повеќе од 16.500 лица. Нешто што мислам дека е најголем опфат до сега и јасен доказ дека државата практично инвестира во луѓето, а посебно во младите“, рече Мицкоски.
„До пред една недела издадени се вкупно 2.916 ваучери за изработка на бизнис план и дел од тие ги промовиравме во Владата. Оценети се 2.681, при што 1.140 се за млади до 29 години, 912 за лица над 29 години, а 629 за правни субјекти регистрирани како друштва со ограничена одговорност. Во моментот повеќе од 2.500 лица веќе се во процес на потпишување договори. Финансиската поддршка е значително зголемена: 7.000 евра за лица над 29 години или 14.000 евра ако се здружат во ДОО, и 10.000 евра за млади до 29 години или 20.000 евра ако се здружат во ДОО“, нагласи Мицкоски и додаде дека ова е нешто коешто за прв пат се случува во Македонија.
„Морам да кажам дека ги изненади и нашите очекувања и во годините коишто следат очекувам поддршката којашто е дел од овој Оперативен план за самовработување само да се зголемува, бидејќи ако ние со 40 милиони евра успеавме да анимираме повеќе од 16.500 луѓе, тоа е сериозна бројка и убеден сум дека од тие бизниси ќе излезат многу бизниси старт-ап коишто понатаму ќе донесат додадена вредност во македонската економија“, дециден е Мицкоски.
„Ваква поддршка за младите немало. Генерално зборувам, реконструкција на студентските домови, ваучерите за студентите за електронски уред и кога сето ова ќе се земе во предвид, ценам дека како Влада правиме нешто коешто до сега никој не го направил во независна Македонија за младите“, објасни Мицкоски.
Економија
Божиновска: ЕБОР останува еден од нашите најважни партнери во енергетскиот сектор
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која беше потврден силниот заеднички фокус кон унапредување на енергетската инфраструктура и забрзување на реформските процеси во земјата.
На средбите се разговараше за неколку стратешки проекти што ќе започнат во следната година, меѓу кои и проектот за батериски енергетски систем со капацитет од 300 MWh.
„ЕБОР останува еден од нашите најважни партнери во енергетскиот сектор. На средбата се усогласивме околу финализацијата на неколку стратешки проекти важни за 2026 година, меѓу кои и проектот за батериски енергетски систем на ЕСМ со вкупен капацитет од 300 MWh. Овој проект е клучен за стабилноста и флексибилноста на електроенергетскиот систем,“ истакна Божиновска.
На средбата се разговараше и за следните чекори во подготовката за воведување на ESCO-моделот во земјата. Двете страни ги разгледаа можните области за пилот-проекти и моделот на институционална соработка што ќе обезбеди несметана имплементација.
„ESCO-моделот е нова можност за граѓаните, институциите и целиот систем – модел кој дава реални резултати. Нашата цел е да создадеме јасна рамка, предвидливи процедури и подготвеност за негово постепено воведување,“ додаде министерката.
Министерството за енергетика и ЕБОР договорија во наредниот период да продолжат со заедничка техничка подготовка, со јасен фокус кон обезбедување услови за брза и успешна реализација на проектите што директно ќе ја зајакнат енергетската сигурност на земјата.
Економија
Со цена повисока од претходната до „ЕВН Хоме“ стасала само понудата на ЕСМ за набавка на струја
ЕВН Хоме соопшти дека на тендерот за набавка на струја за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-декември 2026 добиле само една понуда и тоа од АД ЕСМ, со купопродажна цена на електрична енергија од 65 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини.
„Оваа цена е повисока за 4,84 % од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јуни-декември 2025), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 62 евра за мегаватчас.
Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри.
Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција“.

