Контакт

Економија

ММФ: Македонија макроекономски е стабилна

Објавено пред

Република Македонија води стабилна даночна политика и макроекономски е стабилна. Поседувањето на јасна визија, амбиција и стабилност е она што го бараат и ценат инвеститорите.

Ова во понеделникот во Скопје го истакнал  извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Мено Снел на средбата со македонскиот премиер Никола Груевски.Како што соопшти владината прес служба, соговорниците се осврнале на повеќе теми од областа на економијата и реформските процеси кои се важни за макроекономската стабилност и економскиот напредок на државата. Извршниот директор на ММФ  ги поздравил реформите кои ги прави Македонија оценувајќи дека нивната реализација ја вбројуваат во редот на најамбициозните држави во регионот. Тој истакнал дека е добар и плодотворен фактот што Македонија е ангажирана во насока на привлекување на инвестиции и нејзина меѓународна промоција што е значаен фактор на тој план.Снел потенцираше дека Република Македонија успева да изгради позитивна слика за реформите кои ги спроведува што придонесува за одржување на добра репутација значајна за странските инвеститори, се вели во соопштението. Премиерот Груевски го запознал својот соговорник со реформите и мерките кои се превземаат на планот на поттикнување на инвестициските вложувања, унапредување на трговската размена, како и обезбедувањето на стабилен економски развој.Владата на Република Македонија го дава максимумот на полето на обезбедување на долгогодишна макроекономска стабилност со ниска инфлација која во просек изнесува околу 2% во последните 10 години, како и  обезбедување на низок буџетски дефицит, истакнал Груевски.Премиерот го запознал соговорникот и со поволниот даночен пакет кој го нуди државата во насока на привлекување на инвестиции. Тој посочи дека во делот на даночниот систем воведен е најповолен пакет на рамни и ниски даноци и се поедноставени постапките за нивно пријавување и плаќање преку реформи во даночната администрација.Данокот на добивка и персоналниот данок на доход изнесуваат само 10% што е најниско ниво во Европа, а од оданочување ја ослободивме задржаната добивка која не се распределува во дивиденди, истакнал премиерот Груевски.Премиерот Груевски изразил благодарност за соработката со ММФ, како и можноста за обезбедување на поволни кредитни линии кои овозможуваат реализација на значајни проекти кои овозможуваат развој.Соговорниците изразија подготвеност за продолжување на соработката и размена на искуства кои ќе придонесат за полна реализација на реформите и економски развој. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

А1 Македонија со најдобрата новогодишна промоција во мобилната телефонија досега

Објавено пред

Неограничен мобилен интернет засекогаш на најбрзата мобилна мрежа

А1 Македонија со задоволство најавува збогатување на новогодишната кампања и продолжува со неверојатно атрактивни поволности овој пат за корисиците на мобилната телефонија. Со најновата промоција, корисниците на мобилната телефонија за прв пат добиваат единствена можност за неограничен мобилен интернет вклучен во тарифата и тоа засекогаш.

„Годината ја завршуваме со најатрактивната празнична промоција досега, со која корисниците на услугите добиваат уште повеќе бенефиции за вистинска и неограничена комуникација. Нашата намера е да ги разубавиме празниците за своите корисници и да ја дочекаат новата 2022 година непречено споделувајќи ги убавите мигови со своите најблиски. Отсега, со неограничен мобилен интернет засекогаш, корисниците добиваат можност безгрижно да сурфаат на најбрзата мобилна мрежа на најголемиот мобилен оператор во земјава. Атрактивните смартфони и уреди по најповолни услови пак, како дел од најновото портфолио ќе придонесат за премиум корисничко искуство при сурфањето на мобилен и следење на омилените содржини”, изјави Методија Мирчев, извршен директор во А1 Македонија.

