Забава
Доктор Хаус против Робокап?

Хју Лори, актерот најпознат по улогата на Доктор Хаус, наводно би требало да се појави на римејкот на големиот акциски хит на 80-сетите – Робокап.
Имено, наменета му е улога на главниот негативец, а Лори повторно би требало да заигра доктор, но овој пат доктор во фирма која полицаец претворила во робот заради сопствена полза.
Во останатите улоги би требало да се појават Гери Олдман како Нортон, Семјуел Л.Џексон како Пат Новак и Џоел Кинамен како Алекс Марфи или Робокап.
Филмот со снимање започнува во септември оваа година, а веќе следната година би требало да почне да се прикажува во кино салите. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото/Видео) Кралица на заводливоста: најубавата жена на светот „гори“ во црвена чипка

Моделот Бела Хадид се врати на модната писта само еден месец откако беше хоспитализирана и прими интравенска инјекција, за што ги информираше и своите следбеници на социјалните мрежи.
BOMBSHELL! bella hadid on runway for victoria’s secret ❤️🪽 pic.twitter.com/fOL9LKS4bF
— DUDA (@saintdemie) October 15, 2025
Нејзиното големо враќање се случи на ревијата на „Викторијас Сикрет“, а таа имаше чест да го затвори целиот настан.
Бела прошета во долна облека од црвена чипка што го одзема здивот, а сè комплетираше со наметка во истата нијанса.
За да ја затвори ревијата, таа избра уште побомбастична комбинација, тоа беше сребрен комплет долна облека со ресни и светки, додека гаќичките исто така беа направени од чипка.
bella hadid stunning at the victoria’s secret show pic.twitter.com/NA6p35w2Bq
— 2000s (@PopCulture2000s) October 15, 2025
Познатите крила овој пат беа навистина ангелски, бели и исполнети со цвеќиња.
Сандалите исто така беа во фокусот, бидејќи беа „невидливи“, Бела избра модел со ПВЦ ременчиња, и со тоа го заокружи своето провокативно издание на ревијата што ја чекавме цела година.
фото: принтскрин
Забава
Џенифер Лопез за своите поранешни партнери: „Тие не беа способни да ме сакаат“

Џенифер Лопез неодамна се појави во „Шоуто на Хауард Стерн“ за да го промовира мјузиклот „Бакнежот на жената-пајак“. Покрај нејзината деловна кариера, познатата поп-пејачка одговараше и на прашања за нејзиниот личен живот.
На прашањето на водителот Стерн – „Дали мислите дека бевте навистина сакани?“, Џенифер одговори по кратка пауза: „Не“.
„Тие не беа способни да ме сакаат… Тие го немаа тоа во себе. Ми дадоа што имаа. Ми дадоа сè, секој пат – сите прстени, сè што некогаш можев да посакам. Куќи, прстени, брак и сè тоа, но дел од проблемот беше што во тоа време не се сакав себеси“, призна таа.
Лопез беше мажена и разведена четири пати, но се чини дека нејзиниот последен развод – од Бен Афлек – ја погоди вистински. Со поранешниот сопруг Марк Антонио, таа ги има 17-годишните близнаци Макс и Ема.
„Кога се разведов последен пат, тоа беше најдоброто нешто што ми се случи, бидејќи навистина ме натера да свртам нов лист. Мислам, имав фитнес тренер, имав брачен терапевт, имав индивидуален терапевт, имав тренер за зависности. Имав сè. Си мислев: Ќе го решам ова, дури и ако ме убие“, рече Лопез.
Таа вели дека сега има поголема самодоверба и научила да ги разбира луѓето околу неа.
„Сега можам да седам тука со многу поголема самодоверба… Се чувствувам навистина удобно и добро што сум своја…“
Забава
(Фото) „Новата“ Ана Ивановиќ во заводливо издание на ревијата на „Викторија Сикрет

Меѓу познатите личности кои ја гледаа традиционалната годишна модна ревија на „Викторија Сикрет“ во живо, одржана во Њујорк, беше и Ана Ивановиќ, која се пофали со неколку фотографии и видеа од самиот настан.
Ана ја гледаше најочекуваната модна ревија од првите редови, која ги врати Адријана Лима, Тајра Бенкс, Алесандра Амброзио, Кандис Сванепул, Ирина Шајк, Бехати Принслу и многу други познати убавици на пистата, како и модел кој влезе во историјата станувајќи првата бремена жена што ја отвори ревијата.
За оваа посебна пригода, таа беше облечена по најновата мода, но веќе знаеме дека ги следи модните трендови, бидејќи често ги покажува своите модни избори на Инстаграм.
„Светла. Камери. Ангели. Ви благодариме за ова неверојатно искуство и сите спомени“, напиша Ана на Инстаграм, а доби многу комплименти за својот стил.
Таа ја носеше најмодерната боја оваа есен; долг, плисиран кафеав фустан со тесен крој и заводлив детаљ под градите, и кафеави сатенски чевли со високи потпетици, во комбинација со чанта што ја држеше во рака. Фустанот ја покажуваше нејзината заводлива фигура до максимум, бидејќи беше целосно тесен.
„Божествена убавина и импресивна згодна девојка. Сите ѕвезди на светскиот гламур можат само да бидат љубоморни на вашиот стајлинг и вашата убавина. Блескате во секој поглед“, пишува во еден од коментарите.
Поранешната тенисерка не го криеше својот ентузијазам за нејзиното присуство на овој настан, а имаше и можност да се фотографира со некои познати лица.
фото: принтскрин