Контакт

Забава

Откриено е езерце во подземниот лавиринт „Равне“ во Босна

Објавено пред

Интензивната работа во подземните лавиринти на локалитетот „Равне“ кој се наоѓа под Босанската долина на пирамидите кај Високо довеле до нови, известуваат од фондацијата Босанската пирамида на Сонцето

dobivaj vesti na viber

Учесниците на Меѓународната акција на волонтери дело „МРАВ Босански пирамида 2010″, под раководство на стручниот тим на Фондацијата Археолошкиот парк „Босанска пирамида на Сонцето”, го откриле првото подземно езеро. Тоа се наоѓа на 250 метри од влезот во тунелот во насока на Босанската пирамида на Сонцето.Водната површина изнесува десет квадратни метри и има особено убава темно сина боја. Досегашните истражувања покажале дека зад езерцето се има продолжување на тунелот.Во изминатите два месеци волонтерите на Фондацијата и членови на нејзиниот постојан тим раскрчиле околу педесетина метри од постоечките праисториски тунели и успеале да ја пронајдат првата подземна галерија од 50 квадратни метри и четири метри во височина, која води во вкупно осум странични странични премини. Колку што подлабоко се навлегува во лавиринтот, тој станува се посложен со повеќе изненадувања, велат од Фондацијата Босанска пирамида на Сонцето.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) Поранешна манекенка сè уште без конкуренција: демонстрираше моќ на црвениот тепих

Објавено пред

Познатата манекенка Ева Херцигова прошета по црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал и во таа прилика повторно ги потсети сите на златното доба кога беше неоспорен владетел на модната писта.

dobivaj vesti na viber

Таа нè воодушеви и на Неделата на модата во Милано кога целиот свет имаше чест повторно да ја види познатата убавица на модната писта. Овој пат, таа ја демонстрираше својата моќ на црвениот тепих.

За појавување на толку гламурозен настан како што е Венецискиот филмски фестивал, Ева избра уникатен фустан и ги покажа своите модни вештини.

Кога сакате да бидете класични, елегантни и дефинитивно забележани, ќе изберете црн фустан, исто како Ева.

Таа позираше во долга црна креација со везени цветни мотиви на градите, но на таков начин што сè заедно изгледа совршено измешано и воопшто не кичесто.

Накитот „ја заврши својата работа“ и во овој случај, Ева имаше ефектни обетки и прстени, а посебен акцент стави на косата.

Таа го прошета познатиот ефект на мокра коса и покажа дека дефинитивно сè уште нема конкуренција.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Нивниот внатрешен глас ги води без грешка: овие хороскопски знаци ја слушаат само својата интуиција

Објавено пред

Тие имаат посебна моќ, внатрешен глас кој непогрешливо ги води без разлика на сè.

dobivaj vesti na viber

Интуицијата е способност да ја почувствуваме вистината дури и кога ги немаме сите факти. Некои хороскопски знаци имаат особено развиен внатрешен глас кој им помага да донесуваат одлуки кои подоцна се покажуваат како точни.

Риби
Рибите имаат силна врска со нивниот внатрешен свет и емоции. Нивната интуиција честопати им зборува повеќе од логиката, и ретко грешат кога ја слушаат.

Рак
Раковите ги чувствуваат емоциите на другите луѓе и лесно препознаваат кога нешто не е во ред. Нивната интуиција произлегува од нивната чувствителност и грижа за другите.

Шкорпија
Шкорпиите инстинктивно препознаваат скриени мотиви и лаги. Нивната способност да читаат меѓу редовите ги прави меѓу најинтуитивните знаци.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Втората ќерка на познатата манекенка конечно го покажа своето лице

Објавено пред

Иако ретко ја гледаме во јавност, најмладата ќерка на поранешниот топ модел Хајди Клум одлучи да го покаже своето лице, само поради љубовта на нејзината мајка.

dobivaj vesti na viber

Хајди Клум и нејзината постара ќерка Лени Клум одамна ја стекнаа титулата „најбараното дуо“ во светот на манекенството. Тие често се појавуваат заедно на големи настани, а неодамна ја заинтригираа јавноста на Филмскиот фестивал во Венеција.

Но, се чини дека Хајди сега одлучи да ја покаже својата друга ќерка – онаа која ретко се појавува во јавноста. Станува збор за 16-годишната Лу Самуел, која ја доби во бракот со пејачот Сил.

