Култура
Вечер повсетена на Чајковски
Во Македонската филхармонија вечерва ќе се одржи концертната вечер посветена на творештвото на великанот на рускиот романтизам Петар Илич Чајковски
На концертот во Домот на АРМ со почеток во 20 часот ќе бидат изведени Полонезата од операта „Евгениј Онегин“, Концертот за пијано и оркестар број 2 со солистката Нина Костова-Јаневска и Симфонијата бр.3 „Полска“. Со оркестарот ќе диригира Јанко Кастелиц од Словенија. Ова е ретка прилика за македонските љубители на класичната музика да уживаат во прекрасните мелодии и мајсторските оркестрации во делата на еден од најголемите руски композитори на сите времиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Аплаузи и овации за познатиот актер и комичар Драган Маринковиќ – Маца во Крива Паланка
Со громогласен аплауз и на нозе беше поздравен еден од омилените актери и комичари во регионот Драган Маринковиќ-Маца, кој синоќа настапи со претставата „Каква ти е сопругата – таков си и ти“, во продукција на „Златен заб“ на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.
Публиката во салата на НУ Центар за култура Крива Паланка беше воодушевена од оригиналната актерска игра на познатиот и харизматичен Маца, се смееше на неговите шеговити реплики за вечната тема за бракот и машко-женските односи, но поттикна и размислување за смислата на животот.
Маца поентираше со пораката дека годините не смеат да се потрошат залудно, за да немаш со кого да се вратиш назад или со кого да продолжиш напред, нагласувајќи дека во животот не постои ништо важно, освен љубовта.
Тој ја поздрави кривопаланечката публика и изрази големо задоволство од гостувањето на театарскиот фестивал и престојот во Крива Паланка.
„Првпат сум во Крива Паланка, знам дека сте Град на културата, а со години слушам дека овде гостуваат многу мои колеги- актери, музички ѕвезди и уметници и постојано се прашував: „Боже колкава е таа Крива Паланка?“ Целосен респект што ја сакате уметноста и што уживате во неа. Ви посакувам уште многу фестивали“, порача Маринковиќ.
Вечерва, на шестата фестивалска вечер на МТФ„ Св. Јоаким Осоговски“ настапува Народниот театар„Стерија“ од збратимениот град Вршац, Србија, со претставата „Симпатија и антипатија“.
Култура
Во КИЦ групна изложба „Резонанца” по повод наградата „Борко Лазески“
Во Културно-информативниот центар во Скопје, најавено е отворање на изложбата на графики и слики од Јана Николовска, Антоанета Малинковиќ и Дорина Тенева насловена „Резонанца“
Групната излжба “Резонанца”, по повод наградата “Борко Лазески” ги обединува визуелните истранувања низ различните медиуми на авторките, ги претставува нивните лични, интроспективни тематики кои имаат за цел да го доведат гледачот во контемплативна состоjба.
Јана Николовска е родена во Битола 2000 година. Завршила средно уметничко училиште во Cкопjе во ДCУЛУД “Лазар Личеноски”, насока сликарство. Дипломирала на факултетот за ликовни уметности во Cкопjе во 2023 година насока сликарство во класата на проф. Антони Мазневски, а моментално е во тек со магистерски студии.
Антоанета Малиновиḱ е родена во Cкопjе 2000 година. Завршила средно училиште во гимназиjа Јосип Броз Tито, а го студира сликарството и дипломира во 2023 година на Факултетот за ликовни уметности во Cкопjе. Истата година таа станува член на Друштвото на ликовни уметници – ДЛУМ и учевствува на групни излонби.
Дорина Tенева е родена во Cкопjе 2001 година. Завршила средно уметничко училиште ДCУЛУД –“Лазар Личеноски” по насока сликарство. Продолнува да го студира сликарството на Факултетот за ликовни уметности во Cкопjе под менторство на проф. м-р. Антони Мазневски, а дипломира во 2023 година. Истата година станува член на Друштвото на ликовни уметници – ДЛУМ и учевствува на групни излонби.
Изложбата ќе биде отворена до 20.10.2024 година.
Култура
Премиерен концерт на Лука Шестак во Македонската филхармонија
На 19 октомври, сабота со почеток во 20.30 часот како дел од европската турнеја во Големата Сала на Македонска Филахармонија за прв пат во Македонија ќе настапи германскиот пијанист Лука Шестак.
Пијанист и композитор, кој е светски признат по својата виртуозност, комбинирајќи класична музика со џез, поп, блуз, фанк, хип-хоп и електронски стилови . Со неверојатни 30+ милиони прегледи на неговиот You Tube канал, а воедно и добитник на меѓународни престжни награди во областа на музиката слободно може да се каже дека ѕвездата е родена.
По неговото издание во 2020 година на синглот „Right or Wrong“ за Sony Music, Шестак се враќа до неговите корени со албумот „Lighter Notes “ со кој и премиерно ќе се претсави на македонската публика.
„Во текот на годините, мојата музика беше под влијание на џез, фанк, поп, блуз, хип хоп и електро битови. Со „Lighter Notes“ сакав да создадам албум кој ги прикажува овие влијанија, но не е „вообичаениот“ албум со џез звук што може да се очекува“, ќе изјави Шестак.