Македонија
Цела недела пеколни температури
Продолжуваат жешкото време низ Македонија и според најавите на метеоролозите и идната недела и понеделник се најаавуваат температури од 40 степени.
Од утре до сабота во западните делови во земјава ќе има услови за краткотраен докжд и за ретки грмежи, но сепак ен се најавува пад на температурите, коишто ќе се двиѓат од 38 до 40 степени Целзиусови.Според биометеоролошката прогноза на УХМР, условтие за метеоропатите ќе бидат доста лоши. Во вечерите се очекува честа појава на главоболка, болки во колената, на грбот и вратни болки. Во ноќните часови се очекува честа појава на општа слабост и деконцентрација, а кај некои ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во раните утрински часови следниот ден болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од од артритични промени ќе бидат подолготрајни.Во Скопје и ноќите се тропски и температурите не се спуштаат под 25 степени Целзиусови.Целиот регион е зафатен со високи температуири, а Подгорица и Мостар се градови кои се најтопли во Европа со температури над 40 степени. /крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

