Македонија
Договорена активна регистрација во Избирачкиот список?
Активна регистрација на гласачите во Избирачкиот список договорена е на работната група, составена од претставници на четирите најголеми партии во земјава, за спроведување на договорот од Пржино, се дознава неофицијално.
Имено, по средбата во среда, на која беше повикан и претседателот на граѓанската организација МОСТ, Дарко Алексов за да го презентира предлогот за активна регистрација на гласачите, било договорено за прочистување на списокот да се преземе токму тој модел, па секој полнолетен граѓанин со оставање на отпечаток од прст да се регистрира во списокот, што би било и законск обврска.„Бевме само повикани да ги презентираме нашите ставови околу активната регистрација. Нашата улога е консултативна. Кога завршивме со презентацијата, ја напуштивме средбата“, изјави Дарко Алексов, претседател на МОСТ.Во четврток, средбата е закажана за 15 часот кога би требало да се затвори делот за избирачкиот список, ингеренциите на ДИК и гласањето на дијаспората.На петочната средба треба да се разговара и за конкретен предлог на специјалниот јаен обвинител, чија надлежност се прислушуваните снимки на разговори на високи државни функционери, објавувани од опозицијата во минатиов период.Сепак, претставниците на четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА се уште се далеку околу договрот за надлежностите на специјалниот јавен обвинител, а несогласувањате се околу законската рамка за работата на специјалниот јавен обвинител.Имено, СДСМ бара законски измени или нов закон, а ВМРО-ДПМНЕ смета дека постоечката законска регулатива дава можности за нормално, самостојно функционирање на овој обвинител. За ВМРО-ДПМНЕ, Законот за јавните обвинители предвидува можност за формирање специјализирани одделенија за следење и откривање на криминалитетот со посебна стручна служба. За СДСМ ова е неприфатливо затоа што тоа би значело дека тој ќе работи под ракводство на јавниот обвинител Марко Зврлевски. СДСМ сака да се донесе посебен закон како гаранција за независноста на работата на специјалниот обвинител.Се очекува на средбата во петок да има конкретни предлози за правното регулирање на работата на специјалниот јавен обвинител чија задача треба да биде испитување на сите случаи во прислушуваните, објавени и необјавени, разговори за кои СДСМ поднесе кривични пријави./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

