Забава
Објавени фотографии на најпознатата токиска гејша
Убавината на една од најпопуларните гејши на Токио е сочувана во серија разгледници направени пред стотина години.
Оваа колекција ја прикажува гејшата Хавари, која работела во јапонската престолнина на почетокот на 20 век, додека позира во различни кимона.
Нејзината порцеланска кожа и изглед на кукла порано воодушевувале многумина, а и денеска ја буди фантазијата кај илјадници.
Разгледниците го пронашол американски фотограф кој живее и работи во јапонија, а го објави на сервисот Flickr.
Како што објаснува тој, разгледниците се направени во 1910 година, само четири години пред бројот на гејшите во Јапонија да достигне врв.
Не се знае колку точно години имала Хавари, кога е направена оваа серија разгледници, но нејзината коса упатува на тоа дека била ученичка или `маико`, па затоа би морала да има помалку од 20 години.
Професијата гејша се појавила во 18 век, а гостите ги маѓепсувале со танц, музика и знаење.
Во текот на 1920 -тите години во Јапонија постоеле повеќе од 80.000 гејши, а тој број се намалил за време на Втората светска војна.
Во Јапонија, денеска, постојат само околу 2.000 жени кои работат како професионални гејши./крај/с/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
стин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

