Контакт

Забава

Најчудните ресторани во светот

Објавено пред

Вкусот на храната зависи од зачините, мајсторската подготовка, како и естетскиот изглед на храната, но архитектонскиот додаток е токму она што совршеното јадење ќе го донесе на многу повисоко ниво.

dobivaj vesti na viber

Вкусот на храната зависи од зачините, мајсторската подготовка, како и естетскиот изглед на храната, но архитектонскиот додаток е токму она што совршеното јадење ќе го донесе на многу повисоко ниво. Доколку сте заинтересирани за некое ново искуство, може да ги посетите следните неверојатни локации. “Quick-n-Quirky” – овој ресторан се заснива на спирали и во целост автоматизиран систем на шини. Храната автоматски преку тој систем пристигнува до гостите. Ресторан на дрво – овој ресторан се наоѓа на шест метри над земјата. Гостите до него можат да дојдат само со лифт. Малдивски морски спектакл – Малдивскиот ресторан нуди хипнотички поглед на океанот. Ресторанот чини пет милиони долари и претставува вистинско богатство лоцирано на пет метри длабочина во Индискиот океан. Цените во ресторанот, исто така, се неверојатни – 120 долари ручек, 250 долари вечера. Но и покрај ваквите цени, некои сметаат дека за ова доживување вреди да “заглавите“ на картичката. Архипелаг дизајн – Францускиот дизајнер Матали Красе дошол на идеја да креира впечатлив ресторан, кој нуди модерна интерпретација на архипелаг со неколку зони за ручање. Се наоѓа во срцето на шопинг центарот “Каб 3000“, во градот Сен Лорен де Вар. Ресторан меѓу облаците – доколку се плашите од височина, подобро би било да не го посетувате овој ресторан. Креиран од една белгиска компанија, подвижен и на посетителите им нуди секој пат различен поглед. Цената за посета на овој ресторан изнесува 30 илјади долари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Лејди Гага се појави на свадбата на нејзината сестра и ги подгреа гласините за бременост

Објавено пред

Пејачката Лејди Гага се појави на свадбата на нејзината сестра Натали Германота и започнаа гласините дека е бремена, пишува „Дејли Мејл“.

dobivaj vesti na viber

Лејди Гага уживаше во свадбата на својата сестра со партнерот Мајкл Полански, а поради фотографиите до кои дојде „The Sun“, фановите претпоставуваат дека пејачката е бремена.

Популарната музичарка е во врска со 46-годишниот претприемач Мајкл Полански повеќе од четири години, а големиот дијамантски прстен на нејзината рака навести дека Гага е свршена и подготвена да влезе во брачните води.

„Таа им кажува на своите пријатели дека сака да помине низ неколку проекти и потоа да се фокусира на смирување“, изјави извор претходно за „Entertainment Tonight“.

Во 2020 година, музичарката призна дека имала желба да стане мајка.

„Ќе кажам дека сум многу возбудена што имам деца. Со нетрпение очекувам да станам мајка. Зарем не е неверојатно што можеме да направиме? Можеме да имаме човек во нас и да го растеме. Потоа мораме да го одржиме во живот“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Забава

Илон Маск се соочува со бурни реакции поради ажурирањето на политиката за содржина на X за возрасни

Објавено пред

Икс на Илон Маск, поранешен „Твитер“, ја ажурираше својата политика за да дозволи, како што ја нарекува, „консензуално произведена и дистрибуирана“ содржина за возрасни на платформата, потег што предизвика критики на социјалните мрежи дека ќе му наштети на корисничкото искуство, пишуваат американските медиуми.

dobivaj vesti na viber

На X платформата стои „ние веруваме дека корисниците треба да можат да создаваат, дистрибуираат и консумираат материјал поврзан со сексуални теми сè додека е консензуално произведен и дистрибуиран“.

„Веруваме во автономијата на возрасните да се вклучат и да создаваат содржини што ги одразуваат нивните сопствени верувања, желби и искуства, вклучително и оние поврзани со сексуалноста. Ја балансираме оваа слобода со ограничување на изложеноста на содржини за возрасни за децата или возрасни корисници кои одлучуваат да не ја гледаат та содржина“.

Овој потег предизвика некои критики за платформата, вклучително и за самиот X.

„Мразам да го кажам тоа, но тој некако ја уништи оваа платформа. Ја претвора во ‘само фанови’. Дури се нарекува и X“, објави Касандра Мекдоналд, мислејќи на Маск, на платформата.

„Само фанови“ е платформа базирана на претплата каде што корисниците можат да објавуваат содржини за возрасни што ги споделуваат со претплатниците.

Платформата истакна дека ќе ја ограничи содржината за возрасни со предупредување пред корисниците да можат да пристапат до неа. Тоа ќе бара оние кои објавуваат на платформата да ги променат своите поставки за да дозволат такви предупредувања.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Адел се расправаше со лице од публиката поради Парадата: „Дали си глупав?“

Објавено пред

Британската пејачка Адел јасно стави до знаење дека на нејзините концерти не се толерираат коментари со омраза.

dobivaj vesti na viber

Имено, за време на викендот, добитничката на Греми со вулгарност одговори на една личност од публиката која според видеото објавено на социјалните мрежи, за време на нејзиниот концерт извикувала погрдни зборови за Парадата.

