Култура
Мјузик прогресив ќе ја промовира македонската музика во САД
Почнувајќи од саботата во наредните десет дена (од 17 до 27-ти март), квартетот Мјузик прогресив по третпат ќе гостува во Соединетите држави каде што ќе одржи пет концерти и еден мастер клас претставувајќи го македонскиот мелос пред американската публика.
Почнувајќи од саботата во наредните десет дена (од 17 до 27-ти март), квартетот Мјузик прогресив по третпат ќе гостува во Соединетите држави каде што ќе одржи пет концерти и еден мастер клас претставувајќи го македонскиот мелос пред американската публика.
На фестивалот „Балкански музички вечери“ кој оваа година се одржува по 27-ми пат во градот Конкорд во сојузната американска држава Масачусетс, македонскиот квартет Мјузик прогресив ќе ја започне турнејата со настап на главната сцена во уметничкиот центар на Нова Англија. Во конкуренција на 25 музички состави, организаторот на фестивалот го одбра Мјузик прогресив да се претстави како во централната програма, така и во рамките на оф-програмата, истата вечер.
По овие две изведби, следува настапот во Бостон, во култниот џез клуб „Лилипед“, каде свои настапи истиот месец ќе имаат и „MMВ“ триотото, тенор саксофонистот Џерт Беронзи и џезерот Том Закарели.
Потоа, по покана на реноминраната музичка академија „Лонџи“ во Бостон, членовите на Мјузик прогресив квартет ќе одржат концерт и семинар – работилница за студентите на оваа академија, која оваа година прославува 97-годишнина од своето постоење. На оваа работилница, музичарите од Мјузик Прогресив ќе говорат за камерното музицирање, традиционалната македонска музика и фолклор со препознатливите неправилни ритми, како и за својот професионален развој.
По настапите во Бостон, следуваат два настапа во Њујорк. Првиот ќе се случи во џез клубот „Дром“, каде што заедно со композиторот Дуке Бојаџиев ќе настапат по повод промоцијата на неговиот нов аудио запис „Сон, верба, љубов“. Вториот настап во Њујорк, кој водено ќе биде и завршен концерт на десетдневната турнеја на овој состав ќе се реализира на настанот „ЕМСИ Мандејс“ во организација на Милица Параносиќ, продуцент и професор на престижната музичка академија „Џулијард“.
Мјузик Прогресив квартет (Music Progressive Quartet) е камерен музички ансамбл, формиран во 2007 година во кој членуваат обоистот Владимир Лазаревски, виолинистот Владимир Крстев, виолистoт и композитор Марко Виденовиќ. како и челистот Паскал Краповски. Главна идеја и воедно движечка сила на овие млади музичари е да донесат нов звук на светската музичка сцена, презентирајќи го успешно македонскиот традиционален фолклор со влијание на модерниот џез, и сето тоа отсвирено оргинално на инструменти кои најчесто се застапени во класичната музика.
Квартетот досега има одржано голем број концерти, како во Македонија, така и во странство. Најзабележителниот настап на квартетот е концертот во октомври 2009 година, во познатиот џез клуб во Виена „Porgy & Bess“, каде што покрај својот самостоен концерт, членовите на Мјузик прогресив имаа и заеднички настап со истакнатиот македонски џез музичар Тони Китановски.
Портфолиото на квартетот вклучува настапи на фестивали како: „ Blues and Jazz Rallye “ во Луксембург, „Balkan music nights“ во Конкорд, САД, „Geza Balazs Gari jazz festival“ во Кикинда,Србија, “Денови на словенска писменост“ во Москва, “Ensemble studio theatre“ во Њујорк, “Битфест“ во Битола, “Modooars“ во Скопје и други.
Во 2009 година, квартетот го издаде својот прв носач на звук „Stream“.
Членовите и основачи на Мјузик прогресив се дел од поставата на Македонската филхармонија, а воедно и предаваат на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип./крај/со/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.
Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.
Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.
Култура
Почина Георги Сталев Поповски
Друштвото на писателите на Македонија информира дека на 30 декември 2025 година, во 95. година од животот, почина Георги Сталев Поповски, поет, прозаист, преведувач, драмски писател, научен работник и поранешен универзитетски професор, доктор по филолошки науки и најстар член на писателската асоцијација.
Георги Сталев Поповски е роден на 22 април 1930 година во Витолиште, а почина во Скопје. Високото образование го завршил на Филозофскиот факултет во Скопје. Во текот на својата богата професионална кариера, меѓу другото, бил и долгогодишен уредник на списанието „Современост“.
Член на Друштво на писателите на Македонија бил од 1956 година, како прв член примен во Друштвото по заслуга на своите достигнувања во областа на книжевниот превод.
Поповски е добитник на бројни признанија и награди, меѓу кои двапати наградата „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија за книжевна критика и есеистика, наградата „Златен лавров венец“ за најдобар драмски текст на фестивалот „Мали и експериментални сцени“ во Сараево (1972), наградите „Григор Прличев“ и „Кирил Пејчиновиќ“ за книжевен превод, медалот од Фондот „Лермонтов“ во Москва, како и македонските државни награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, како и наградата на Град Скопје „13 Ноември“.
Тој останува актуелен и во 2025 година како еден од авторите на збирката раскази Она што се памети живее („Никогаш докрај раскажани приказни“) во издание на ДПМ, во која е застапен со расказот „Доста ми е власт играње“ – сеќавање на неговиот татко, Стале Попов, корифејот на македонскиот роман.
Култура
Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар во Скопје.
Режисерката Тамара Котевска изјави дека филмот првенствено бил создаден за домашната публика, без амбиција да стигне толку далеку на меѓународната сцена, додавајќи дека токму реакцијата од македонските гледачи за неа има најголема тежина.
Таа посочи дека, иако ѝ е драго што филмот бил прикажан и прифатен од светската публика, најважно ѝ е што ќе го гледаат луѓето низ цела Македонија. Котевска најави дека се планираат премиери и проекции во сите градови, нагласувајќи дека жителите на помалите места заслужуваат да имаат можност да го видат филмот.
„Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ценам што го видовте денес сите вие и што допрва ќе го гледа цела Македонија“, истакна Котевска.
Таа нагласи дека луѓето како Никола и неговото семејство се суштината на приказната и причината зошто создава вакви филмови, додавајќи дека особено ѝ значи да ги раскажува и приближува приказните од помалите и поскриени средини во Македонија, кои, како што рече, се суштински дел од културата и светот во кој живееме.
„Приказната за Силјан“ имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, и доби повеќе значајни меѓународни признанија.
Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

