Економија
Десет најмоќни деловни жени во светот

Најмоќна деловна жена во светот е Мери Бара, директорка на компанијата „General Motors“, објави магазинот „Fortune“.
Педесет и двегодишната Бара е надредена на 212.000 работници на шест континенти и е прва на листата на 50 најмоќни деловни жени во светот.
На листата на магазинот најбројни се жени кои доаѓаат од САД, а најмоќна деловна жена која е надвор од Америка е директорката на енергетската мултинационална компанија „Petrobрas“, Бразилката Мариа дас Грацас Силва Фостер, 60, која се наоѓа на четвртото место.
Најмлада меѓу највлијателните дами од светот на бизнисот е Мариса Мајер која има 37 години, а е претседател и генерален директор на „Yahoo“ и се наоѓа на 14. позиција.
Во продолжение листата на десетте најмоќни деловни жени во светот:
1. Мери Бара – General Motors2. Џини Ромети – IBM3. Индра Нуји – PepsiCo4. Мариа дас Грацас Силва Фостер – Petrobras5. Елен Кулман – DuPont6. Ајрин Росенфилд – Mondelez International7. Мерилин Хусон – Lockheed Martin8. Мег Витман – Hewlett Packard9. Патриша Вортц – Archer Daniels Midland10. Гејл Кели – Westpac
крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.