Забава
Се обидел да размени „банкнота“ од милион долари
Африканец бил уапсен во Обединетите Арапски Емирати, откако се обидел да размени лажна банкнота од милион американски долари, соопштува тамошната полиција
Парчето хартија кое изгледа како банкнота на која е испишан износ од милион долари се користи како сувенир во еден американски милионерски клуб, изјавија од криминалистичката полиција во Абу Даби.Мажот на возраст од 44 години кој потекнува од една африканска земја и рекол на жената кај која се обидел да ја размени лажната банкнота, дека оваа банкнота се користи на меѓународниот пазар на пари и дека му треба нејзината помош за да ја стави во промет.И ветил дека ќе и даде 30 отсто од заработувачката, ако таа успее да размени повеќе такви банкноти.Мажот на полицијата и рекол дека е невин и дека е трговски агент со накит од Белгија и дека не знаел дека банкнотата е безвредна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Арогантни хороскопски знаци: никој не може да ја надмине нивната ароганција
Никој не е претерано заљубен во луѓе кои се себични. Арогантните знаци на Зодијакот на сите им одат на нервите.
Јасно е кој хороскопски знак е најарогантен. Сепак, тој не е единствениот кој може да се пофали со оваа иритирачка особина. Постојат уште има неколку претставници кои се сметаат себеси дека се почеток и крај на сè и дека се над сите други.
Арогантни знаци на Зодијакот
Лав
Се разбира, ова не е големо изненадување. Тие секако се еден од најарогантните знаци. За разлика од другите (обични смртници), тој мисли дека е супериорен, поважен и знае се. Сето тоа веднаш се забележува по нивниот однос бидејќи се прикажуваат театрално, добиваат внимание и уживаат.
Овен
Овните се познати по својот натпреварувачки и независен дух поради што често се позиционирани како лидери. Она што дефинитивно ги придвижува е тоа што кога нешто ќе го заинтересира нивниот ум, тие дефинитивно мора да научат или да го направат тоа по секоја цена. Во комбинација со големо его, тие мислат дека никој друг нема талент, динамика и способност да го направи тоа подобро од нив.
Девица
Доколку имате конфликт со некој во знакот Девица, подобро е да ја прекинете дискусијата што поскоро. Сакаат полемики, особено ако се поврзани со енциклопедиско знаење, па ќе почнат постојано да зборуваат, останувајќи стабилни како карпа. Тие се луѓе кои мислат дека знаат сè и се многу горди. Тие повеќе би сакале да затворат каква било дискусија отколку да слушнат или забележат која било друга гледна точка.
Јарец
На оваа листа спаѓаат и Јарците. Знаењата и искуствата што ги стекнале ги прават најспособни од сите. Тие веруваат дека знаат сè подобро од кој било и што е најдоброто нешто да се направи во секоја ситуација, додека, секако, другите немаат ни трошка поим за тоа. Ако некој го заврти грбот за време на нивните предавања, веројатно многу ќе се изнервира, а потоа ќе каже дека сигурно не сте го слушнале.
Забава
Објавен портретот на принцезата Кејт, фановите ужасени: „Дали е ова шега?“
Кралот Чарлс објави нов портрет, а сега портретот на Кејт Мидлтон се појави на насловната страница на магазинот „Татлер“ за да „ѝ оддаде почит на нејзината храброст“, и тоа два месеца откако принцезата од Велс во видео објави дека има рак.
Портретот го насликал британско-замбиската сликарка Хана Узор, која користела разни фотографии од принцезата за инспирација. Покрај портретите на принцезата, списанието објави и портрети на покојната кралица Елизабета Втора и кралот Чарлс.
Сепак, обожавателите на кралското семејство не беа воодушевени од портретот на нивната омилена принцеза. „Ова изгледа како дете да го нацртало“, „Кога стана Азијка?“, „Каков страшен портрет на толку убава жена“, „Дали ова е шега?“, се само дел од коментарите.
Инаку, и кога Чарлс го откри својот портрет, на социјалните мрежи бргу почнаа со исмејување.
Забава
(Видео) Деми Мур целосно се соблече за новиот филм: „Тоа беше многу ранливо искуство“
По години одбивање улоги, Деми Мур глуми во филмот „Супстанција“. Филмот ја имаше својата премиера во Кан, а актерката проговори за новото искуство во снимањето.
„Тоа беше многу ранливо искуство и бараше многу чувствителност и многу разговор за она што се обидувавме да го постигнеме“, коментира Деми Мур, која во филмот игра позната дама во пад.
Улогата на зависник, кој користи дрога на црниот пазар, е приказна за самоприфаќањето. Во филмот Мур користи репликатор на клетки за да создаде помлада и подобра верзија од себе, но мора да помине половина од своето време во мирување за да може помладата верзија да напредува.
Споредувајќи го своето тело со новата верзија на себе, Мур открила дека снимањето е емотивно искуство, кое не би било толку добро доколку не се поврзела толку добро со актерката Маргарет Квали.
„Имав некој што беше одличен партнер и со кој се чувствував многу безбедно. Очигледно бевме прилично блиски и голи, а исто така многу се разбравме во тие моменти за тоа колку се апсурдни овие одредени ситуации. На крајот на краиштата, се работи само за навистина канализирање на вашата комуникација и меѓусебна доверба“, рече Мур.