Според извештаите на странските медиуми, мајката и ќерката се упатиле кон луксузен ресторан во Малибу, каде што Том Каулиц, сегашниот сопруг на Хајди Клум, организирал роденденска забава.

Додека Лу се одлучи за минималистичка комбинација – здолниште и „оверсајз“ блуза, поранешната манекенка избра драматична комбинација.

Хајди носеше црно боди кое ги истакна нејзините гради. На комбинацијата е додадена мрежеста ткаенина која му даде на стилот доза на сексапил.

Изгледот го надополни со брановидна фризура и едвај забележлива количина шминка.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

Нетанјаху ја одби посетата на Макрон на Израел по објавата дека ќе ја признаат Палестина

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли барањето на францускиот претседател Емануел Макрон да го посети Израел пред очекуваното признавање на...

Свет1 час

Ким по средбата со Путин: Целосно ја поддржуваме Русија, тоа е наша братска должност

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја ќе продолжи „целосно да ја поддржува“ Русија и нејзината војска како...

Европа2 часа

Захарова: Странска војска во Украина е неприфатлива, нема да разговараме за тоа

Русија не планира да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат и го смета за...

Европа2 часа

(Видео) Португалија во шок по несреќата со жичницата, 15 мртви: „Се движеше со полна брзина“

Португалија е во шок откако 15 лица загинаа кога жичницата „Глорија“, стара 140 години, една од главните туристички атракции во...

Македонија2 часа

(Видео) Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на сигурна победа на локалните избори и работи за добро на граѓаните

Вчера вечер ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се дискутираше за состојбата во државата и растот на економијата...

Свет14 часа

Путин: Ако Зеленски е подготвен за состанок нека дојде во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека не ја исклучува можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и предложи...

Свет15 часа

Калас: Во Пекинг се собра автократски сојуз кој го доведува во прашање меѓународниот поредок

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, денес изјави дека претседателите на Кина, Шји Џјингпинг, Русија, Владимир...

Македонија16 часа

Сиљановска наместо да ги брани државните интереси, повторно е мегафон на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова уште еднаш покажа дека не е претседател на сите граѓани, туку гласноговорник на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините дневнополитички...

Топ16 часа

Прилепчанец фатен со 35 килограми марихуана: пред 20 дена излегол од затвор за трговија со трога

На регионалниот пат Битола- Прилеп денеска полициски службеници, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога,...

Македонија18 часа

Претседателката со остри критики: По толку бели линии апсурдно е да се зборува за црвени линии, ние и референдумски резултат не почитувавме

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вели дека не го разбира предлогот на СДСМ за изготвување резолуција со црвени линии. Таа...

Свет19 часа

Мерц: Путин е најголемиот воен злосторник на денешницата

Кремљ денеска соопшти дека ставовите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за мировните преговори за Украина треба да се игнорираат откога...

Македонија20 часа

(Видео) Петрушевски: Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за прислушувањето на Мицкоски, на новинари и на бизнисмени

СДС го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели,...

Македонија20 часа

(Видео) Кузеска: Итна декласификација за случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера...

Македонија22 часа

Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола, ЦУК извести дека нема активни пожари

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор,...

Македонија22 часа

Георгиев до ЕУ: Не е можно да се промени договорениот европски консензус, очекуваме РСМ да ги исполни своите обврски

Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да...

Топ23 часа

Германец фатен со дрога на Табановце: во неговото возило пронајдени пакувања со марихуана

Вчера вечер во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот...

Македонија23 часа

„Дали службите за безбедност и разузнавање под водство на кадри на СДС го следеле и прислушувале Мицкоски со знаење на обвинителот Коцевски“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Злоупотребата на институциите во партиски и политички цели веќе е видено сценарио од СДС, поинаку тие и не знаат. Разликата...

Македонија23 часа

Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документите од случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување, наведува...

Свет1 ден

Трамп му пиша на Шји: Големи поздрави до Путин и Ким, со кои се заговоривте против нас

Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада, каде што Кина презентира ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака...

Европа1 ден

Лавров: Шефовите на делегациите беа во контакт, очекувам преговорите со Украина да продолжат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и Украина да продолжат, но...