Контакт

Економија

Груевски: Домашните и странските компании да ги унапредат релациите

Објавено пред

Поврзување и унапредување на бизнис релациите на македонските компании со странските компании и зголемување на можноста што повеќе домашните компании да бидат добавувачи на странските производители во Македонија.

dobivaj vesti na viber

За ова стана збор на  форумот „Бизнис поврзување на странските инвеститори во Република Македонија со домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи“, кој се одржа во понеделникот во Скопје. Обраќање на форумот имаа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за економија Ваљон Сараќини. Премиерот Груевски истакна дека ова средба преставува уште еден чекор на Владата за изградба на подобри бизнис релации и поголема соработка меѓу компаниите кои што функционираат во Македонија.Тој порача домашните компании да ја интензивираат соработката со странските вложувачи, оценувајќи дека  бенефитот од тоа ќе биде двостран и огромен, како што се помали трошоци за производство, транспорт и увоз, заштеда на време, размена на технологии, знаења и вештини, поголема конкурентност, освојување нови пазари, реинвестирање.„Бенефитот од ваквото партнерство се огледа во повеќе сегменти и полиња, најпрво  користењето на услуги и репроматеријали од домашните компании во споредба со увозот на истите од странски држави значи директно намалување на  трошоците  производство и зголемување на додадената вредност на производите кои се произведуваат во Македонија. На тој начин директно се намалуваат трошоците за транспорт од подалечните земји и секако се одбегнуваат трошоците за царина“, рече ГруевскиТој  додаде дека меѓу клучните интереси на Република Македонија и на Владата е фирмите кои работат во државата да бидат што поуспешни и со поголема заработка.Од  друг аспект, успешноста на фирмите во голема мера значи задоволство на вработените и менаџерите и нови работни места, а пак, од аспект на државата,  доброто работење на фирмите значи нови странски инвестиции, подобар животен стандард и задоволство кај македонските граѓаните, наведе Груевски.„Да се работи во Македонија денес значи големи придобивки кои треба да се искористат до максимум, нашата позиционираност како земја со ниски даноци, добро образована и квалитетна работна сила, ниски трошоци за производство, многу поволности и даночните олеснувања  ги прават домашните компании конкурентни и посакувани како партнер во многу сегменти, истакна Груевски.Тој додаде дека Владата останува  доследна на заложбите за отвореност кон бизнис заедницата.„Нашата мисија останува иста, водењето бизнис во Македонија да биде лесен, брзорастечки и профитабилен процес. Во такви околности напредок и развој ќе има секоја компанија што работи и опстојува тука“, рече Груевски.Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески апелира во комуникацијата меѓу домашните и странските компании, активно да се вклучат и банките и финансиските институции со цел обезбедување поволни кредити. „Клучно е прашањето како македонските компании подобро да се интегрираат во синџирот на странски фирми, како макроекономските ефекти да се преточат на микро ниво, во зголемување на додадената вредност од присуството на странските вложувања, рече Ставрески.Според него странските и домашните компании, укажа треба да бидат компатибилни, а не да си конкурираат. Вицепремиерот Владимир Пешевски повика соработката на домашните и странските да стане една од клучните сегменти.Домашните фирми да ги воведат технологиите, менаџирањето, истражувањето и развојот на бараното ниво. Тоа веројатно ќе се случува во наредните 20 години, но патот мора да се изоди, да се направи првиот чекор, рече Пешевски. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Објавено пред

Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.

dobivaj vesti na viber

Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.

Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.

Фото: pexels

Прикажи повеќе...

Економија

Филипче: Следува поголема криза и нови поскапувања во 2026 година

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, говорејќи за економската состојба во државата, предупреди дека следната 2026 година ќе биде исклучително тешка и кризна за државата и за граѓаните, со нови поскапувања, зголемено задолжување и продлабочување на сиромаштијата.

dobivaj vesti na viber

„Ќе имаме многу кризна година. Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди евра. И тие задолжувања ќе бидат за тековни трошоци, нема да бидат за капитални инвестиции“, рече Филипче.

Тој посочи дека во Буџетот за 2026 година е намалена вкупната сума за капитални инвестиции, додека истовремено постои сериозен проблем со реализацијата на приходите.

„Десетина проценти ќе фалат. Тоа се 600 милиони евра во Буџетот. Ако на тоа се надоврзе долгот кон стопанството, повратот на ДДВ, тогаш околу милијарда евра, недостасуваат во Буџетот. Тоа беше една од причините зашто веројатно го затвораат порано. Тоа не се случило досега“, рече Филипче.

На брифинот, Филипче потенцираше дека дополнително и состојбата со енергетската криза е загрижувачка, поради лошото менаџирање со секторот од страна на власта, што доведе до покачување на цената на струјата.

„Поскапувањето на струјата ќе повлече поскапување на сите други продукти, сследи бран на огромни поскапувања на храната, на лебот, на млекото, на јајцата, на сите основни прехранбени продукти. Притоа, нема најава дека ќе има зголемување на платите, пропаѓаат преговорите со синдикатите“, рече Филипче.

Во тој контект, Филипче укажа дека следната година, инфлацијата тешко ќе може да се контролира.

„Ако предвидувањето за раст на БДП е некаде 3,7-8 проценти, а знаеме дека нашата структура на БДП е така поставена да две третини е лична потрошувачка, граѓаните нема да трошат повеќе за повеќе. Граѓаните ќе трошат повеќе за истото или за помалку, поради тоа што цените се ќе бидат повисоки, значи ќе живеат посиромашно“, рече Филипче.

