Забава
Јами-те ги заменуваат јапи-те
Во медиумите и на блоговите се појави нова субкултура: млади, урабни и многу ејстравагантни момци или „јами” (yummies), кои што ги заменија некогашните „јапи” (yuppies).
Типичниот „јами” е многу тренди, има беспрекорен вкус во облекувањето и е многу мажевен, а, исто така, е и извонреден готвач, пишува во неделата германската агенција DPA повикувајќи се на познавачите на светските трендови.
Просечниот „јами”, исто така, е во средните 20-ти години, ја сака модата и е подготвен да потроши на лускуз, што секако претпоставува добри приходи. Многумина рекле дека по тоа овој совреме тип млад маж е сличен на поранешните „јапи”, но тие преферираа брак, додека „јамите” немаат постојани девојки, туку на некои посериозни врски се подготвени дури во повозрасните години. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ѕвездата од „Чувари на плажа“ фотографирана на прошетка, фановите со неверување за нејзините години
Актерката Дона Д’Ерико, позната по улогата во серијата Baywatch (Чувари на плажа), неодамна беше фотографирана додека се шета во Калифорнија.
Таа носеше тесен фустан кој ја истакна нејзината витка линија, во комбинација со очила за сонце и елегантна чанта.
На многумина им беше тешко да поверуваат дека Дона има 56 години и коментираа дека изгледа како воопшто да не остарела откако глумела во познатата серија.
Актерката е доста активна на Инстаграм, каде често споделува фотографии во долна облека. Додека некои веруваат дека е премногу стара за такви изданија, Дона еднаш изјави: „Можам да носам и да правам што сакам“.
Дона позираше за Плејбој во 1995 година.
Пред две години, таа се осврна на можноста за римејк на Baywatch, велејќи: „Никогаш не вели никогаш“.
Забава
Концерт на Јелена Томашевиќ на 8 март во Скопје – 20-годишен јубилеј и ексклузивен концерт за Денот на жената
На 8 март, Македонската опера и балет ќе биде домаќин на ексклузивен концерт на една од најпочитуваните музички ѕвезди на Балканот – Јелена Томашевиќ. Со овој настан, таа ќе го одбележи својот 20-годишен јубилеј на музичката сцена, прославувајќи две децении посветеност, уметност и искрени емоции што го освојуваат регионот.
„Во интимната и елегантна атмосфера на Македонската опера и балет, Јелена ќе им подари на присутните ноќ која ќе биде повеќе од концерт – ќе биде музичка приказна што ги поврзува срцата на сите генерации. Со нејзиниот извонреден вокал, кој е симбол на сила и нежност, Јелена ќе ги оживее своите најголеми хитови, како и песни кои оставија длабок печат на музичката сцена.
Во изминатите две децении, Јелена Томашевиќ се издвои како музички феномен кој го спојува традиционалното и современото. Нејзиниот глас допира до сите, а нејзините песни се химни на љубовта, вербата и животот. Од незаборавната „Оро“, која го освои целиот континент, до емотивните балади како „Име моје“ и „Да ми је да ми се врати“, секоја песна носи дел од нејзината душа и приказна.
Овој јубилеен концерт, освен што ќе биде ретроспектива на нејзиниот богат музички пат, ќе биде и вистински спектакл со современи аранжмани, специјално подготвени за оваа пригода. Придружувана од врвни музичари, Јелена ветува ноќ која ќе биде спој на елеганција, емоција и музичко совршенство.
На 8 март, Јелена Томашевиќ Ве кани на незаборавно музичко патување во Македонската опера и балет – заеднички да славиме љубов, музика и живот!
Со оглед на ограничениот број места и големиот интерес, препорачуваме навремена набавка на карти, за да бидете дел од овој единствен настан“, вели организаторот.
Забава
(Видео) „Се случи инцидент за време на гаснењето пожар“: ФБИ пристигна во куќата на Бен Афлек
Домот на Бен Афлек во населбата Брентвуд го посетиле агенти на ФБИ, пишува ТМЗ.
Двајца агенти биле снимени како стојат пред домот на актерот, а на нив им се придружиле и двајцата заменици на шерифот. ФБИ наводно го истражувал неодамнешниот инцидент во кој приватен дрон се судрил со хеликоптер кој гаснел пожари во Лос Анџелес.
Да потсетиме, Афлек мораше да ја напушти својата вила вредна 20 милиони долари, која остана недопрена од пожарот. Викендов папараците го снимија пред неговата вила со најстарата ќерка Виолет, која во еден момент ја прегрна.
Бројот на загинати во пожарите што беснеат низ Лос Анџелес се искачи на 24, а 100.000 луѓе во моментов се евакуирани од своите домови. Метеоролозите предупредуваат дека очекуваните силни ветрови би можеле дополнително да ги разгорат пожарите во наредните денови.