Контакт

Економија

Најсилен раст на индустриските активности во Кина во 2014 година

Објавено пред

Индустриските активности во Кина во мај забележале најсилен раст во оваа година, покажаа во понеделникот податоците на кинеската влада.

dobivaj vesti na viber

Официјалниот индекс на менаџери на набавка (PMI) во мај достигна 50,8 поени, додека во април изнесуваше 50,4 поени, објави кинескиот завод за статистика.Вредноста на индексот и надмина очекувањата на економистите и е добар знак за активностите во пошироката економија. Секоја вредност на PMI индкесот над 50 поени укажува на раст на активностите.Кинеската влада неодамна воведе мерки за поттикнување на економските активности. Во оваа година се цели на раст од околу 7,5 отсто.Втората по големина светска економија во првите три месеци од годината порасна за 7,4 отсто, што значи дека растот на активностите забави во споредба со 7,7 отсто колку што изнесуваше во претходното тромесечје.Растот на кинеската економија започна да забавува од 2010 година кога достигна стапка од 10,4 отсто. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Цената на златото расте: „Зголемените нивоа на економска неизвесност го прават попривлечно“

Објавено пред

Цените на златото скокнаа на рекордно високо ниво, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во април откако претседателот Доналд Трамп воведе тарифи на „Денот на ослободувањето“, во услови на слаб долар и очекувања за намалување на каматните стапки во САД овој месец, јавуваат светските агенции.

dobivaj vesti na viber

Според написите, цената на златото порасна за 0,9 проценти на 3.508,70 долари за унца во азиската трговија, пред да ги намали добивките на 3.497 долари.

Побарувачката за злато се зголеми бидејќи инвеститорите го гледаат како заштита од инфлација и поширока макроекономска неизвесност, велат аналитичарите.

Растечките загрижености за независноста на Федералните резерви откако Трамп изврши притисок врз претседателот Џеј Пауел и се обиде да ја отстрани гувернерката Лиза Кук, како и очекувањата за намалување на каматните стапки, го поттикнаа најновото зголемување.

„Сè се спојува за да се создаде совршена ситуација за повисоки цени на златото“, рече Дејвид Вилсон, раководител на стратегијата за стоки во BNP Paribas. „Зголемените нивоа на економска неизвесност јасно го прават златото попривлечно.“

Приливот во фондовите за злато што се тргуваат на берза се појави како главен извор на побарувачка што ги поддржува цените, напиша „Голдман Сакс“ во неодамнешна белешка. Аналитичарите на банката предвидуваат дека спот цените ќе достигнат 4.000 долари за унца до средината на следната година.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Економија

Царината: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август

Објавено пред

Од

За 14,5 милиони евра е зголемена наплатата на приходи во август во царината во споредба со истиот месец минатата година, што претставува рекорден раст на приходите од 8,9 проценти остварени на месечно ниво годинава, соопшти Царинската управа.

dobivaj vesti na viber

Притоа, најголем раст од 19,5 проценти е остварен во наплатата на акциза, при што по овој основ во август се собрани приходи од 3,78 милијарди денари.

Наплатата на приходи од царина пак, бележи пораст од 7,9 проценти, додека приходите од данокот на моторни возила бележат раст од 7,3 проценти.

„Претходниот месец наплатата на приходите беше зголемена за 10,5 милиони евра, овој месец за 14,5 милиони евра. Ова е новиот систем на вредности во Царинската управа. Систем што генерира повисоки приходи во Буџетот на државата, систем што овозможува повеќе пари за болници, училишта, патишта. Одржлив систем што го разобличува криминалот и ја издигнува економијата на државата”, вели директорот Бобан Николовски.

Кумулативно од почетокот на годината Царинската управа наплати приходи од 86 милијарди денари или 1,4 милијарди евра, што е за 65,5 милиони евра повеќе од лани истиот период.

Прикажи повеќе...

Економија

Судот ги прогласи царините за незаконски, но Трамп тврди дека остануваат во сила

Објавено пред

Американски апелациски суд во Вашингтон пресуди дека поголемиот дел од царините што претседателот Доналд Трамп ги воведе во текот на својот втор мандат се незаконски.

dobivaj vesti na viber

Судот се занимаваше со законитоста на т.н. „реципрочни“ царини кои Трамп ги воведе во февруари против Кина, Канада и Мексико, а во април и кон повеќето други земји ширум светот. Одлуката не се однесува на царините воведени врз основа на други законски овластувања, како што се царините за увоз на челик и алуминиум.

Трамп воведувањето на царините го оправда со Законот за меѓународни вонредни економски овластувања (ИЕЕПА), кој му дава овластувања за справување со „необични и вонредни“ закани за време на национални вонредни состојби. Во април, тој прогласи национална вонредна состојба поради долгогодишниот трговски дефицит, тврдејќи дека увозот надвишува извозот и дека тоа ја поткопува американската индустрија и воената подготвеност.

Апелацискиот суд пресуди во два случаи – еден што го покренаа пет мали американски компании и другиот што го поднесоа 12 американски сојузни држави предводени од демократите. Тие тврдат дека ИЕЕПА не овозможува воведување царини и дека спорното овластување му припаѓа на Конгресот, а не на претседателот.

