Култура
Претпоследна вечер на Фестивалот на монодрама

На претпоследната вечер на Фестивалот на монодрама во Битола, ќе се одиграат претставите „И Бог ја создаде жената“ од Театар Тибериус од Израел и „Човекот од собата 7“ од Градскиот театар МКЦ Скопје.
На претпоследната вечер на Фестивалот на монодрама во Битола, ќе се одиграат претставите „И Бог ја создаде жената“ од Театар Тибериус од Израел и „Човекот од собата 7“ од Градскиот театар МКЦ Скопје.
Утре, на денот за затворањето на фестивалот, ќе се одигра претставата „Чудниот човек оди“ од Лондон, Велика Британија и „Ласица“ од театарот на Бугарската Армија.
Интернационалниот фестивал на монодрама кој е единствен од ваков тип во земјава, годинава понудува богата програма, како од домашната, така и од интернационалната сцена.
Утре стручното жири во состав: (претседател) Бранко Ѓорчев, директор на Драмски Театар Скопје, Дејан Пројковски, уметнички директор на МНТ, Нина Мазу (Германија, театарски и балетски критичар), Скандарбег Тулпаров(Тагестан , почесен актер на Русија) и Невена Митева (Бугарија, театарски режисер и менаџер), ќе ја доделат првата, втората и третата награда во категориите најдобар актер и најдобра режија.
Во 21часот е закажана претставата во чест на наградените од НУЦК Народен Театар Војдан Чернодрински-Прилеп,Македонија – „МАНГИТЕ ПИЈАТ ЧАЈ“ во режија на Коле Ангеловски.
Фестивалот е во организација на Центарот за култура. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Државниот симфониски оркестар од Солун првпат доаѓа во Скопје

Државниот симфониски оркестар од Солун првпат во неговото 66 годишно постоење ќе настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 мај со почеток во 19.30 часот.
Оркестарот ќе настапи со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел со специјални гости од двете земји, како водечката грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и нашиот светски реномиран пијанист Симон Трпчевски.
Со Оркестарот ќе диригира реноминираниот грчки диригент Владимирос Симеонидис.
На програмата се дела од Морис Равел и неговиот грчки студент Емилиос Риадис, на чествување на 150 годишнината од раѓањето на Морис Равел и 90 годишна од смртта на најголемиот Солунски композитор Емилиос Риадис, вклучувајќи ја и светската премиера на симфониската свита од операта “Галатеиа”
Проектот се спроведува во рамките на националниот план за закрепнување и отпорност Грција 2.0 финасиран од Европската Унија NextGenerationEU.
Култура
Промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски-Питу – животна приказна“ во Музејот на Македонија

Музејот на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај со промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“.
Промоцијата ќе се одржи на 19 мај 2025 година (понеделник), во 12 часот, во изложбените простории на Музејот.
„Публикацијата е дел од истражувачкиот проект посветен на животниот пат на револуционерот Кузман Јосифоски – Питу и се реализира во рамките на годишната програма, со поддршка од Министерството за култура и туризам. Нејзината намена е да ја збогати музејската презентација и едукација, на теми со историска содржина и да послужи како корисно помагало во наставата по историја и граѓанско образование, во рамките на образованиот процес“, велат од Музејот.
Автор на публикацијата е м-р Здравко Стојкоски, кустос – историчар во Музејот. Промотор на настанот ќе биде м-р Данијела Трајкова Крстиќ, виш кустос – историчар во НУ Музеј на македонската борба за државност и самостојност.
Култура
Премиера во Грузија на „Јон Вардар против галаксијата“

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, влезе во официјалната селекција на 5. издание на Striped Tale Animation Festival 2025, што ќе се одржи од 16 до 18 мај во Тбилиси, Грузија.
Фестивалскиот тим на својата веб страница го опишува филмот со следниве зборови:
„Вселенска зоолошка градина. Балкански хумор. Хаос на интергалактичко ниво. Јон Вардар против Галаксијата нè носи во една апсурдна мисија за спас на универзумот. Чудовишта, сатира и емоции се судираат во оваа забавна вселенска опера за сите возрасти. Научно-фантастична пародија со срце, вонземјани и автентичен балкански дух.“
Филмот досега имаше селекции на преку десет фестивали, од кои 5 се во А и Б листите на најдобри филмски фестивали во светот. Поддржан е од Агенцијата за филм.