Регион
Косовар во САД призна дека ѝ помагал на Исламската држава

Дваесетгодишен маж од Косово е обвинет за хакирање лични податоци на повеќе од илјади вработени во американската војска во средата пред американскиот сојузен суд ја призна вината за давање поддршка на борците на џихадистичката сунитска организација Исламска држава, објави Стејт департментот.
Станува збор за дваесетгодишниот Ардит Феризи, попознат во хакерските кругови како Th3Dir3ctorY, кој ја признал вината и за пристапување кон и за кражба на информациите од заштитен компјутер без авторизација, стои во соопштението на американскиот Стејт департмент.
Феризи ја признал кражбата на личните податоци на повеќе од илјада вработени во американските армија и полицаја, коишто ги проследил на Исламската држава, знаејќи дека тие планираат тоа да го искористат против тие лица да изведат терористички напади, изјави заменикот државен обвинител Џон Карлин.
Ферези е уапсен од полицијата на Малезија кон средината на септември минатата 2015 година, по добиена информација од американските власти, кои го осомничија дека претходно во јуни незаконски прибавил лични податоци на повеќе од 100.000 американски државјани, војници и вработени во федералните служби.
Косоварот во Малезија влегол во август 2014 година за студирање компјутерски и форензички студии, и се верува дека е лидер на косовската хакерска група наречена Kosova Hacker’s Security (KHS)./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Нов жесток напад врз демонстрантите во Србија

Протестите продолжуваат во неколку градови во Србија вечерва по вчерашните напади од страна на поддржувачите на Српската напредна партија (СНС) врз демонстрантите во Врбас и Бачка Паланка. Собирите беа организирани од „студенти во блокада“, кои ги повикаа граѓаните да излезат на улиците и да протестираат пред канцелариите на СНС и полициските штабови.
Најголемите собири се одржуваат во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и други градови, вклучувајќи ги Суботица, Шабац, Лесковац, Сомбор, Панчево и Ваљево.
Novi Sad
SNS na gradjane pirotehnikom pic.twitter.com/8tk37G5df0— Žaklina Tatalović (@zaklina_prva) August 13, 2025
Ескалација во Нови Сад вечерва
Ситуацијата во Нови Сад ескалираше кога пиротехнички средства беа лансирани кон граѓаните од правец на просториите на СНС. Демонстрантите одговорија со кршење прозорци во партиските простории, по што полицијата во опрема за разбивање демонстрации, формираше кордон. На протестот беа фрлени и факели.
Протестната колона во Нови Сад тргна од студентскиот кампус, по дебатата „Медиумите во ерата на репресија“, кон главните простории на СНС.
Вчера во Врбас, поддржувачи на СНС и Александар Вучиќ ги нападнаа демонстрантите со пиротехнички средства, камења, шишиња и клучеви. Еден граѓанин претрпе повреда на ногата, а помошник снимател на Н1 беше погоден со камења. Сличен напад се случи и во Бачка Паланка.
Директорот на српската полиција, Драган Васиљевиќ, изјави дека полицијата „спречила големи конфликти“ синоќа, дека граѓани и полицајци биле повредени, а неколку лица биле приведени. „Не заштитувавме една група, туку јавен ред и мир“, рече Васиљевиќ.
фото: принтскрин
Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин