Македонија
Заев во Ватикан: Еднаквост и единство е и нашиот пат и доаѓа тоа време
„Драго ни е што нашата сограѓанка, граѓанин на Македонија, веќе е светица. Мајка Тереза – симбол на милосрдието, хуманоста, солидарноста претставува пример како треба да им се помага на луѓето без разлика на нивните различности, без разлика на какви било поделби, етнички и религиски, национални или слично“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев во неделата за време на централната церемонија за канонизација на Мајка Тереза во Ватикан, организирана од Римокатоличката црква.
„Помагањето нѐ прави пред Бога почесни, подобри, а секако и на сите нас во душата ни е потопло. Верувам дека овој симбол на хуманоста, на солидарноста, на милосрдието којшто е предзнак на светицата Мајка Тереза, ќе `не следи сите нас, исправени пред многу важни моменти во Македонија“, порача Заев.
„Испраќаме порака на обединување, на меѓусебно помагање, помагање на сите заедно без разлика кој на која вера припаѓа, на која етничка припадност или без разлика дали е сиромашен, богат. Прекрасен ден за Македонија, верувам дека духот и делото на мајка Тереза ќе го следиме сите“, додаде лидерот на СДСМ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.