Со новогодишната промоција, сите корисници кои ќе го обноват својот постоечки договор или склучат нов договор во A1 Neo M+ тарифниот модел ја имаат ексклузивната можност да добијат неограничен мобилен интернет на најбрзата мобилна мрежа со најповолни услови за домашниот буџет и да изберат од широката палета смарт телефони – Samsung A12 за неверојатни 0 денари или Samsung A52s 5G за 499 денари/месечно. Дополнително, преку опцијата за размена во апликацијата Мојот А1, корисниците ја имаат можноста за активирање на дополнителни бенефити, односно до 5GB-интернет во роаминг секој месец. Сите детали за најновата понуда можете да ги добиете на www.a1.mk

 

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Потпишан протокол за заемно признавање на овластен економски оператор со Р Србија

Објавено пред

Денеска на граничниот премин Прешево директорите на Царинските управи на Република Северна Македонија, г-ѓа Славица Кутиров и Република Србија г. Бранко Радујко, потпишаа Протокол за заемно признавање на одобрениjата за Овластен економски оператор (ОЕО).

Потпишувањето на протоколот произлезе од заклучоците на министерскиот состанок кој во рамките на иницијативата Отворен Балкан се одржа на 13-14 ноември во Ниш.

Со потпишувањето на овој протокол, Царинските управи на двете држави се обврзаа меѓусебно да го признаат процесот на валидација на одобренијата за Овластен економски оператор (ОЕС), спроведен во рамките на ЦЕФТА, процес кој започна во мај 2019 година, а заврши во јануари оваа година.

Со ова Република Северна Македонија и Република Србија станаа првите земји во регионот на Западен Балкан, што меѓусебно ќе почнат со оперативна примена на процедурите и придобивките со кои се стекнаа имателите на одобренијата за ОЕО.

Со овој протокол опфатени се 34 компании од Република Србија и 21 компанија од Република Северна Македонија. Истите во текот на декември како пилот, а од јануари 2022 и официјално ќе можат да ги применат поволностите при спроведување на царинските постапки во двете држави, врз основа на исти правила и критериуми, односно ќе имаат можност за: Намалени физички и документарни контроли при спроведување на царинските постапки, известување за контрола во случај кога пратката е селектирана за физичка контрола, приоритет при спроведување на физичките и документарни контролите во случај кога се селектирани за контрола, можност за избор на место за спроведување контрола, надвор од местото на царинскиот орган, приоритет при преминување на граничните премини

Овој протокол за заемно признавање на ОЕО треба да придонесе за полесно движење на стоките помеѓу двете држави и намалување на трошоците за извоз и увоз на имателите на овие одобренија.

На средбата се дискутираше и за другите области од заеднички инетрес, а кои активности произлегоа во рамки на иницијативата Отворен Балкан и се во тек.

Прикажи повеќе...

Економија

Дуќанџиите во ГТЦ: Проектот „Гранд“ ќе го заживее ГТЦ

Објавено пред

Следејќи ги најновите случувања и реакции во јавноста во врска со најавеното отпочнување со изградба на комплексот „Гранд“ кој е предвиден да се гради на паркингот наспроти „Холидеј ин“, во непосредна близина на Градскиот трговски центар, Здружението на сопственици на деловен простор во ГТЦ 1973 Скопје известува дека ја дава својата целосна поддршка за реализација на овој проект.

„Силно го поздравуваме почетокот на градбата и веруваме дека овој проект ќе го заживее ГТЦ, кој е едно од главните обележја на градот Скопје. Цврсто застануваме зад овој проект бидејќи сметаме дека уредувањето на овој простор ќе му даде нов лик на центарот на градот, отворајќи нова фреквенција на движење за граѓаните“, велат од таму.

Спoред нив, Градскиот трговски центар од ден на ден сè повеќе го губи својот сјај и тие се убедени како што напоменуваат, дека отворањето на комплексот „Гранд“ во Скопје на овој со децении запуштен простор во срцето на градот, позитивно ќе влијае на работата на сите дуќани кои се дел од овој трговски центар, заради што бараат поддршка и соработка од сите граѓани.

„Какви било опструкции од групи на граѓани, организации или институции, ќе бидат на штета не само на нас дуќанџиите од најстариот трговски центар, туку и на граѓаните на Скопје кои заслужуваат модернизирање на центарот на градот“, стои во нивното соопштение.

