Македонија
Се одржа конференцијата „Next generation wireless“
Во текот на претходниот викенд, Сеавус и Сеавус едукативен и развоен центар (СЕДЦ) ја одржаа својата прва конференција на тема „Next generation wireless“ каде се зборуваше за идните технологии за безжична комуникација. Настанот го проследија преку 200 присутни, а говорници беа еминентни експерти од академската и бизнис заедница во регионов и во светот. Преку нивните презентации, на македонската јавност им ја преставија визијата на светските компании и истражувачки центри за телекомуникациските технологии кои во овој момент се во рана фаза на дефинирање и истражување, а кои ќе се презентираат во јавноста во текот на следната декада.
Станува збор за телекомуникациските технологии од петтата генерација на ГСМ технологијата и технологии за пренос на податоци со многу голема брзина со користење на радио фреквенции од подрачјето на утра високи фреквенции од редот на 60GHz, како и преглед на трендовите на користење на телекомуникациските услуги понудени од операторите во Македонија.
Конференцијата започна со исклучителната презентација на Игор Тасевски од Ериксон, Шведска, кој говореше за достигнувањата во изработка на пробни решенија за 5G од Ериксон и нивните плановите за освојување на оваа технологија во иднина. Во текот на неговото излагање присутните имаа можност од прва рака да дознаат како ќе се одвиваат развојните чекори за целосно дефинирање на 5G технологијата и нејзино промовирање пред светската јавност во 2018 г., додека пак, нејзина комерцијализација се очекува да се случи во текот на 2020 г.
На презентацијата на Тасевски се надоврза д-р Лилјана Гавриловска, Раководител на Институтот за телекомуникации при ФЕИТ, која е врвен експерт од областа на телекомуникациите во нашиот регион, со интернационално искуство во истражување на најновите технологии преку работа на практични проекти и учество во академски истражувачки тимови во последниве две децении. Д-р Гавриловска говореше за методите за модулација на сигналите и особеностите на самиот комуникациски протокол, визијата за оваа технологија и најзначајните предизвици за разрешување на мрежите за радио пристап и централните мрежни терминали.
Третиот говорник, д-р Никола Рендевски од ФИКТ, Битола, говореше за предизвиците и предностите на комуникациските системи со краток ранг кои работат на 60GHz и нивната примена во воени и комерцијални цели, како и предизвиците кои претстојат за целосна комерцијализација на оваа технологија и нејзина примена во секојдневието.
Во вториот дел од конференцијата имавме можност да ги слушнеме Лазар Динов и Горан Јорданоски од Македонски Телеком, кои говореа за трендовите кои се промовираат преку последната верзија од 4G технологијата, навиките на корисниците на мобилна телефонија во Македонија, како и предизвиците со кои се соочуваат инженерите Македонски Телеком, за да ги задоволат потребите на сé понапредните корисници на нивните услуги.
На крај на целиот настан, имавме уникатна можност да ја проследиме презентација на д-р Александар Ристески од Институтот за телекомуникации при ФЕИТ, кој ни ја престави визијата за безбедносните протоколи кои би се имплементирале во 5G технологијата и предизвиците кои ќе произлезат од оваа имплементација.
Преку овој настан, Сеавус и СЕДЦ, заедно со говорниците на конференцијата, имаа можност да покажат дека и во нашиов регион се работи на најнови технологии, постојат кадри и услови за работа на решенија кои се носат со најновите трендови на светско ниво и остваруваат константна соработка со врвните истражувачки центри и технолошки-напредни компании во светот./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.
Македонија
Ѓорѓиевски: Доста беше мрак, време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со покана до скопјани и гостите на главниот град за како што вели, незаборавен дочек на Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“.
По подолг период, Скопје повторно ќе пулсира во знакот на радоста и врвната музичка забава, со богата програма што ги обединува сите генерации и ја враќа празничната магија во срцето на градот, истакнуваат од Град Скопје.
„Скопје, дали сме подготвени за најдобрата забава?
Со голема чест и искрена радост, ве поканувам на плоштадот „Македонија“ на незаборавен дочек на Новата 2026 година, ноќ која повторно ќе го сплоти градот.
Програмата започнува во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски.
Следуваат Дина Јашари, легендарните Куку Леле и неповторливата Тамара Тодевска.
Кулминацијата ја носат милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочева.
Почитувани скопјани, доста беше мрак.
Време е за заедништво и за радост.
Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, знае да обединува и знае да биде лидер во културните настани.
Со домашни изведувачи, љубени од публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации.
Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да живее, да пулсира и да сонува.
Ве поканувам сите, драги скопјани, да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2026 година со насмевки, музика и незаборавни мигови.
Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа новогодишна приказна, исполнета со позитивна енергија и врвна забава.
Се гледаме“, напиша на социјалните мрежи скопскиот градоначалник.
Македонија
Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица), поради сообраќајна несреќа во прекин и сообраќајот кон ГП Ќафасан
Поради протест на грчките земјоделците, од 17:10 часот сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) е во прекин.
Поради сообраќајна незгода сообраќајот кон ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.
На 30.12.2025 (вторник), од 15:00 часот, ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

