Контакт

Култура

Последното ремек дело на Леонардо првпат во Лувр

Објавено пред

Последното големо дело на италијанскиот ренесансен мајстор Леонардо Давинчи „Света Ана со Мајката Божја и Исус“, по реставрирањето проследено со многу контроверзи, од четвртокот е изложено за јавноста во рамките на амбициозната изложба организирана во парискиот музеј Лувр.

dobivaj vesti na viber

Како што се истакнува на интернет страницата на Лувр, делото „Света Ана со Мајката Божја и Исус“ е централниот експонат на извонредната изложба којашто низ 130 подготвителни скици и студии на Леонардо Давинчи и неговите ученици, се обидува да го следи развојот на идејата и концепцијата на нејзиното настанување, нудејќи така и систематски приказ на развојот на Леонардо во последните години од животот.

Сликата којашто ја прикажува Богородица со нејзината мајка света Ана и малиот Исус, на којашто Леонардо макотрпно работел последните 20 години од својот живот, мина низ интензивен 18-месечен процес на реставрирање што и’ даде нов живот, трансформирајќи ги мрачните избледени нијанси во „живи“ тонови на кафена и ултрамарин – лапис лазули, најскапата боја на сите времиња со којашто е насликана.

Импресивните скици и математичките пресметки претставени на изложбата во себе го кријат клучот не замо за растајнувањето на уметноста на нејзиното настанување, туку и клучот кој ги отвора портите за сознанијата за Леонардо Давинчи како човек, во неговото време попознат по неговиот научен труд, кој многу години од својот живот посветил на научните истражувања коишто ги сметал за основа на уметноста.

„Оваа изложба е вистинска научна работилница. За Леонардо, уметноста е втемелена во таоретското знаење и природата, и нејзиното функционирање“, вели за изложбата нејзиниот кустос Винсент Делиеувен.

Освен изложените композициски скици, подготвителните цртежи и пејзажните студии коишто го илустрираат медитативниот карактер на Леонардо и го разоткриваат следот на идејните решенија кои се дел од неговиот творечки процес, изложени се и други слики на Леонардо Давинчи, како доказ дека „Света Ана…“ претставува вистинската кулминација во неговото творештво.

„Сакајќи да ја прикажеме посеопфатно иновативната природа на ова дело, со изложбата којашто ќе трае до 25-ти јуни, исто така се настојува да се репозиционира ‘„Света Ана со Мајката Божја и Исус’ во иконографската традиција на прикажаната тема, како и да се докаже нејзиното значајно влијание врз италијанската уметност од почетокот на 16-от век“, се наведува натаму во најавата на изложбата.

Почетокот на разоткривањето на постапната и сложене генеза на настанокот на оваа слика датира наназад уште од 1501 година, кога првпат се споменува во приватната преписка на Изабела Десте (Isabelle d’Este), маркизата од Мантова и една од водечките жени во италијанската ренесанса и клучна културна и политичка фигура. Давинчи континуирано продолжувал да работи на усовршувањето на својата амбициозна композиција, неуспевајќи да ја доврши пред својата смрт во 1519 година.

Процесот на нејзината реставрација предизвика големи контроверзи. Пред седум години париски Лувр се откажа од обидот за чистење на оваа слика, стравувајќи дека растворите ќе дејствуваат врз „сфумато“ техниката на Леонардо. Откако во 2009 година сепак започна реставрацијата, двајца француски врвни уметнички стручњаци поднесоа оставки од советодавната комисија на Лувр, тврдејќи дека реставраторите премногу го посветлуваат делото, давајќи му сјајност, што воопшто не била намерата на Леонардо. Меѓутоа, откако конечниот производ беше претставен, разијдувањата во мислењата сепак се ублажени./крај/хи/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Кога тишината и допирот зборуваат погласно од сликите: Премиера на „Толку е тивко“ на Театар Пи во Ѓорче

Објавено пред

На 27 декември со почеток од 19:00 часот, во Центар за култура Ѓорче Петров, ќе се одржи премиерата на најновата театарска претстава „Толку е тивко“ на Театар Пи.

dobivaj vesti na viber

„Толку е тивко“ е филозофска и длабоко сензитивна театарска исповед во која светот се открива низ внатрешниот поглед на девојче што го изгубило видот. Наместо визуелни слики, просторот се гради од звуци, допири, тишини и сеќавања, претворајќи ја сцената во жив лавиринт на чувства и мисли. Претставата ја води публиката низ детството, загубите и растењето на главниот лик, каде темнината не е празнина, туку место во кое се раѓаат светлина, пријателство и смисла.

Со несекојдневни сценски средства и силна емотивна нарација, „Толку е тивко“ ја преиспитува перцепцијата за гледањето, постоењето и значењето на тоа што навистина значи да се „види“ светот.

Режијата и концептот се на Златко Митрески и Македонка Илиевска Митреска, а претставата е работена по автобиографски разкази на Борка Тадиќ.

