Македонија
Српските медиуми пишуваат за нов вооружен конфликт во Липково
Во наредните денови во кумановското село Липково би можело да дојде до жесток судри меѓу вооружена група со македонските полициските сили, пишуваат српските медиуми.
Како што пишува српскиот весник Ало повикувајќи се на „доброинформирани извори“, на ова подрачје било забележително раздвижување на македонските единици и прашање е само кога би можело да дојде до вооружен конфликт како оној во Куманово. Засега не се знае дали овие информации се во врска со вестите во македонските медиуми од средата дека во пограничната област Јажинце, за што изостанаа официјални потврди.„Група вооружени екстремисти, главно ветерани на УЧК, блиски на поранешниот воен командант, а сега лидер на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, пред дваесетина дена дошла од Косово на ова подрачје и формирале воен камп. Со оглед на тоа што Македонците имаат силни безбедносни формации на ова подрачје, конфликтот е многу веројатен, но овој пат би бил уште поопасен, бидејќи Липково е оддалечено од Прешево само 20 километри“, пишува весникот.Местото е избрано бидејќи се наоѓа на тримеѓето меѓу Македонија, Србија и Косово, а од околу 99.000 жители, 99 отсто се Албанци, 150 Македонци и 350 Срби.Групата од неколку десетици екстремисти во Македонија стигнала директно од косовскиот град Гњилане, а како центар на нивното собирање е хотел во тој град, откриваат изворите за весникот кои биле блиски со безбедносните органи.Дека терористите планираат да извршат неколку напади во Прешевската долина и на северот на Косово, неодамна потврди и генералот Момир Стојановиќ, поранешиот прв човек на Воената безбедносна агенција на Србија и актуелен претседател на Одборот за контрола на службата за безбедност./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Коцевски: Ако градоначалникот Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби во јавните претпријатија нека пријави
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, е надлежен тоа да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителство.
„Во однос на изјавите на градоначалникот, ќе кажам дека тој како градоначалник, доколку има докази и е надлежен, тоа може да го пријави на надлежните органи – МВР, и да ги достави тие документи евентуално во Јавното обвинителство. И досега Обвинителството така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму. Ако има злоупотреби, стоиме на располагање“, изјави Коцевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски претходно на социјалните мрежи објави дека во скопските јавни претпријатија се отпуштени 500 лица кои со месеци или години не доаѓале на работа, и дека нема да има толеранција за такви случаи.
Дополнително во телевизиско гостување, Ѓорѓиевски објасни дека до него пристигнале документи кои укажуваат на можни незаконитости во работењето на повеќе претпријатија.
Македонија
Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители
Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува следната недела, на 19 ноември.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација.
„Во судница обвинението ќе го застапуваат истите обвинители што беа и досега, но најверојатно ќе ангажираме уште неколку, за да не се одолговлекува постапката. Од наша страна сме целосно подготвени и екипирани“, изјави Коцевски, додавајќи дека вчера се одржал координациски состанок во Јавното обвинителство.
Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, генерален секретар и двајца поранешни министри за економија. Првообвинети се тројцата одговорни лица и сопственици на фирмата чија подружница бил кабарето „Пулс“.
Покрај главниот предмет, се води и посебна истрага против 13 полицајци поврзани со случајот, која се одвива побавно поради одложени сослушувања на сведоци. Одлуката од Јавното обвинителство се очекува на почетокот на декември.
Во Основното јавно обвинителство Кочани се води и предистражна постапка против службеници на Управата за јавни приходи.
Македонија
Утре делови од Шуто Оризари без вода за пиење
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Шуто Оризари)

