Забава
Чевларот на Папата му подготвува подарок
Креаторот и производителот на чевли од централно Мексико, Армандо Мартин Дуенас сѐ уште не може да ја смири возбудата по веста дека папата Бенедикт Шеснаесетти (Јозеф Ратцингер) од својата поранешна папска одежда ќе го задржи чифтот чевли коишто му ги направи минатата година, па најави дека ќе му подари уште два рала чевли.
„Бевме многу трогнати од веста дека Папата и натаму ќе ги носи чевлите коишто со многу љубов ги направивме за него, по што одлучивме да му подариме уште дава рала”, изјавил Дуенас кој својот погон за производство на чевли во градот Леон го отворил пред дванаесет години.
Тој признава дека одлуката на Ратцингер соопштена пред неколку дена може да придонесе за порастот на продажбата и извозот во Европа и САД, но истакнува дека му е уште поважно што тој чин претставува „јавно признание дека Мексиканците и латиноаамериканците се способни да направат производи со врвен квалитет”.
Чевлите се направени од телешка кожа, уникатни се и се единствениот модел кој поранешниот папа се реши да ги задржи. Тие биле направени по повеќе скици и гласањето меѓу вработените во компанијата „Ackerman” во сопственост на 46-годишниот Армандо Мартин, кој е роден во семејство на производители на чевли.
Мартин на Ратцингер лично му ги предаде чевлите пред почетокот на свечената мисата која Бенедикт Шеснаесетти ја држел при неговата посета во Мексико, во март 2012 година.
Тој тврди дека таканаречениот модел „Бенедикт” нема да биде комерцијализиран Постојат само две рала вакви чевли, еден кај папата кој се повлече и реплика, рекол Мартин покажувајќи ги за медиумите чевлите кои ги допира само со гумени ракавици.
„Освен тоа, таквите чевли би биле многу скапи. Размислувавме дека слични би можеле да им подариме на бискупите кои тоа ќе го посакаат”, рекол Мартин.
Во врска со подарокот кој го наменил за Ратцингер, мексиканскиот производител на чевли додава „Токму сега работиме со многу љубов на изработката на другите две рала, во црна и во сина боја, но не сакаме да ги откриеме сите детали, Тоа ќе претставува големо изненадување за него и тоа е сѐ”./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

