Контакт

Економија

Земјите од BRICS основаа развојна банка и фонд од 100 милијарди долари

Објавено пред

Челниците на земјите од најбрзорастечките економии во светот обединети во групата BRICS (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република), во вторникот основаа развојна банка и финансиски фонд од 100 милијарди американски долари, што претставува нивен прв конкретен чекор во настојувањето да го преформатираат меѓународниот финансиски систем со кој доминира западот.

dobivaj vesti na viber

Банката ќе биде насочена на финансирање на инфраструктурните проекти во земјите во развој, а нејзиното седиште ќе биде во кинескиот мегалополис Шангај. Индија ќе претседава со банката во првите пет години, по што ќе следат Бразил, па Русија, објавија челниците на петте земји од BRICS групата на самитот во бразилскиот град Форталеза. Исто така, ќе воспостават и финансиски фонд кој ќе располага со 100 милијарди американски долари девизни резерви за помош на земјите коишто ќе се најдат во проблеми со својата ликвидност. Станува збор за прв голем договор на земјите од BRICS – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, откако ја формираа организацијата во 2009 година за да бараат поголемо право на глас во финансискиот поредок во светот кој го воспоставија западните сили по Втората светска војна и во чиј центар се Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка. Преговорите за оваа институција се провлекуваа изминатите две години, а повремено беа оптоварувани од желбата на Кина да си осигури поголемо влијание преку поголем удел во капиталот на банката. Банката ќе мора да ја ратификуваат законодавните тела на земјите членки на BRICS, а првите кредити ќе може да ги одобри по две години.Земјите од BRICS беа поттикнати на координирана акција по минатогодишниот одлив на капиталот од пазарите во формирање поради најавеното намалување на монетарните поттикнување од американската централна банка Federal Reserve (Fed), поради што на светските пазари пораснаа цените на задолжувањето. Новата банка е одраз и на влијанието на земјите од оваа група, коишто сочинуваат речиси половина во севкупното светско население и околу една петина од глобалното економско производство. Новата развојна банка би требало, исто така, да ја покрие сé поголемата побарувачка за финансирање проекти коишто не го сервисирале споменатите постојни меѓународни финансиски институции, инаку сé почесто изложени на жестока критика поради мешањето во внатрешната политика на кредитираните земји.Почетниот капитал на банката ќе изнесува 50 милијарди американски долари, со тоа што почетните 10 милијарди долари во готовина ќе бидат уплатени во банката во период од седум години,а 50 милијарди долари во форма на гаранции. Банката со кредитирањето би требало да започна во 2016 година, а ќе биде отворена и за членство на други земји.Од друга страна, финансискиот фонд ќе го сочинуваат резерви во секоја земја од BRICS кој ќе може да се префрли во друга земја доколку се јават тешкотии во платниот биланс. Оваа иницијатива доби во интензитет по одлевањето на евтините долари кои со децении го поттикнаа растот на пазарите во формирање. „Тоа ќе помогне да се контролираат осцилациите со коишто се соочуваат различни економии поради намалувањата на поттикнувањата од САД. Тоа е карактеристика на времето, кое бара реформи на ММФ“, изјавил бразилската претседателка Дилма Русеф. Кина, којашто има најголеми девизни резерви од сите земји во светот, ќе придонесе во финансискиот фонд со 41 милијарда долари. Бразил, Индија и Русија, сите ќе дадат по 18 милијарди долари, а Јужна Африка – 5 милијарди долари. Во периодот кога западните земјите, во прв ред САД, настојуваат да ја изолираат финансиски и економски па и политички Русија поради украинската криза којашто резултираше со присоединување на црноморскиот полуостров Крим кон Руската Федерација, како и судири во југоисточните украински региони каде што исто така е доминантна руската етничка и рускојазичната заедница, самитот на BRICS му овозможи на рускиот претседател Владимир Путин изградба на една геополитичка платформа, да покаже дека има пријатели, особено во економските сили за коишто се очекува дека ќе ја обликуваат иднината на светот. Очекувано челниците на земјите од BRICS се воздржаа од критики за Русија во врска со кризата во Украина, и ги повикаа на воздржаност сите инволвирани страни за судирот да биде надминат по мирен пат./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Економија

Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Објавено пред

Од

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Објавено пред

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.

dobivaj vesti na viber

„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.

Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:

Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.

Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Објавено пред

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.

dobivaj vesti na viber

Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.

Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Го удрил со тупаница докторот што му давал лекарска помош, а потоа тепал и полицајци: предложен притвор за 28-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз...

Македонија3 часа

Арсовска со отворено писмо до Михалис Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Почитуван господин...

Свет4 часа

Трамп остро му одговори на Маск: Без субвенции, би се вратил дома, во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на „Тесла“, „Спејс Екс“...

Свет4 часа

Маск жестоко го нападна законот на Трамп: „Ќе изгубат, дури и ако ми е последно“

По објавувањето на неговото повлекување од политичкиот свет, милијардерот и основач на Тесла, Илон Маск, речиси веднаш се врати во...

Свет5 часа

Трамп потпиша укинување на санкциите против Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се...

Свет5 часа

Палестинците во Газа протестираа со фотографии од убиени израелски деца

Група Палестинци во Појасот Газа покажаа слики од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време...

Македонија16 часа

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија18 часа

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија20 часа

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија22 часа

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија23 часа

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија23 часа

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија24 часа

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија1 ден

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...

Македонија1 ден

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо. Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се...

Регион1 ден

Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта....

Свет1 ден

(Видео) Маж намерно запалил пожар во Ајдахо, па убил двајца пожарникари: пронајден мртов

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на...

Европа1 ден

Кремљ: Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од ставот на Киев

„Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата...

Македонија1 ден

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...