Проектот е поддржан од Општина Ѓорче Петров, а учесници се ученици од основните и средните училишта од Ѓорче Петров и корисници на ЦПЛИП Порака Скопје. Организаторите упатија благодарност до Александар Стојкоски, Сара фешн, ЦПЛУП – Порака Скопје.

Билети за претставата се достапни на: https://www.karti.com.mk/tolku-e-tivko-teatar-pi.nspx

Прикажи повеќе...

Култура

Во Драмскиот театар се одржа комеморација за актерот Лазе Манасковски

Објавено пред

Од

„Кога заминува актер, не заминува само човек, заминува цел еден свет, цел еден универзум што тој го создавал на сцената. Со силен аплауз да го испратиме универзумот на Лазе Манасковски“ – со овие зборови во името на македонското глумиште директорот на Драмскиот театар Скопје, Роберт Вељановски, му оддаде последна почит на истакнатиот македонски театарски, филмски и телевизиски актер Лазе Манасковски.

dobivaj vesti na viber

Во присуство на семејството, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, голем број колеги, пријатели и почитувачи, денес во Драмскиот театар се одржа комеморацијата за актерот Лазе Манасковски.

Во телеграмата со сочувство испратена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се истакнува дека: „Лазе Манасковски оствари незаборавни ролји во кои беспоштедно се вложуваше предавајќи ѝ се на божицата Талија. Ќе го помниме него, но и ликовите што со жар и со љубов ги толкуваше вдахнувајќи им живот и давајќи им уметнички печат“.

Министерот Зоран Љутков во телеграмата напиша: „Се простувам од човек со кого делев сцена, време и професија, од уметник, чија посветеност, тивка сила и длабока човечност оставија трајна и неизбришлива трага во македонскиот театар. Лазе Манасковски беше актер што не се штедеше себеси, кој со искреност и достоинство ја живееше уметноста и ѝ служеше со целото свое битие. Ќе недостигаат неговиот глас и енергијата што ја носеше со себе. Изгубивме колега од кој се учеше за професијата, но и за човечноста“.

Телеграми со сочувство беа испратени од колегите од повеќе македонски театри, како и од Факултетот за драмски уметности. На комеморацијата последен поздрав упатија актерот Благоја Чоревски, а со свое емотивно обраќање пред присутните се обрати синот на Лазе, актерот Симон Манасковски.

Актерот Лазе Манасковски е роден 27 март 1958 година во Скопје, а почина на 20 декември 2025 во Скопје. Дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1982 година. Во Драмскиот театар е вработен во 1983 година, каде што е професионално ангажиран сѐ до неговото пензионирање во 2022 година.

Во театрографијата на неговата матична куќа останува забележено дека Лазе Манасковски на сцената на Драмскиот театар дебитира уште како студент со улогата Тајниот пират во детската претстава „Џон Пиплфокс“ по која остварува улоги во повеќе од педесетина претстави.

Дел од ликовите што ги игра Манасковски во театарот се: Славко Милосавлевиќ во „Карамазови“, Јован во „Салома“, Стеван Савски во „Собирен центар“, Роже во „Балконот“, Калибан во „Бура“, Хеликон во „Калигула“, Били во „Маратонците го трчаат почесниот круг“, Даме во „Кумови“, Дезертер во „Вазна од порцелан“, Бејбифејс во „Ова не е американски филм“, Дон Гусман во „Свадбата на Фигаро“ или „Налудничав ден“, Помладиот брат во „Дунек“, Егеј и Гоце Гладник во „Сон на летната ноќ“, Херера во „Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид“, Брендан во „Поручникот од Инишмор“, Коле Сукало во „Сон на летната ноќ“, Духот во „Хамлет“, Киро Стап во „Чија си“, Димитрија во „Буре барут“, Раде Кепевски во „Како да се ограби банка?“, Поул во „Фестен“, и во последната негова претстава во продукција на Драмскиот театар го игра ликот на Мак-Бум во „Пантаглез“.

Манасковски остварува и повеќе филмски и телевизиски улоги. Публиката го памети по ликовите од филмовите: „Сенки“, „Исцелител“, „Врба“, „Хомо“, „Кајмак“ и во телевизиските серии: „Трст виа Скопје“, „Македонски народни приказни“, „Тврдокорни“, „Македонија може“, „Чудовиштата во нашиот град“, „Во светот на бајките“, „Заведени“, „Фамилија Марковски“, „Преспав“, „Бистра вода“ и многу други.

Македонскиот уметник, актерот Лазе Манасковски, беше погребан во понеделникот во присуство на семејството, многуте колеги и претставниците на македонската театарска и културна јавност.

Прикажи повеќе...

Култура

„Лилјакот“ повторно на сцената на МОБ: спектакуларна оперета на 26 декември во Скопје

Објавено пред

По три одлични изведби, „Лилјакот“ ќе се изведе повторно на големата сцена на МОБ за вечер исполнета со музика, хумор и емоции, културно доживување што ја освои пуб-ликата и критиката, соопшти организаторот.

dobivaj vesti na viber

„Македонската опера и балет со гордост ја најавува четвртата изведба на оперетата „Лилјакот“ (Die Fledermaus) од Јохан Штраус II, која ќе се одржи на 26 декември 2025 година. По две претходни изведби што предизвикаа бурни аплаузи, високи оценки од публиката и критичката фела, ова ремек-дело на класичната музика се враќа како еден од најочекуваните културни настани во декемврискиот репертоар.

