Економија
Јапонската деловна клима на највисоко ниво во шест години
Јапонската деловна клима го достигнала во декември највисокото ниво во последните шест години, објави во понеделникот тамошната централна банка, нагласувајќи го сé поизразениот оптимизам меѓу големите јапонски компании.
Тримесечниот истражување на Bank of Japan (BoJ) опфаќа анкета направена меѓу повеќе до 10.500 компании, при што соодветниот индекс на нивните очекување во декември 2013 година го достигнал највисокото ниво од декември 2007 година. Притоа подиндексот кој го мери расположението меѓу големите производители скокнал на плус 16, од септемвриските плус 12 поени.
Подиндексот кој го мери расположението меѓу компаниите надвор од производствениот сектор, исто така, скокнал, достигнувајќи ја највисоката вредност во повеќе од есте години, од плус 20, во однос на плус 14 колку што изнесуваше во септември,. Бројките ја претставуваат разликата меѓу компании коишто ситуацијата ја оценуваат како добри и оние коишто ја сметаат за лоша.
„Абеномијата (економската програма на премиерот Шинзо Абе) не им оди во позла само на големите извозно ориентирани компании, првпат од почетокот 1990-те бројот на малите компании кои деловните ги сметаат за поволни го надминал бројот на оние коишто ги сметаат за неповолни“, коментираат за Reuters од „Capital Economics“ во освртот на истражувањето на централната банка на Јапонија.
За да го поттикне забавеното стопанство и да ја сузбие дефлацијата којашто веќе со децении ја оптоварува Јапонија, премиерот Шинзо Абе одлучи позначително да ја зголеми јавната потрошувачка и да ја зајакне ликвидноста преку централната банка. Оттаму, неговите економски политики се нарекуваат популарно „абеманија“.
Така во првата половина од 2013 година некогаш анемичната јапонска економија со темпото на растот ги надмина сите земји во групата најбогати Г7, имајќи предвид дека владините мерки го притиснаа курсот на јенот, давајќи им поддршка на извозниците и јакнејќи ги пазарите на акциите.
Истражувањето Tankan покажува сепак дека големите компании ја намалуваат капиталната потрошувачка на крајот од фискалната година којашто завршува во март. Корпоративните вложувања спаѓаат, пак, меѓу клучните моменти од планот на премиерот Абе за справување со дефлацијата.
Во периодот од јули до септември годинава, јапонската економија пораснала за о,3 отсто, што значи дека остро забавила во однос на претходните три месеца кога скокна за 0,9 отсто. Со тоа владата ја намали почетната прогноза во која растот го процени на 0,5 отсто. На годишно вино активностите пораснале за 1,1 отсто, во однос на првично проценетите 1,9 отсто./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

