Црна хроника
Еден фатен, се бараат уште тројца напаѓачи кои повредија четворица полицајци во Тетово

Полицијата фати еден, а уште по тројца напаѓачи трага, по нападот врз полицајци во Тетово, кои се обидувале да спроведат осудено лице, по што еден од полицајците се бори за живот.
Основното јавно обвинителство – Тетово, во координација со СВР-Тетово презеде дејствија за расветлување на вчерашниот кривично-правен настан во кој при обид за лишување од слобода на осуденик беа нападнати и повредени четворица полициски службеници.
При вршење на увидот на лице место се пронајдени, фотодокументирани и подигнати за вештачење повеќе траги, а се преземаат и мерки за пронаоѓање на напаѓачите.
Во текот на ноќта, во полициска станица во Тетово е приведен и задржан еден 36-годишен тетовец Е.Ј., за кој постои сомнение дека учествувал во настанот и спречил службено лице во извршување на службена должност.
Имено, настанот се случи во четврток попладне кога четворицата полициски службеници се обиделе да го лишат од слобода 40-годишниот И.И., кој се барал за издржување на едногодишна затворска казна. Тој се спротивставил и им дал отпор, а потоа со неговиот татко 69-годишниот А.И. и уште две лица физички ги нападнале полицајците. Таткото во нападот користел и метална прачка, со која на двајца полициски службеници им нанел тешки, а на другите двајца полесни телесни повреди.
Потешко повредените полицајци биле префрлени на скопските клиники, каде врз еден е извршен и хируршки зафат и тој се уште се бори за живот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.