Забава
Една година од смртта на поп-иконата Мајкл Џексон
Овој викенд во САД и во целиот свет, се обележува една година од смртта на кралот на поп музиката со различни манифестации.
Овој викенд во САД и во целиот свет, се обележува една година од смртта на кралот на поп музиката со различни манифестации.
Мајкл Џексон (50) почина на 25 јуни минатата година од прекумерна доза на анестетик, а неговата смрт беше подоцна прогласена како убиство без умисла, за што неговиот лекар, Конрад Мареј беше обвинет.
Иако познатиот пејач почина во долг од околу 400 милиони евра, во изминатата година, неговото богатство се зголеми за неверојатни една милијарда долари, пишува американскиот печат.
Ненадејната смрт на светската поп-ѕвезда, придонесе скок во продажбата на неговата музика, како и успехот на документарецот “Ова е тоа” турнеја, што не успеа да ја почне.
Мајката на пејачот Катерина (81) во петок ќе гостува во неколку емисии со цел да ја сподели болката на семејството и година дена по неговата смрт. Неодамна таа изјави дека децата на Мајкл, Мајкл (13), Париз (12) и осум-годишниот принц, Бленкет, за прв пат по година дена ќе почнат да ја следат наставата во училиштата со оглед на тоа дека до сега имаа приватни часови дома.
Во родниот град на Мајкл, Гари, Индијана, ќе има свечена церемонија со свеќи, а се очекува бројка од десетици илјади фанови да се приклучат на церемонијата одејќи до неговиот гроб во Глендал, Калифорнија.
Концертот „Мајкл засекогаш“ ќе се одржи во Беверли Хилтон, хотел во Беверли Хилс, организиран од неговите фанови, а дел од приходите ќе бидат платени во омилените хуманитарни фондации на поп-иконата.крај/mondo/сс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мажите родени во овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак
Секоја врска е единствена, вклучувајќи го и бракот. Но, иако изгледа дека некои парови ги откриле тајните на среќниот брак, можеби и астрологијата е фактор за нивниот успех. Мажите родени под овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак.
Бик
Мажот роден во знакот Бик е идеален партнер за долгорочен брак. Биковите се познати по својата чувствителност и романтична природа, што значи дека секогаш ќе се трудат пријатно да ја изненадат својата сакана.
Рак
Раковите се вистински мајстори кога станува збор за грижата за своето семејство и партнерот. Мажите родени во овој знак носат топлина, сочувство и емоционална поддршка во секоја врска. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги разберат потребите на своите партнери без многу зборови.
Девица
Девиците се познати по педантноста и аналитичката природа, што ги прави идеални партнери за стабилен брак. Мажите родени во овој знак ќе и се посветат на партнерката со иста грижа и прецизност како што и пристапуваат на секоја друга задача.
Вага
Мажот роден во знакот Вага носи хармонија и рамнотежа во секоја врска, вклучувајќи го и бракот. Нивната способност да преговараат и да решаваат конфликти ги прави одлични партнери со кои е лесно да се договорат. Вагите секогаш ќе го бараат најдоброто решение за двајцата партнери, правејќи го бракот хармоничен и задоволувачки.
Забава
Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот
Српскиот пејач Никола Роквиќ веќе 14 дена патува пеш до Грција. Крајната дестинација на пејачот е манастирот Нектариј Егински, каде пејачот ќе се поклони и ќе го заврши подвигот кој го почна за хуманитарни цели.
Никола Велигден го помина во Македонија. Пејачот веќе објави фотографии и видеа на кои покажа како е пречекан во Куманово и Свети Николе.
„Стигнав на денешната дестинација. Голема радост е со мене, на местото Свети Николе, во храмот Свети Никола. Нашите драги домаќини ми кажаа дека ова место е токму местото каде што св. Никола му го вратил видот на Стефан Дечански. Вечерва овде ќе го славиме Велигден, многу сум среќен“, рече Никола.
Забава
Марко Новески објави прва фотка со близначињата: „Мојата дупла среќичка“
Водителот Марко Новески на својот Инстаграм профил објави прва фотографија со новородените близначиња Веда и Вања.
Новески, на 23 април 2024 откри дека заедно со сопругата станале родители и тогаш на неа и се заблагодари на сопругата што му го остварила најголемиот сон.
View this post on Instagram
10-тина дена по раѓањето, Марко објави фотографија, а во прегратка му се двете дечиња.
„Мојата дупла среќичка“, напиша тој,