Други судови, вклучувајќи го и Американскиот суд за меѓународна трговија во Њујорк, веќе пресудија дека Трамп ги надминал своите овластувања со воведувањето на царините. Најмалку осум тужби ја оспоруваат царинската политика на Трамп, вклучувајќи и една од Калифорнија.

По пресудата, Трамп преку социјалните мрежи порача дека царините остануваат во сила, и оцени дека Апелацискиот суд бил „високо пристрасен“ и неточен.

„Сите царини остануваат во сила! Денеска еден високо пристрасен Апелациски суд неточно рече дека нашите царини треба да бидат укинати, но тие знаат дека Соединетите Американски Држави на крајот ќе победат“, напиша Трамп.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Два активни пожари на територијата на Македонија, три се под контрола

Во изминатото деноноќие, до 08:00 часот утрово, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од...

Македонија27 минути

„И официјално е потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и да има одговорност за следењето на јавни личност, на...

Свет1 час

Фицо: Се гради нов светски поредок

Словачкиот премиер Роберт Фицо ќе одржи билатерални средби со кинескиот претседател Кси Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин на одбележувањето...

Свет2 часа

Мадуро: Поради Америка, се соочуваме со закана каква што не сме виделе 100 години

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги обвини САД дека го загрозуваат суверенитетот на неговата земја со распоредување воени бродови во...

Свет2 часа

(Видео) Путин и Кси во Пекинг: „Нашите односи се на невидено ниво“

Кинескиот претседател Кси Џинпинг и неговиот руски колега Владимир Путин започнаа билатерални разговори во Пекинг пред големата воена парада во...

Свет3 часа

Ненадејно лизгање на земјиштето во Судан, повеќе од илјада мртви

Најмалку илјада луѓе загинаа во катастрофално лизгање на земјиштето во оддалечените планини Мара во западен Судан, соопшти бунтовничката група Суданско...

Свет3 часа

Белгија: Ќе ја признаеме Палестина, разгледуваме санкции против Израел

Белгија ќе признае палестинска држава на Генералното собрание на ОН, изјави министерот за надворешни работи Максим Прево, зголемувајќи го меѓународниот...

Свет3 часа

(Фото) Виетнам слави: делат пари, ослободуваат затвореници, организирана голема парада

Виетнам ја одбележа 80-годишнината од својата независност од колонијалната власт со најголемата воена парада во последниве децении, масовна парична помош...

Регион12 часа

Кремљ негира вмешаност во инцидентот со ГПС со авионот на Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли тврдењата дека Русија се мешала во услугата на Глобалниот систем за позиционирање (ГПС)...

Македонија13 часа

Мицкоски: АР и АНБ ги користеле државните ресурси и ме прислушкувале, мислејќи дека на тој начин ќе добијат предност кај нивните налогодавци

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање посочи дека во минатото Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ги...

Македонија16 часа

(Видео) Родителите од Демир Хисар на протест побараа бесплатен превоз за учениците: „Нема да престанеме да се бориме“

На првиот училиштен ден,  на патниот правец Демир Хисар – Битола, кај местото Мраморица, се одржа мирен протест со блокада...

Македонија17 часа

Николоски: Доста е од злоупотреби на тајните служби, процесуирање на одговорните е предуслов за демократијата во Македонија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, повика Обвинителството да отвори истрага и да ги процесуира...

Македонија20 часа

Муцунски: Благодарение на СДС и ДУИ преговорите со ЕУ не може да бидат блокирани затоа што никогаш и не почнаа

Денес Венко Филипче повторно зборуваше за преговорите со ЕУ, како тие да се блокирани. Но вистината е тажна и едноставна...

Македонија20 часа

Бројот на германски туристи зголемен за 219 отсто, над 23.000 Германци годинава ја посетија Македонија

Во рамките на Museumuferfest во Франкфурт, настан што секоја година ги обединува посетителите од регионот и многубројните туристи од целиот...

Македонија21 час

Македонија 51. на листата на земји според Глобалниот индекс за мир за 2025

На Глобалниот индекс за мир (GPI) за 2025 година Македонија е на 51. место со резултат од 1,799. Ова, според...

Македонија22 часа

Во август 19.343 сообраќајни прекршоци, уапсени 82 возачи

Во периодот од 01 до 31 август, од вкупно 19.343 издадени платни налози, 6.730 прекршоци се однесуваат на возачи кои...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: Пред 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, а денес, по 15 години, зборуваме за учебник за секое дете

По повод почеток на новата учебна година, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски го посети ООУ „Кирил...

Македонија23 часа

Македонија доби 2,3 милиона евра неповратна помош од ЕУ

ЕУ ги ослободи средствата од првата транша за Северна Македонија. На земјата и се исплатени 2.3 милиони евра како неповратна...

Топ23 часа

Уапсен дилер во Скопје, запленети 100 кесички со марихуана

Вчера околу 19 часот на улицата „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Свет24 часа

(Видео) Снимен моментот кога силен земјотрес го погоди Авганистан: досега најмалку 622 загинати

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди источен Авганистан ноќеска, при што загинаа најмалку 622 лица, повеќе од 1.500...