Култура
Нордиско лето во Скопје
Во петок почнува „Cool as can be – Nordic summer weekend in Skopje”, со изложбата „Мали парчиња од мали земји“ во МКЦ
Центарот за драмски уметности Т-хаус / Културниот центар ЦК и Нордискиот културен фонд по вторпат во земјава го означуваат почетокот на фестивалот на нордиска култура “Cool as can be – Nordic summer weekend in Skopje” .Проектот се случува од 03 – 05 септември и има за цел во еден викенд да ја претстави и приближи современата уметност и култура на нордиските земји преку 30 уметници и експерти од 7 земји од нордискиот регион – Шведска, Данска, Норвешка, Финска, Фарските острови, Исланд и Гренланд.Во рамки на фестивалот ќе се изведат 2 театарски претстави, 2 концерти, изложба на млади дизајнери, избор на кратки филмови, ќе се вкусува нордиска кујна и ќе се одржуваат работилници за театарска критика, актерска игра и работа со кукли и работилница з а подготвување на нордиска кујна. “Cool as can be – Nordic summer weekend in Skopje” ќе се случува во Младинскиот културен центар – Скопје кој за таа намена е трансформиран во куќа на нордиската уметност. Фестивалот е инициран и имплементиран од Центарот за драмски уметности Т- хаус / Културен центар ЦК и нордискиот културен фонд. Програма “Cool as can be – Nordic summer weekend in Skopje” 03. 09. 2010 (петок)19:00 ,,Мали парчиња од мали земји,, – изложба на современи парчиња облека, накит и додатоци – Фарски острови, Гренланд, Исланд20:30 ,, Манастирот,, (The Convent) – театарскa претстава – Jo Strømgren Кompany – Норвешка 04. 09. 2010 (сабота)11:00 ,, Тетарска критика,, – работилница со Cecilia Djurberg – Шведска13:00 ,, Нордиска кујна,, – презентација и работилница – Trina Hahnemann, Данска20:30 ,,Писателот,, (The Writer) – театарски перформанс | Jo Strømgren Кompany – Норвешка22:30 ,,NORDIC SHORT’S,, – филмски проекции под ведро небо | Норвешка, Шведска, Данска, Финска, Исланд 05. 09. 2010 (недела) 11:00 ,,Кукли,, – театарска работилница | Jo Strømgren Кompany, Норвешка 21:30 ,,French Films,, и ,,Movits,, – концерти – Финска, Шведска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Денес е Ден на македонскиот јазик
Петти мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“. На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.
Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.
Култура
Инспиративен настап на SIN PUSTINJE во Битола за Меѓународниот ден на џезот 2024
МКЦ-Битола по јубилеен 10-ти пат го одбележа Меѓународниот ден на џезот во Битола 2024. Во прекрасниот амбиент на кафе барот Порта Џез, Ахмед Буриќ, Дамир Имамовиќ, Тони Китановски и Иван Михајловиќ приредија несекојдневно музичко поетско доживување.
Во проектот станува збор за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведоа дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други делови кои на изведбата во живо му дадоа комплетна форма и магична атмосфера.
Овој концерт по десетти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.
Концертот се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.
Култура
Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ на 11 мај на „Мајските оперски вечери“
На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.
Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.