Македонија
Oблачно и потопло со повремен дожд

Oблачно и потопло со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога се очекуваат пообилни врнежи. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 6 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 7 до 13 степени.Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 3 и дневна до 7 степени.Во текот на ноќта кон четврток ќе има обилни врнежи од дожд (локално над 30 л/м2). На највисоките планини врнежите ќе бидат од снег, но во текот на ноќта и во утринските часови снежната граница ќе се спушти и до 1000 м.н.в. Во четврток во текот на денот ќе дува умерен, на места засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на облачноста, престанок на врнежите и опаѓање на дневната температура. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Алиу најави реформа на Мој Термин – побрз, поедноставен и подостапен систем

Министерот за здравство, Азир Алиу денес имаше работна средба со директорот на Управата за електронско здравство, Фикрет Шабани, на која се разговараше за предизвиците во функционирањето на системот Мој Термин и новините кои се планирани во оваа област.
-Системот Мој Термин е едно од местата каде што нашите граѓани најмногу ја чувствуваат потребата од брза, достапна, правична и транспарентна услуга. Еден од нашите приоритети е реформа на Мој Термин, со цел креирање поедноставен, побрз и подостапен систем. Правиме платформа што не создава бариери, туку отвора врати, што функционира во реално време и им дава на граѓаните сигурност дека се приоритет, изјави министерот Алиу.
Тој посочи дека многу скоро оваа промена граѓаните ќе ја почувствуваат не само на екраните, туку и во нивното секојдневие.
Македонија
Голем пожар во Желино, од ЦУК велат поради ветерот и тешкиот терен има ризик да се прошири

Во општина Желино избувна пожар кој се движи во правец на Еребино, зафаќајќи сува вегетација и нискостеблеста шума, информираат од Центарот за управување со кризи.
Како што кажаа од ЦУК, пожарот поради ветерот и тежок терен има ризик да се прошири, но на терен веднаш се ангажирани сите расположливи сили и средства.
На терен активно дејствуваат:
– 1 армиски хеликоптер
– 1 полициски камион МАН со цистерна од 8 тони и воден топ
– 2 теренски возила пинцгауер
– 1 хермелин
– 30 припадници на Армијата
– екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита
– пожарникари од ТППЕ Тетово.
Во 16:00 часот ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС за воздушна поддршка, велат од ЦУК.
Оттаму додаваат дека постои основано сомнение дека пожарот е предизвикан од човечки фактор, односно подметнат.
Од АМСМ соопштија дека регионалниот пат Тетово – Скопје на потег од Добарски надвозник до бенз. пумпа Џезо Петрол е затворен за сообраќај, а сообраќајот се пренасочува по Автопат ТЕ-СК-ТЕ кај с Групчин и с. Желино
Македонија
ЦУК: До 14 часот се евидентирани вкупно 11 пожари на отворен простор, 6 се активни

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на денешниот ден, заклучно со 14 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои: 6 се активни, 3 се под контрола, а 3 се изгаснати.
Активни пожари:
Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума)
Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Велес – кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума); поради силен ветер, пожарот повторно е активиран, со краци во неколку правци
Општина Сарај – до Обиколницата (сува трева)
Општина Желино – се шири кон Тетовско Еребино (сува вегетација и грмушки)
Пожари под контрола:
Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)
Општина Демир Хисар – Градска депонија (депонија)
Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
Изгаснати пожари:
Општина Охрид – с. Лескоец (запалена плевна)
Општина Штип – с. Аргулица (деградирана ниска вегетација)
Општина Липково – с. Виштица (деградирана шума)