Регион
Орешковиќ се сретна со Грабар Китаровиќ, сé уште нема решение за политичката криза

Хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ во понеделникот оствари средба со претседателката Колинда Грабар Китаровиќ, во обид да се придвижат работите околу политичкатак риза во земјата, пренесуваат хрватските медиуми.
Хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ во понеделникот оствари средба со претседателката Колинда Грабар Китаровиќ, во обид да се придвижат работите околу политичкатак риза во земјата, пренесуваат хрватските медиуми.
Според пишувањата на Jutarnji list, хрватската претседателка поради кризата ги одложила патувањата предвидени за оваа недела. На средбата со Орешковиќ станало збор за состојбата во државата, откако земјата се најде во сериозна политичка криза поради нарушените односи меѓу лидерите на партиите кои ја сочинуваат владејачката коалиција, Томислав Карамарко и Божо Петров.
Орешковиќ минатата недела ги повика лидерот на ХДЗ, Карамарко и на Независната листа Мост, Петров да поднесат оставки поради нарушените односи. Петров одговорил дека е подготвен да се повлече доколку така одлучат од Мост, додека пак Карамарко ја отфрлил таквата можност, соопштувајќи дека Орешковиќ и Мост веќе не ја уживаат довербата на ХДЗ, најголемата партија во коалицијата.
Карамарко најавил дека ХДЗ ќе се обиде да состави ново мнозинство без Мост, а доколку не успее во тоа, тогаш ќе оди на нови избори. Се претпоставува дека до решение би можело да се дјде пред 18-ти јуни, кога е последниот рок за гласањето во Саборот за предологот на опозицијата за отповикување на Карамарко поради аферата „Консултант“.
Предлогот на опозициската Социјалдемократска партија за гласање недоверба на Карамарко ќе биде поддржан и од Мост, поради тоа што сметаат дека Карамарко е политички одговорен за аферата „Консултант“, во која што е вмешана неговата сопруга Ана./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.