„Лилјакот“ е светски позната оперета што ја слави радоста, музиката и ведрината на животот, со шармантни сцени, хумор и незаборавни арии. Оперетата ја освои публиката, која ја опиша како „возбудлива, духовита и емоционално живописна“ и која ја поздрави со овации и силни аплаузи“.

Оваа изведба, под диригентска палка на Бисера Чадловска и во режија на Љупка Јакимовска, нуди уште една можност за љубителите на уметноста да уживаат во празнична вечер исполнета со музика, раскош и многу смеа.

Доколку ја пропуштивте претходната изведба, ова е вашата можност да бидете дел од ова празнично културно искуство и да ја почувствувате магијата на „Лилјакот“ во живо, вели организаторот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово

Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми...

Македонија4 часа

Бугарија понуди мазут за Македонија, од Владата уверуваат дека не е потребна надворешна помош

Бугарија ѝ понудила на Македонија итни залихи на мазут, со цел да помогне во надминување на кризата во снабдувањето со...

Македонија6 часа

Мухамет Хоџа и Беким Сали се новите министри во Владата

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски...

Македонија8 часа

Вработените во Народниот правобранител алармираат: Се наоѓаме во безизлезна состојба

Вработените во Народниот правобранител и двајцата преостанати заменици на народниот правобранител велат дека се наоѓаат во безизлезна состојба и дека...

Македонија10 часа

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби-возила за „Пошта“

Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот....

Македонија11 часа

Мицкоски со порака до граѓаните што заминале во странство: Каде и да одите, колку и да сте успешни, таму секогаш ќе бидете дојденци

Вашето враќање е порака дека Македонија не е заборавена, корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува,...

Македонија12 часа

Наќе Чулев: Незаконски бев отпуштен од работа, со години трпев јавно понижување

Поранешениот директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, објави дека судот донел пресуда во негова...

Македонија12 часа

(Видео) „100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја“, прашува Димитријевиќ

„Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ја покачи сметките за струја, удри по стандардот на народот. Државата нема...

Македонија12 часа

Вонредни екипи ќе ги читаат броилата за време на празниците и викендите

Зголемен е процентот на отчитување на броилата на 95% на тримесечно ниво (на 90% на месечно ниво), таргетирани се 10.000...

Македонија13 часа

Нов дефокус, сега Бугарите се криви за покачувањето на струјата, велат од СДСМ

„Ги слушаме претставниците на ВМРО Ванчовистичка во јавните настапи како зборуваат за внесување на Бугари во Устав. Дали сега за...

Македонија14 часа

Андреј Жерновски, симбол на неуспех и директен учесник во скандали и предавство на националните интереси, не е и не може да биде нов лик на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС може колку сака да го претставува новоформираното партиски раководство, како кадровска реформа и „нова“ сила, тоа не поминува. Реформа...

Македонија14 часа

„Една од институциите во која видни партиски лица од СДС и ДУИ си ги сместувале своите најблиски е ‘ЕСМ снабдување со топлина’, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„За СДС и ДУИ ништо не било свето. Институциите ги гледале единствено низ призмата сместување во топлите и удобни фотелји...

Македонија14 часа

Додека граѓаните плаќаат најскапа струја, власта се правда дека покачувањето е минимално, велат од партијата Левица 

„Наместо покачување на платите и животниот стандард, граѓаните од јануари ќе плаќаат повисоки сметки за струја, благодарение на немањето визија...

Македонија15 часа

„Две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната небрежност во јавното здравство“, велат од „Влен“

„Вчера, на седницата на Владата, беа донесени две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната...

Европа15 часа

(Видео) Украинците: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница

Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека соборила модернизиран поморски извидувачки авион Ил-38Н „Sea Dragon“ во руската воздухопловна база во...

Европа15 часа

(Видео) Нова експлозија во Москва во близина на местото на кое пред два дена беше убиен генерал

Експлозија што се случи синоќа во јужниот дел од Москва уби три лица, вклучувајќи двајца припадници на руската сообраќајна полиција,...

Европа15 часа

Папата: Русија се чини дека го одбила барањето за примирје за Божиќ

Папата Лав XIV повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет вчера вечер, без да спомене никаков конкретен конфликт, но...

Европа16 часа

(Видео) 12 дрона соборени длабоко во Русија, остатоци од еден предизвикаа пожар во објект

Над Тулската област, која се граничи со Московската област на север од земјата, руската воздушна одбрана уништи 12 украински дронови,...

Свет17 часа

(Видео) Експлозија во дом за стари лица кај Филаделфија: најмалку двајца мртви, се стравува дека има повеќе

Две експлозии и пожар, очигледно предизвикан од истекување на гас, го зафатија домот за стари лица во близина на Филаделфија,...

Македонија1 ден

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Владата на денешната редовна владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со...