Македонија
Одбележување на 14 години од загинувањето на бранителите во Вејце

Со полагање на свежо цвеќе на Споменикот пред СВР Битола, споменикот „Ангел“ на бранителите во Градскиот парк и на споменикот на Бошко Најдовски во село Долно Оризари во вторник беа одбележани 14 години од загинувањето на осмината бранители од Битола кои го загубија животот во 2001 година за време на конфликтот во селата Вејце и Гајре.
Покрај семејствата на загинатите бранители, на комеморацијата букети свежи цвеќиња положија делегации на бранителите од конфликтот во 2001 година, полицајци од СВР Битола, делегација на Армијата на Македонија, градоначалникот на Битола Владимир Талески и делегации на политичките партии и претставници од Советот на Општина Битола.Присутните порачаа дека имињата на загинатите бранители во Гајре и Вејце треба да претставуваат најсериозна опомена за во иднина таквите конфликти никогаш да не се повторат.
Масакрот врз мешовитата патрола на АРМ и на МВР се случи на 28 април 2001 на локалниот пат Тетово – Вејце.На планински терен патролата од четири возила беше нападната од однапред подготвена заседа со ракетни фрлачи и бомби, при што загинаа Илчо Стојановски, Кире Костадиновски, Маријан Бижиновски и Бошко Најдовски – сите припадници на специјалната полициска единица „Тигри“, како и Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Костески и Миле Јаневски, припадници на баталјонот за специјални намени на АРМ, „Волци“.Покрај осумтемина припадници на легалните македонски сили, во тој терористички напад на поранешната ОНА тешко и полесно ранети беа уште 6 војници.За масакрот кај Вејце МВР поднесе кривична пријава за најтешка форма на тероризам против непознат сторител. До денес сторителите не се откриени, иако постојат бројни индиции./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити изврши увид на градежните активности за изградба на примарната водоводна мрежа во Мерово, Желино

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, придружуван од градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу и пратеници од регионот, денеска изврши увид на градежните активности за реализација на проектот за изградба на примарната водоводна мрежа во селото Мерово, општина Желино.
Проектот предвидува изградба на дистрибутивната мрежа за водоснабдување во рамките на селото, изградба на поврзувачки цевковод од резервоарот до главната мрежа, отворање на нов бунар покрај постојниот, како и рехабилитација и проширување на веќе изграден резервоар.
Досега е извршено отворање на еден бунар и изградба на еден резервоар, кои во рамките на овој проект ќе бидат финализирани и модернизирани.
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 15.847.359 денари, обезбедени од буџетот на надлежното министерство, а градежните активности се очекува да завршат до крајот на 2025 година.
„Одржливото снабдување со вода е еден од најважните приоритети на нашата Влада, бидејќи е директно поврзано со квалитетот на животот на граѓаните и развојот на нашите населени места. Со овој проект ставаме крај на децениските проблеми со недостиг на водовод во Мерово и им обезбедуваме на жителите подобри услови за живот“, истакна првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити.
Оваа инвестиција претставува дел од стратешките проекти кои имаат за цел унапредување на основната инфраструктура и задоволување на елементарните потреби на граѓаните во сите населени места на општина Желино и пошироко.
Македонија
На Табановце се чека околу 10 до 15 минути за излез од државата

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 10-15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Општина Карпош: Го демантираме другарот на Мицкоски, Сотир Лукровски, дека има нерешени 11 000 предмети за легализација, а тој ќе ги решел за две и пол години

„Општина Карпош во целост го демантира другарот на Христијан Мицкоски, Сотир Лукровски, дека во општина Карпош има нерешени 11 000 предмети за легализација и замислете, тој ќе ги решел за две и пол години. Фактите говорат дека општина Карпош од 2011 до 2018 година има примено вкупно 12688 барања и од нив досега се решени 9385, а останати се уште 3303 барања“, велат од општина Карпош.
„Најголем дел од нив се со нерешени имотно-правни и оставински постапки и се чека на завршување на судска постапка, на друг дел е побарана дополнителна документација, и мал дел се во постапка за решавање.
За кандидатура на градоначалник основен услов за кандидатот е да биде добро информиран и да не кажува лаги. Ако кандидатот во кампања кажува лаги, какво ли ќе биде неговото функционирање како Градоначалник!?
Општина Карпош го замолува г-дин Христијан Мицкоски да го едуцира својот кандидат и го замолуваме да не ги вознемирува директорките на градинките и училиштата“, соопшти општина Карпош.