Скопје
Започна манифестацијата “Денови на медот“ во центарот на Скопје
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски во четвртокот ја прогласи за отворена манифестацијата “Денови на медот“.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски во четвртокот ја прогласи за отворена манифестацијата “Денови на медот“.
Општина Центар е домаќин и на оваа, 11-та по ред манифестација. Почесен гостин, овој пат беше амбасадорот на САД, Џес Бејли.
“Оваа значајна манифестација, секоја година станува се’ по-популарна и позначајна. ’Пчеличките’ од сите градинки на територијата на општина Центар изнудија насмевки на сите нас. Организаторите на манифестацијата беа во сите градинки и на дечињата им говореа за значењето и хранливоста на медот“, рече Жерновски.
Градоначалникот Жерновски и амбасадорот на САД, Бејли, уживаа во настапот на децата од центарските градинки. Дегустираа и ги избраа најдобрите видови на мед. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).