„Извинете, дали дојдовте на мојот концерт само да кажете дека „Прајдот е с*ање“, налутено праша Адел. „Дали си глупав? „Не биди толку смешен“, рече таа.

Публиката аплаудираше и ја бодреше Адел, а таа продолжи: „Ако немаш ништо убаво да кажеш, ќути. Добро?”.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Стоилковски: ЈО наводно истражува заговор во Хирургија, а власта и директорите си прават средби и се договараат

„Сведочиме за последните политички „купи ден-продај“ зафати на СДС-ДУИ. Километарски редици за чекање операции, хирургија е во колапс, а мора...

Македонија3 часа

Лога со писмо ја известил меѓународната заедница за најавите за ,,упад” од парламентарното мнозинство врз правосудниот систем

Министерот за правда Кренар Лога испратил писма до Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, до амбасадите на САД, Германија ,...

Свет4 часа

Украина: Прекрасно изгоре, уништивме ракетен систем во Русија со западно оружје

Украинските власти соопштија дека вчера успешно го погодиле рускиот ракетен систем „С-300“ користејќи оружје испорачано од Запад. Системот бил лоциран...

Свет4 часа

Америка: Единственото нешто што спречува итно примирје е Хамас

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, рече дека предлогот за прекин на огнот во Газа што го претстави американскиот претседател...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Стани Цаци, Јово грант, доктор тендер корона Филипче – нема кандидат за претседател на СДС што не е поврзан со криминал

„Иднината на партијата која и ја даде Македонија на тацна на ДУИ се состои во доктор тендер корона Филипче, стани...

Македонија4 часа

Американскиот амбасадор во Бугарија за македонско-бугарското прашање: „Не поддржуваме дијалог што промовира дискриминација, омраза или непријателство“

„Ние не поддржуваме дијалог што промовира дискриминација, омраза или непријателство, покажана од која било земја кон соседните земји или заедници...

Регион5 часа

Осомничениот за убиството на малата Данка денеска пред обвинител: реши да го прекине молчењето и да се произнесе

Осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ (2), Срѓан Јанковиќ, кој се бранеше со молчење два месеца, реши да се...

Економија23 часа

Нови цени на бензинот и дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Економија23 часа

Новиот газда на „Еуроникел“ на вработените им нуди минимални плати: Ако не потпишете ќе увеземе работници од Косово

Новите газди на кавадаречки „Еуроникел индустри“ на досегашните вработени кои останаа без работа им понудиле договори за вработување со минимални...

Македонија23 часа

Филипче се кандидира за претседател на СДСМ: „Мојата цел е да ја обновиме и повторно да ја подигнеме партијата“

Ексминистерот за здравство, Венко Филипче, објави дека одлучил да се кандидира за претседател на СДСМ, на претстојните внатрепартиски избори. Тој...

Свет1 ден

(Видео) Апокалиптични сцени од Германија: обилните дождови предизвикаа големи поплави, за еден ден паднал дожд колку за цел месец

Состојбата со поплавите во јужна Германија и понатаму е напната. Германската метеоролошка служба повторно предупреди на обилни врнежи од дожд....

Македонија1 ден

Вјолца Бериша ќе раководи со Министерството за земјоделство до изборот на нов министер

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека со верификацијата на претеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот...

Македонија1 ден

ДС: Брза промена на надлежностите на некои министерства, за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата

Демократскиот сојуз смета дека промената на надлежностите на некои министерства и формирањето нови треба да се одвива со брзо темпо...

Македонија1 ден

Тирон Јајага ќе раководи со Министерството за одбрана до изборот на нов министер

Министерството за одбрана известува дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28 мај на министерката за одбрана, Славјанка Петровска и...

Свет1 ден

Кина: Toj што ќе се осмели да не’ раздели од Тајван ќе биде здробен на парчиња

Кинескиот министер за одбрана Донг Јун предупреди дека секој што ќе се осмели да бара независност на Тајван ќе биде...

Свет1 ден

Земјотрес од 5,9 степени во Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово централниот дел на Јапонија, но не е издадено...

Регион1 ден

СНС освои најмногу гласови во Белград, Нови Сад и Ниш на локалните избори во Србија

СНС освои најмногу гласови во Белград, Ниш и Нови Сад на локалните избори што се одржаа вчера во Србија во...

Топ2 дена

Повторно насилство во „Идризово“: затвореник со тешки повреди заврши во болница

Нов случај на насилство помеѓу затвореници е забележан вчера во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Од полицијата велат дека се работи...

Македонија2 дена

Eвропскиот фронт предводен од ДУИ со декларација ќе се жали до меѓународната заедница

Европскиот фронт преводен од ДУИ денеска во Тетово усвои декларација која ја нарече политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува...

Топ2 дена

Детали за убиството во Боговиње: Во кафеаната во која бил застрелан мажот имало и други лица, се сослушуваат сведоци

Обвинителството изнесе детали за убиството што утрово се случи во угостителски објект во Боговиње. Од тука велат дека бил извршен...