Воедно, ја поздравуваат и најавената соработка на инвеститорот со Град Скопје, Шумарскиот факултет и зелените организации во земјава за изготвување на решение и директна инвестиција за обновување на дел од Кеј 13 Ноември, како и градење на предвидениот пешачки мост кој ќе го поврзе јавниот простор кај „Дрводекор“ со ГТЦ и сметаат дека ваков потег дополнително ќе го заживее и осовремени просторот во близина на трговскиот центар, правејќи го модерно, атрактивно и урбано место за сите посетители.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

342 нови случаи на Ковид-19 и седум починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на...

Македонија3 часа

Димитров: Токму европската интеграција е процес во кој гледам шанса за обединување

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров како член на Националниот совет за европски интеграции при Собранието,...

Македонија3 часа

Јован Деспотовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Денеска во седиштето на СДСМ, кандидатура за внатрепартиските непосредни избори поднесе Јован Деспотовски, информираат од владејачкиот СДСМ. „До Централната изборна...

Македонија5 часа

(Видео) Со највисоки државни почести преземени телата на загинатите – семејствата во тага и неверување

Со највисоки државни почести беа преземени телата на 45 македонски државјани кои трагично го загубија својот живот во автобуската несреќа...

Македонија6 часа

(Видео) Пристигнаа останките од трагично загинатите во автобуската несреќа

На Меѓународниот аеродром во Скопје пристигнаа двата авиона со останките од трагично загинатите патници во автобуската несреќа во Бугарија. Полетувањето...

Забава7 часа

Алек Болдвин навестува крај на кариерата по фаталното пукање

Алек Болдвин откри дека неговата актерска кариера најверојатно е завршена по фаталниот инцидент во кој загина снимателката Халина Хачинс на...

Свет8 часа

По Шаленберг, оставка најави и министерот за финансии на Австрија

Австрискиот министер за финансии, Гернот Блимел, најави оставка. Неговата оставка следи откако лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП), Себастијан...

Свет8 часа

Стапија на сила санкциите на САД, ЕУ, Британија и Канада кон Белорусија

САД, Европската Унија, Велика Британија и Канада воведоа нови санкции за белоруски физички и правни лица. САД воведоа ограничувања за...

Свет19 часа

Омикрон има способност да избегне имунитет од претходна инфекција со коронавирус, предупредуваат научници

Омикрон има значителна способност да избегне имунитет од претходна инфекција со ковид, покажува првата вистинска студија во светот за ефектот...

Европа21 час

Британија со речиси 54 илјади нови случаи во еден ден, највисока бројка по Европското фудбалско првенство

Велика Британија забележа 53.945 нови случаи на коронавирус – највисока дневна бројка од средината на јули по Европското фудбалско првенство....

Регион21 час

Бугарските истражители: Познати причините за пожарот во автобусот во кој загинаа 45 луѓе

Познати се причините за пожарот во автобусот што се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер...

Свет23 часа

Maж облечен како нинџа со меч нападна две полицајки во Франција

Маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат...

Македонија1 ден

333 нови случаи на Ковид-19 и 16 починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на...

Европа1 ден

Курц се повлекува од политиката: Не сум ниту светец, ниту злосторник

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се повлекува од политичкиот живот, објавија австриските медиуми. Курц денеска излезе пред новинарите и најави...

Економија1 ден

Цената на кесите да се зголемува постепено, примената на законот да се одложи, бараат стопанските комори

Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана...

Македонија1 ден

Јовески: Oбвинителите и судиите да работат непристрасно и професионално

Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен....

Европа1 ден

Зголемени тензиите на Западен Балкан, предупредува Столтенберг

Тензиите на Западен Балкан се зголемени , вклучително и во БиХ и Косово, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг....

Македонија1 ден

Сарафов: Идентификувани се сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот Струма

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви...

Свет1 ден

Гутереш: Затворањето на африканските граници поради омикрон е неправедно

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, рече дека затворањето на границите поради новиот сој на коронавирус омикрон е многу неправедно,...

Македонија2 дена

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Досие