Македонија
Адвокатот Рауфи го напушти рочиштето за „Диво насеље“ поради немање услови
Адвокатите од одбраната на обвинетите во случајот „Диво насеље“, сметаат дека во средата во судот немало обезбедено услови за да се спроведе фер судење, при што адвокатот Насер Рауфи ја напушти судницата.
Тој, пред судот образложи дека салата е претесна, а сите роднини кои дошле пред судот не можат да го следат судењето, иако, според него, судот е должен да обезбеди услови за непречено одвивање на сослушувањето.Откако ја напушти судницата, побара пред наредното сослушување сведоци судот прво да обезбеди услови.Судиката вели дека Судот ја поседува само таа поголема судница и според неа обезбедени се можности за присуство на сите обвинети, а секако според можностите, на судењето присуствуваат и дел од роднините. Таа на Рауфи му посочи дека доколку некој ја напушти судницата ќе биде казнет и согласно законот ќе биде должен да ги нодомести сите трошоци за постапката. Тој сепак ја напушти седницата, а освен него и останатите адвокати во своето излагање се пожалија дека во судницата нема место ниту каде да ги остават чантите. Според адвокатот Шазивар Исеини залудни се напорите на судот, бидејќи според него опструкциите доаѓаат од повисоките правосудни органи. Инаку, на денешното рочиште треба да сведочат четворица сведоци од Диво насеље и еден полицаец. За сведокот Шабан Јашари од Куманово кој не одговорил на повикот на Судот издадена е наредба за стражарско приведување, меѓутоа наредбата не е извршена, бидејќи на двете локации во Куманово тој не е пронајден. Поради условите во судницата новинарите се сместени во посебна просторија, односно библиотека на судот, од каде рочиштето го следат во живо преку видео пренос./крај/мф/
Извор: Нова ТВ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