Тој предупреди и на сериозен застој кај странските инвестиции, посочувајќи дека нема веќе раст и дека е прашање колку компании ќе ја напуштат земјата. Дополнително, како што кажа Филипче, значително е влошена ликвидноста на компаниите поради доцнењето на повратот на ДДВ.

„Компаниите веќе затвораат, се жалат дека поради тоа што немаат пари од повратот на ДДВ, ги затвораат компаниите, отпуштаат работници. Илјадници работници се отпуштени, изминатите неколку месеци“, посочи Филипче.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Филипче: 161 тендер доделени на една компанија, власта се грижи само за сопствени интереси

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со новинарите остро ја критикуваше актуелната власт за, како што рече, целосна насоченост кон тендери и грижа исклучиво за сопствените интереси, наместо за потребите на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

„Што прави власта во меѓувреме? Се грижи само за своите луѓе. Видовме примери 161 тендер доделени на една компанија, во вредност од 5,3 милиони евра. Друга компанија добила договори во износ од 9 милиони евра, само двајца вработени. Ова се бројки што јасно говорат за начинот на којшто функционира оваа власт“, изјави Филипче.

Тој посочи дека ваквите случаи не се изолирани и дека секојдневно излегуваат на виделина нови информации за сомнителни јавни набавки и злоупотреба на институциите.

Филипче истакна дека платформата на СДСМ Истражувачкиот центар за коруптивни операции (MICKO.mk) која неодамна беше отворена, секојдневно прима стотици документи и пријави од граѓани, вработени во јавни институции, како и од луѓе блиски и членови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сите ќе ги објави.

„Сакам да упатам една јасна порака дека во оваа борба за правда во државата никој нема да нè запре. Ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Решени сме во тоа. Секој еден којшто е замешан во корупција и криминал сакам да порачам дека ќе одговара “, порача претседателот на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Се наплаќале ПАП-тестови и други услуги кои ги покрива Фондот за здравство: извршени контроли поради претставки од граѓаните

Денес, директорите на Управата за јавни приходи и Фондот за здравствено осигурување одржаа заедничка прес-конференција на која го презентираа извештајот...

Македонија2 часа

Дислокацијата на цементарницата не е проблем, но не може како на шведска маса да бираме што да анализираме, а што не, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека решението за воздухот во Скопје е системско, кое ќе понуди алтернативен начин за загревање на...

Македонија2 часа

Мицкоски: Набавени нови 120 полициски возила за униформираната полиција

Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи...

Македонија3 часа

Беким Сали ја презеде функцијата министер за европски прашања

Денеска, во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања по вчерашната одлука на Собранието,...

Македонија3 часа

Пановски предупредува: Се шират лажни видеа со мојот лик, не купувајте такви производи

Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со...

Македонија4 часа

Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“

Советот на Град Скопје едногласно ја прифати иницијативата за дислокација на цементарницата „Усје“, поднесена од Зелен хуман град, по 13-часовна...

Топ4 часа

Уапсен кумановец на Табановце, шверцувал стари монети

Полицијата уапси кумановец на Граничниот премин Табановце, во неговото возило биле пронајдени стари монети. Вчера во 20:18 часот на Граничен...

Македонија5 часа

Филипче да одговори дали има удел во бизнисот на Заев за изградба на 42-катницата во Дубаи, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДС продолжува на дневна основа да штанца долги, бесмислени и конфузни соопштенија без никаква суштина, но ги нема збор да...

Свет6 часа

Полска пресретна руски авион над Балтикот, воздушниот простор е нарушен од Белорусија

Полска испрати борбени авиони да пресретнат руски извидувачки авион што леташе близу до нејзиниот воздушен простор над Балтичкото Море и...

Свет8 часа

Дали Зеленски ќе го исполни барањето на Трамп: Се разгледува одржувањето на претседателски избори

Првиот заменик-претседател на украинскиот парламент, Олександр Корниенко, го објави почетокот на работата на работната група која ќе се занимава со...

Македонија8 часа

Министерот Стоилковиќ објави видео од канцеларија со импровизирани кревети во кои работеле службеници од ДУИ

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на социјалните мрежи на која, според него, е прикажана канцеларија во...

Македонија21 час

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

„Јавноста да биде спокојна. Сè додека е оваа влада, нелегална миграција, легална миграција, како резултат на пропаднати апликации за азил,...

Македонија21 час

„Чичко, прскај нè оти така полесно дишеме“: Николов со потресно сведочење за трагедијата во„Пулс“

На денешното судско рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“, сведокот Дејан Николов, сопственик на автосервис во близина на дискотеката, во...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се талог затоа што ја критикуваат власта?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седницата за пратенички прашања во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски дали кога...

Топ1 ден

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар...

Македонија1 ден

Мицкоски: Груби побара да се избрише балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување на граѓаните Албанци

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека...

Македонија1 ден

(Видео) Дали Венко, кој има златна виза за Дубаи, е партнер на Заев во градењето на 40-катницата во Дубаи, прашува Манасиевски

„Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи. По сведоштвото од страна на Томе...

Македонија1 ден

Нацев кажа дека не бил во земјата кога се случи пожарот во „Пулс“ и се пожали на медиумски и јавен линч од безбедносни аналфабети

Судот ги слушна воведните зборови на сите 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“,...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски за состојбата во која е затекнат Градот: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка

На денешната седница на Советот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на град Скопје, се обрати со јасна и отворена...

Топ1 ден

(Фото) Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија

Вчера, со брза размена на информации преку центарот SELEC со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската...