Македонија
Спасовски и Ременски дадоа свечена заклетва во преодната Влада

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска – Ременски од редовите на СДСМ, во четвротк, во Собранието дадоа свечена заклетваа како дел од преодната влада предводена од Емил Димитриев со мандат до изборите.
Спасовски и Ременски даваат заклетва по синоќешната одлука на Централниот одбор на СДСМ, нивните министри да учествуваат во Владата до распуштањето на парламентот, односно 24-ти февруари, со ултиматум дотогаш да се корегира датумот за изборите.Како што појаснија, во среда од СДСМ, ако нема промена во датумот за избори, партијата дополнително ќе одлучува за нивното понатамошно учество во Владата и во Собранието.Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во четвртокот го поздрави чинот на министрите и вели дека добро е што опозицијата покажала конструктивност.„Го поздравувам враќањето на опозицијата во Собранието и давањето свечена изјава на министрите. Мислам дека е добар гест да се вратат во институциите и да се исполнат обврските од Договорот од јуни- јули. Мислам дека има и други проблеми кои треба да се надминат, но добро е што СДСМ се врати во Собранието и покажа констуктивност“, рече Димовски.Сепак, за координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ е лицемерно. „Дали е ова лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ или не. Ниту СДСМ го напушти Парламентот, СДСМ не учествуваше во работата после едностраниот чин со неуставна одлука да го распуштите Парламент, со одложено дејство. Јас ниту во Уставот негде најдов, ниту во светот има пракса некаде да Парламентот се распушти, а после повторно да работи. Ве повикувам, еден пример во светот да ми кажете, со одлука за самораспуштање на Парламентот, тоа потоа повторно да работи. СДСМ е тука за целосно спроведување на Договорот од Пржино“, рече Сугарески.Според Димовски ако за СДСМ, Собранието во моментов не работи законски, тогаш министрите не требало да дадат изјава пред ваков законодавен дом.Собранието, во понеделникот, на седница во 17 часот, ја констатираше оставката на дотогашниот премиер Никола Груевски, се формираше преодна Влада, а по предлог на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се донесе одлука со одложено дејство – Парламентот да се самораспушти на 24 февруари односно 60 дена пред избори. На ова реагираше опозициската СДСМ која на почетокот на седницата го напушти Парламентот со најава дека СДСМ нема да учествува на избори без прочистен избирачки список и без навремена регулација на медиумите. Против одлуката беа и независните пратенички Солза Грчева и Роза Топузова – Каревска, претседателот на Демократскиот Сојуз – Павле Трајанов и Лилјана Поповска од ДОМ.Сепак, во отсуство на опозицијата парламентарното мнозинство ја изгласа преодната Влада на премиерот Емил Димитриев, а сите министри дадоа свечена заклетва, освен Спасовски, Ременски, и министерот за надворешни работи – Никола Поповски, кои тоа го сторија на денешната седница.СДСМ останува на ставот пред распуштање на Парламентот да се корегира датумот за избори, а дотогаш СДСМ да учествува во работата на Владата и Собранието.
Освен СДСМ, бојкот на изборите доколку тие се одржат во април најавија и помалите партии како Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Партијата за европска интеграција (ПЕИ), Левица, Движењето за реформи во ДПА и други./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Марш на ангелите во Кочани: Ако нема правда за ангелите, за нивните родители и семејства, нема да има за никој

Правда мора да има, ако не ќе поставиме шатори пред судот и полицијата и нема да дозволиме никој да влегува. Ако нема правда за ангелите, за нивните родители и семејства, нема да има за никој. Ова го порача поддржувач на родителите чии деца загинаа на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Тој од својата инвалидска количка го предводеше осумнаесетиот марш на ангелите. Зборувајќи пред Основниот суд во Кочани, ја обвини полицијата дека дваесет минути на влезот во градот, кај ресторанот „Национал“, држела луѓе од други општини затоа што доаѓале да ги подржат кочанчани.
– Без никакво образложение легитимирале, претресувале. И порачувам на цела Влада – помеѓу тие луѓе нема ниту еден терорист, ниту еден нарко дилер, ниту еден криминалец. Тоа се луѓе со душа и срце. Зошто се прави таков притисок, се обидувате ли нешто да скриете. Истрагата „терајте“ ја како што треба. Родителите на починатите веќе немат солзи во очите, изјави поддржувачот на родителите.
Осумнаесетиот марш на ангелите вечерва се одвиваше по истата маршрута како и претходно: Парк на Револуцијата, кафуле „Класик“, Општина, УЈП, полиција, суд, со тоа што вечерва немаше свирежи пред споменатите институции.
Родителите беа доста тивки. Сестра на починато момче во пожарот во „Пулс“ само потсети дека денеска, 16 август, навршија пет месеци откако на 16 март 62 лица ги загубија своите животи.
Македонија
Пожарот што зафати дел над селото Лојане, Општина Липково, во голем дел е локализиран и изгаснат

Пожарот што зафати дел над селото Лојане, Општина Липково, во голем дел е локализиран и изгаснат. Селото е целосно заштитено, а интензитетот на горењето во појасот на боровата шума значително е намален, информира вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али.
Со отворањето на патот за пристап, како што наведува, се овозможи пешадиско дејствување на екипите на „Национални шуми“, што значително придонесе кон ограничување на ширењето на огнот.
– Во акцијата беа ангажирани хеликоптер Бел-412 на МВР, две екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово со соодветни противпожарни возила, како и екипи на „Национални шуми“ – Подружница Куманово со специјализирани возила за шумски пожари. Активно учество зема и месното население, чија помош беше од големо значење. Како директор на Центарот за управување со кризи, лично ги координирав активностите на терен, осигурувајќи соработка меѓу институциите и брза реакција за заштита на животите и имотот на граѓаните. Благодарност до сите учесници за професионалниот ангажман и посветеност, нагласи Али.
ЦУК соопшти дека вечерва до 18:00 часот на територијата на цела држава има вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, а 15 се изгаснати. Освен пожарот во селата Лојане и Табановце, активни пожари има и во повеќенаменското подрачје „Јасен“, во општина Јегуновце, меѓу селата Рогачево, Јажинце, Долно Орешје, каде се зафатени пасишта и мешана шума и во кумановското село Черкези.
Македонија
На Табановце се чека 40 минути

Зголемена е фреквенцијата на возила во земјава. На граничниот премин „Табановце времето на чекање за излез е околу 40 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.