Забава
Светскиот шампион во француски скрабл е Новозеланѓанец што не знае француски

Човек што не знае да сврзе една реченица на фрнцуски јазик е победник во шампионатот во француски скрабл, што ја навредува гордоста на Галите.
Имено, Новозеланѓанецот Најџел Ричардс тврди дека го научил францускиот вокабулар, сите зборови и нивните конјугации за само девет недели.Организаторите од Француската федерација за скрабл останале запрепастени на финалето кое се одржало во Луван, Белгија, кога Ричардс го победил натпреварувачот од Габон, африканска земја каде се зборува француски.„Бевме многу изненадени“, вели портпаролот Антоан Русо. „Тешко е да се победи на овој натпревар и онака, а уште ако не го знаеш јазикот, туку си го научил целиот француски речник за девет недели, тоа е неверојатно“.„Го викаме Крис Фром на скраблот“, алудирајќи на британскиот велосипедист, кој беше обвинет дека ги зголемува своите перформанси но без допинг.„Во еден момент се посомневавме и дека има микрофон скриен во брадата“, се шегува Русо.„Да ги научиш зборовите кои не ги разбираш, да научиш секвенци од букви и нивниот аранжман… е речиси невозможно“, додава Русо.По победата добил гласен аплауз, а во кусиот говор, секако на англиски, Ричардс ги поздравил другите натпреварувачи и рекол дека француски учи од мај.На прашањето има ли тајна како да се научи брзо францускиот јазик, тој рекол: „Не, јас само ги запомнив зборовите“.Најџел им задава маки и на новинарите, затоа што и покрај тоа што е светски шампион во зборови, сепак тој одговара многу кусо, не е многу речит.Тој е инжинер, кој на 28 години почнал да игра скрабл, на што го наговорила неговата мајка, која постојано се лутела кога играле карти, затоа што Најџел ги памтел картите, па таа вели дека играта била еднострана./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Џиновска тетоважа на голиот грб: Скарлет Јохансон го украде шоуто

Скарлет Јохансон присуствуваше на 50-тиот Филмски фестивал во Торонто и повторно ги шармираше сите на црвениот тепих.
Прославената актерка Скарлет Јохансон, која многумина ја нарекуваат една од најубавите русокоси, повторно го покажа целиот гламур што го поседува на Филмскиот фестивал во Торонто.
Скарлет ги одбележа своите претходни неколку јавни појавувања со елегантни комбинации во нежни нијанси, а овој пат остана на истиот курс. Во Торонто, таа прошета во нежно розова тоалета со нагласен струк и малку подолг заден дел.
Со оглед на тоа што имаше гол грб, во центарот на вниманието беа и нејзините тетоважи, но и едноставна пунџа што не одзема многу време да се направи дури и ако не сте професионален фризер.
Скарлет го надополни својот моден аутфит со ефективни висечки обетки и совршена вечерна шминка со акцент на очите.
Магијата е во деталите, а оваа актерка покажа како можете да бидете во центарот на вниманието без никаква провокација. Деталите преку рамената го „зачинија“ целото издание, а Скарлет додаде насмевка на сè и уживаше во комплиментите.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најголемиот есенски тренд: овие панталони се елегантна замена за фармерките

Од богати широки силуети на фармерки во боја на чоколадо до карамел фармерки и кожа, кафеавите панталони станаа задолжителен дел од секој гардеробер.
Преминот од лето кон есен е секогаш емотивен момент – природата ја менува својата палета на бои, а модата го следи нејзиниот ритам. Оваа есен, доаѓањето на новата сезона е особено јасно одразено во едно парче: кафеави панталони.
Откако Pantone ја прогласи „Мока Мус“ како боја на 2025 година, стана јасно дека нијансите на кафеава ќе доминираат на модната сцена. Дизајнерските куќи како што се Miu Miu, Hermès и Issey Miyake дополнително го зајакнаа нејзиното присуство на пистите, а сега трендот го презема уличниот стил.
Најпосакувани се широките панталони во богата чоколадна нијанса, кои зрачат и со елеганција и со удобност. Сепак, љубителите на посуптилни тонови нема да бидат изоставени – варијациите од карамела, костен и капучино се подеднакво популарни, особено кога доаѓаат во материјали како кожа, памук и волна.
Кафеавите панталони лесно се трансформираат од дневен во вечерен изглед. Кафеавите фармерки се одличен избор за опуштени комбинации, додека кожните модели се совршени за смел стил.
Класици како карамел тренерки влегуваат во гардероберот на оние кои сакаат спортска удобност, но во тонови што го следат есенскиот шик.
Со еден збор – разноврсност. Кафеавите панталони станаа неутрална основа што подеднакво добро се вклопува со бела кошула, црна ролка или шарено палто. Токму затоа ја заслужуваат титулата клучно парче на есента.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најпровокативниот модел на светот е новата девојка на Карлос Алкараз

Карлос Алкараз, моментално најпопуларниот тенисер во светот, а воедно и победник на овогодинешниот Отворен турнир на САД, е во врска со Брукс Надер, популарна манекенка и поранешна учесничка во шоуто „Танц со ѕвездите“.
Model Brooks Nader is reportedly seeing tennis star Carlos Alcaraz, confirmed by her sister Grace Ann to E! News. ❤️ pic.twitter.com/ez29zjwmaL
— Sportskeeda Tennis (@SK__Tennis) September 11, 2025
Веста ја потврди сестрата на Брукс, Грејс, за „E! News“.
„Гласините се вистинити“, рече таа, додавајќи дека сè уште не го запознала Алкараз, но едвај чека.
Романсата доаѓа по турбулентната раскинување на Брукс со Глеб Савченко, кога открила дека нејзиниот партнер ја изневерил.
Брукс во интервјуа нагласила како ова искуство ја научило да ја цени искреноста и себеси во идните врски.
фото: принтскрин